И мене исто ми викаа за какањето, нерви искинав, бебе јадеше и истовремено какаше, влез излез беше, па до 6 месеци нормално било. Па тие зелени лигави какушки со крв, и тие биле нормални. Се дури не кака баш крв се друго било нормално. Се што беше нормално во нашиот случај испадна дека е од алергијата, и затоа сега не оставам никој да ме матка и да ми поставува дијагнози на невидено или за некој симптом да ми вика дека е нормален. Одма сечам и викам дека сакам испитување, малце и се карам ама поинаку не може. Алергиите во најголем случај се надраснуваат, ама не може така да го оставиш дете на жими мајка. Што ти викаат, да тестираш на секое со провокација дали ќе има реакција? Ти викам јави се, претерај, кажи дадов млечно имаше реакција, и инсистирај на тестирање. Каков општ тест, тоа е трошење ресурси. Стриктно за млеко, скупе су паре. Мада на следен преглед ќе инсистирам на цел панел, ќе почнува во градинка и ми треба и за таму потврда точно на што е алергичен.
Да, баш така, па пробајте. Ама имаш право и ќе претерам малку. И тоа утре уште. А може да ми кажат, па ете пробавте и сега знаете, чекајте таму до после 6 месеци и пробај пак. Немам ни глутен, ни јајце, цитрусни секако не, јатки па ич. Кога гледам како си му спремила на твоето, за мене мисловна именка е. Уште сме со каши . А и она нема некој интерес на парчиња, освен банана да загриза. Ама ај се тешам, сите кој порано кој подоцна научиле сами да јадат. Се клатеше ептен у бебешкото, пак вратив за новороденче, а мал и е веќе. Ама мрднавме од мртва точка, научи газ да поткрева.
Ќе научи за јадењето, само треба време и трпение, како и за се останато впрочем, за тоа не се секирај. Гледај среди со алергиите, ако има нешто да ти дадат насоки како да продолжите. Јавувај се и биди упорна, само така ќе добиеш термин
Моево на меше кога лежи мава, лази лази ќе застане и мава или си игра со некоја играчка и мава. А браво и чао ги учите ли некако да прават или? Јас се немам нешто потрудено околу тоа, се сам го оставам. Некни една вечер имаше обиди да плеска со рачињата. Стоеше во креветче држејќи се на ограда, па ќе се пушти и пробува да плесне, ама паѓа назад и се гази од смеење. Гледам дека тоа е milestone што сега треба да го совлада, вчера му заврши 7ми скок, па си викам ќе почне кај и да е. Што друго прават вашите бебиња на 10++ месеци?
Дали сте користеле некоја од овие креми, која е подобра, како сте задоволни за бебиња до 1 година? Или сепак Гамарде?
Еве на Гугл пишува дека тоа се случува од 8-12 месеци обично. Ние сме 8++, пред некој ден почна со шлапкање. Од вчера почна на песничките што ептен ги сака да шлапка на почетокот, кратко трае. Не ја учев, мислам дека на самите им доаѓа тоа. Да, сум правела Браво несвесно ама не за да ја учам, исто и за Чао. Ама пишав дека не сум сигурна дека мавта мавта или така го мрда рачето.
Бела моево се научи браво со тапшин тапшин, по слики сега баш гледав оти имав едно видео и тоа немаше ни 7м кога почна да прави така, од тогаш сфати и дека браво се прави за нешто пофално и штом му речам браво Стефан и он шлака раце одма. Чао почна пред месец дена да прави, а сега прави и здраво, искрено чао и здраво мислам дека мајка ми го научи јас не се замарав, ама она на секое идење ајде сине чао, ајде баба здраво и научи дете Инаку сфатив што е една од маките за јадењето, не сака да седи во место и да јаде, сака да оди и јас по него да го хранам. Не сакам вака да го хранам, што убаво си седеше во столче, фаза е некоја или? И не сака парчиња, сака лапни голтни, а каши уште од почеток не јадеше често, пасирано беше се, стварно не знам што да кажам. Моево бебе пак се врати на мама, беше заборавил ама деновиве со намера ме гледа и вика мама, е се топам. Исто и та прави, се крие зад креветче и си вика а та Брм брм му е главна опсесија деновиве, на се што се мрда вика брм брм, ама дека не знае “р” така слатко звучи со тоа бм бм Се ближи време да се враќаме во Лондон, многу ми е тешко што ќе го разделам од бабите и дедовците и децата што му се “другарчиња” тука, таму сам ќе е, со нас само, немаме другари со деца. А и со мајка ми е многу радосен, ќе има плачки
Ееее на меше кога е многу одамна мава и со едно и со двете ноџиња. Се радува така, постојано тропка кога нешто ѝ е интересно, кога си игра со нешто во раце и сл. Браво не сум ја учела, не знам ни дали некогаш сум ѝ направила јас со раце, но можно е поголемиов да ѝ направил со рацете и го изимитирала како и за други работи. Сега ако ѝ ги земам рацете и да направиме браво, ги испружува прстињата и се смее, се радува со бравото.
