Мами вчера прими бсж, (при прегледот е константирано здраво дете нели како и пред секое боцкање) но денес ми качи тт 38,1 , и малце носево е растечено... рекоа од вакцината не би качил но како да знам да не е од заби? Става раце почесто деновиве белузлаво е ама уште до вчера немаше ништо??
Ооо мама, па тоа е Марфи. Болестите идат за викенди, особено за продолжени и празници. Само нека минува брзо и лесно.
Порано мислев дека само мене ми е другарче марфи ама сега со бебе сфатив дека изгледа сите не дружи... Цела ноќ не качи повеќе од 37.5 утрово е со 37 па ќе видиме што ќе излезе
Ги учите ли некако безбедно да се симнат од софа/кревет? Ако ја оставам нејзиниот прв инстинкт е со глава надолу да оди. Почнав да и покажувам од софа како да се ротира и на стомаче да оди со нозе надолу. Гледам дека почна по малку да ме сфаќа ама уште не сум сигурна кога ќе и кликне скроз. Од спална уште повеќе се плашам дека е дупло повисока и само замислувам како би скршила глава ако падне од таму Си викам немаат ли децава некој осет и страв за висина или треба прво да паднат па да се исплашат. Џабе се мачам сега на 10++ или има фајде што и покажувам?
Моево со лазење одеше до работ и веднаш јас ја фаќав без да знам дали знае или не знае да се симнува. Тек на 13 месеци увидов дека знае, а ни сум и покажала нешто многу, ни ништо. Некако дека повисока сега и стабилна во стоење, јас олабавив малку.
Моево знае како да се симне, а нр знае да стои го чекам на раце секогаш, научи од братучетка му. Што дека вчера од спална ми падна директ на глава. Преплакавме двајцата дома. Јас ноќеска сто пати сонував како ми паѓа, него еве го пу пу нишо не му е.
На 9 месеци почнав да го учам како да се симнува на нозе. Точно на 10 месеци научи скроз профи без да го мислам. Покажувај и цело време, не е за џабе, ќе и кликне. Кога ќе тргне со глава да се симне, задржи ја, кажи и дека ќе си ја удри главата и изротирај ја како што имаш пишано, за да се дочека на нозе. Кога ќе се симне безбедно кажи и браво. Мојов кога убаво научи, си правеше браво сам на себе .
Супер. Неколку денови баш вака правам и чекам резултат. Ама пошто сум нестрплива викам да ги прашам другарките на фемина Фала ви на сите и што помалку да ни паѓаат беблациве они ќе пораснат, ама ние стресот ќе си го окркаме
Ако имате скали почни на скали да учиш, моето се научи да се качува и симнува по скали и сега гледам и од софата некни се спушти така, безбедно прво со една нога. Него има моево една како лиша подолго време под устата, мислев од што лигави е и ќе помине, ама ете веќе месец и повеќе ќе намали па пак ќе се зголеми, никако скроз да ја снема, од што може да е? Алергија, ладно, бактерија? Имате искуство? Кко црвенко со мали ситни брунчиња, рапаво, само таму има.
@Lavender13 Ај ум сега. Дадов две лажички јогурт, немаше никава реакција. Ни контакно на кожа, ни околу уста ни на дигестивен тракт. Доволна ли е количината за да покаже? Утре мислам да дадам 4 лажички и пак да следам, дали ќе се промени интензитетот на егземите во следните ден-два.
Епа супер чим нема бе. Нас првата реакција ни беше од ептен мала количина, така да ваљда е доволно. Зголемувај полека секој ден и не давај нови намирници додека не си сигурна. Со лес и пиши баш што ќе бидне.
Синко мој за ништо живо не сака млечни производи, пробано грчки, кисело млеко, павлака. Не плука, се мршти само и уста не отвара потоа. И решив еден период да не давам па пак да пробам. И така нешто во последно со молење јаде и лажење. Дали има шанси од забите што го мачат да не сака да јаде? Успевам пак скоро цела каша да му ја дадам ама со лажење. А како си јадеше со сласт предходно, и не сум паметна поради што е оваа промена.
Забите се најверојатно. Една-две недели пред да избие, не јадеше ништо. Изби почна да јаде. Дали ги оставате на паркет да си играат/ вежбаат/лазат? Јас почнав да ја оставам. Додуша не ни имам теписи. Се јавува кога мисли дека е во опасност и не ја спушта главата да тресне. Вајда се има лупнато, па научила. Подлогата е како ќебе, не е таква гумена/пена и наместо да лази кон играчките, она го тегли ќебето. А се продаваше под името ќебе за лазење, од сегашна гледна точка подобро се тие со пена подлогите. Друго дали е можно да ми дава знаци дека е спремна за вечера. На пример попладневното шише не го пие баш, ако и понудиш закуска јаде и бара уште? Влегува полека во шестиот скок.
Води се по барањето на детето, ако сака давај и нека јаде.. На под само на подлога засега го оставам. Оти уште не лази. Како помина со јогуртот те читам сиве дена се намачивте со алергии. Колку сум среќна со ова дете дека нема маки со егземи, со првото се намачив, кортико креми цело време, па се испробав и еве уште му се прават на нозе, газе... Истата сум со двете ама тоа си е вродено и со годините се намалува и поминува. Само што немаше алергии на храна туку атопичен дерматит, еднино на кикиритка беше алергичен до кај годината потоа не. Кашла со шлајмче денес батково, поткалуваше деновиве, петокот бевме на доктор нема ништо рече, сега денес ќе појдиме до итна да го слушнат мн ми е страв да не спушти надолу Др, бебе има 2 оброци, си јади машала, тоа што сака јади, некои работи како палента во секоја комбинација ја одбива и баш ми е криво оти лесен оброк е, ама ај можи ќе ја засака Др, лази, се влечи уште наназад, почна да се крева на цели раце и стои така, нема шанса да го седиш на 45ст се исправа на количка, на хранилка и си седи право. Фаќа се околу него и дирек в уста носи, буквално се, чорап, крпа, играчки.... Дури чудно ми е оти првото ништо не ставаше дали е до олку нормално се да сака да фати? За рачиња ако го фатам се исправа право на нозе и стои некоја секунда и е пресреќен Сега почна за се крева со газот нагоре ко ќе го кревам. И разбира ако му зборувам нешто како карање да речам, па се лути и плачи, по тонот на гласот ме сеќава изгледа. Не памтам др работи од првото, само заедничко му е лекувањето на чорапи, триење на ножиња, големиот нон стоп е бос, не трпи чорапи, само слекува.