Јас ја учам. Кога ќе направи нешто добро правам браво и плескам со рацете. Кога си оди некој заедно го испраќаме и правам чао за да научи и она. Или кога јас излегувам ме испраќаат и правам чао. Сметам дека децата учат по пример, по тоа што го гледаат, го имитираат па затоа и се трудам околу ова. Правилен развој на дете е имитирање на оваа возраст, а понатака покажување со прст кон нештото, пред зборување. Чао уште не прави, а браво деновиве и е хит, ќе стане во сред ноќ и плеска со рацете, а мене ми се спие ми се плаче.
Мојата нема ни да научи изгледа. Мајка и ни здраво, ни чао кажува. Цената на живеење далеку од сите и немање некој социјален живот.
Не е така. Верувај гледаат и приметуваат многу и кога ние немаме намера нешто да ги научиме. Сунѓери се и многу повеќе знаат од што мислиме. Don't worry
Ние чао правиме на се со ред дома. Кога го преслекувам во вц, откако ќе завршиме правиме чао на сите предмети што ги знае низ вц. Ајде чао на чешмата, ајде чао на кадата итн. Па во дневна знае каде се цвеќињата, и нив им мафтаме чао. Така си одиме низ стан и си мафтаме.
Не ми текнало на ова. Јас иначе многу сум досадна, само и правам чао, браво, мјаукам и лаам низ дома.
Па вака искрено научи и многу предмети да распознава, сеа ем учи нови предмети ем вежба чао Мада сеа почна и со прсте да покажува кон цвеќињата и кон хранилката, ако го прашам каде се цвеќињата ми покажува кон нив, ако кажам ајде да кажеме чао на цвеќињата тогаш мафта со рачето. Пред тоа на секое прашање мафташе
Леле бе . Гледаш мене нема шанса вакво нешто да ми текне. Сега а кажам чао, она мисли надвор ќе одиме. Оти тоа е чао чао. И ги измешав поимите. За чао сега чус треба да ја учам . Инаку денес од прегледот, кортикокрема по шема. Која алергија, каква алергија. Студијата покажувала дека 90% од родителите мислеле дека е од алергија, ама само 5% било. Оттука знаеш кога ќе дозволат алерготест . Генетско било, од око кажа. Ништо давам јогуртот утре. Маж ми запнал уште денес. Денес грашок дадов. Да давам и јогурт или да чекам утре. Може да се нафрла локално знам. А може и да ми поврати. Друго што може? Немам никаков препарат за алергија дома.
Мојава уште не покажува. Сега почна да ми дава предмети. Ќе тргне со раката да даде ама уште држи, не пушта. Од денес почнувам да правам презентација на предмети низ дома
За толку сериозна алергиска реакција недај боже ти треба epi pen, сирупите за алергија не покриваат тешки реакции. Ама нема ни да дојде до тоа не се секирај. Ти викам бе не и ни давај јогурт, речи дадов и почна пролив и повраќање, од кај ќе знаат. Или ако даваш дај ептен малце. Ама денес е касно мислам веќе, утре посабајечки пробај. Да, и ние сме држ не дај со играчки, освен кога се заебава со јадењето па демек тој ме рани мене, па цело негово јадење ми го става во уста. Ние пошо сме така помрзливи со моториката со ова се занимаваме повеќе.
Абе сега мене ме интересира. Е заради тоа. Утре од сабајле ќе дадам малку. Ќе те известам. Немам бе сила да се расправам со доктори веќе. Немам.
Исто Додуша ова ни е дел од ноќна рутина пред спиење и знае дека оди во спална до сабајле. Викам прво чао на играчките, на ова, на она и на крај чао на бебото прави на огледало. Браво исто научи нешто пред 8 месеци од нас што не гледа. Сега најново и е покажување со прст и цела се клешти од смеење кога ќе и го грицнам