Леле сваќе и вие се изнамачивте аман. Ајде поскоро да помине и после операцијата се надевам за брзо термин. @lackygirl Става се во уста. Нормално е. Чорапи, крпи, креми се освен глодалки и храна. Дадовме денес пак јогурт, нема уште ништо. Не поврати. Нема на уста ништо. Не знам што ќе беше. Зар цело време остана лажно дека е на кравји протеин или надраснува. Кој ќе каже. Среќна, море пресреќна ќе сум ако не реагира на кравјото. Ама за егземите поима немам што ги предизвикува. Сега ќе пробам без моркови/портокалови, а со јаболки и овес правам пауза. Откако правам има нови, значи не ќе да е. Банана не знам дали може да е алерген? Заглавивме на малку намирници и тоа е што е. Се појави уште пред месото, така да месо исклучувам. А може не е ни до храна. Кој ќе каже, мала била за тестирање. Среќна сум барем на дерматолог што не пратија и термин што доби одма. Доктор вика најверојатно е генетски. Ама како бе нон стоп ли да сум со кортико крема сега. Две три недели ми рече да мачкам по шема додека не исчезнат. Прво двапати. Па еднаш на ден. Па преку ден. Па преку два и така. Хидрокортизон 0,1 вика ова на хомеопатија ти е рамно, не е страшно. Ама мене ми фуфка бе. Биодерма не спречува. Он едни препорача, ама јас заборавив кои се. Ќе им пишам на сестрите да прашаат да ми кажат кои беа. И он рече пробувајте ќе најдете која одговара.. Кажи кортико мачкаш само на тие што се акутни нели. Како што беа кај моето црвени. А на другите што се помали егземи не? Така ? Оти некако не можам бе нон стоп на секоја нова што ќе излезе да ставам.
Со првите две запчиња немав таква мака. Ова ме загрижува што не отвара уста. Денес малку му направив и пак не ја изеде, пола од кашата и почна мам ам, да бара цице. Инаку го оставам на подлога ама секој пат бега на паркет, таму му е поинтересно. Како што му е поинтересно да си игра со пластично шише на толку играчки Ние уште малку 7 ми скок. Ајде да видиме што ќе ни донесе.
Да да на тие, мојов се чеша дека голем и крв си пушта, сам си кажува ме чеша овде и ако е акутно бетаметазон ставам. Кај нас брат ми и мајка ми се алергични, брат ми од бебе, на овес покажа алергија голем на 20+ години. Сега е 31г и на јатки е алергичен... Биодермата е за на долг период, видов подобро со неа затоа уште ја користам со него 5 год. Ама ако е акутно тогаш кортико. Банана не верувам ама што знајш, пробај се. Тешко е многу. Еве го првото, вакви имаше секаде, на меше, газе, нозе, раце и тоа екслузивно доење, пазев и на исхрана и џабе.
Мамасити, синко почна да се тепа по главчето, незнам што му е. Ова ново ни е. Се има случено кај вас такво нешто, да имат некој таков период. Треба да се загрижувам?
Секаде е освен на подлога. Шета каде што сака, подвижна е, не седи на едно место. И ние немаме теписи, уште тие ми фалат да ги мислам. Вака усисување, џогирање, пребришување и тоа е. Слободно оставај ја. И да се удри, ќе знае следниот пат, ќе си се пази. Мислам дека ти прашуваше за слегување од гарнитура. Поголемиот почнав да го учам кога сам почна да се качува на гарнитура. Исто и со помалава ќе направам, очекувам да се качува откако прво ќе прооди. Секако не седи на гарнитура, на земја е цел ден, а на гарнитура може да е кратко со татко ѝ кога се гушкаат, но тој седи и препрека ѝ е. Муабетот ми е, сама не седи горе, а и не можам да ја учам да се дочека на нозе кога не стои. Период е, ќе му помине. Инаку, од заби може да не сака да јаде, нормално е да нема апетит ако го мачи запче. Цицање сепак му е утеха, гушкање.
Не сум јас Оли. Ама ќе си прочита членката. Нема кај нас на гарнитура и пред тв. Не ни седиме таму додека е она будна. Ја оставам да се исправа на перницина подот. На комода гледам сака да чачка. Па ќе се одвлече натака. Доктор ми рече кога ќе седне и пролази, да и оставам една фиока долна од кујната да може да фаќа внатре да си игра, а се друго да затвориме.
Не ми текнува кој прашуваше, можеби @Giovanna беше И мојата се исправа на перници. Имам една огромна долга и висока, ја ставам на едно место каде што не сакам да оди додека вози поголемиот со точак по дома и таа веќе испраксира прекачување преку неа, па не успева веќе и таа како препрека. Се прекачува и ја преминува. Инаку, интересно им е да играат со фиока, да си става и вади работи со кои ќе си игра. Јас во дневна му оставав фиока кај комодата, разни кабли и кутии, негови играчки, чинивчиња, топчиња и си ставаше и вадеше од неа.
Јас бев, да. Инаку ќерка ми од 8 месеци почна сама да се исправа на мебел, а многу набрзо и да се движи сама по него. Веќе е многу стабилна иако не е проодена и кружи по гарнитура, комода, креветче. Иако 95% од будното време е на под, се случува да ја земам на гарнитура или кревет и секунда фали за беља. Почнав да ја учам, гледам дека ме сфаќа па ќе пробам да ја научам да се симне со нозе наместо со глава како што и доаѓа природно. Имам и транспортно креветче во дневна со дупка од страната како вратичка. Почна сама да влегува таму, па и за таму ќе и се најде вештината. Ќе ви кажам дали е успешно
Како изгледаат егземите? Моето одамна нафрли под уста, пишав баш пред некој ден, само се намалува/зголемува, а не поминува, црвено и рапаво е, мене ми личи на егзема. Јас и мм неаме ама свекрвата е со псоријаза цел живот, не знам дали е алергија на нешто, ама не приметив после што излезе, мислев од ладно, ама веќе одамна не е така ладно. Само таму има и никаде на друго место, стварно не знам што е.
Секако дека ќе е успешно, тие мали главчиња се многу паметни Друго е кога стои на нозе, секако. За егзема поголемото имаше на рацете, од лакти нагоре и кај рамото, а и на обравчиња. Кога направи една година, некако исчезнаа и не му се појавија пак. Мачкав со Стелатопиа, не му помогна, па на Биодерма се префрлив за таа намена. Девојчево немаше до скоро, сега гледам на бутчето мало кругче има. Мачкам со Веледа од бел слез што е за атопична кожа, но верувам дека и кај неа после некое време ќе исчезне. Ама па двајцава се бели, нежна кожа имаат многу. Од цитрусни мислам дека и кај двајцава им се влошуваше.
Моето многу се гребе и скубе. Ама така лошо што крвишта има. Кога е изморена или и е топло при спиење. Страшно. Турпијам нокти три пати неделно.. и пак лом се прави. Не знам на оти вака се самоповредува.
Моето овие два дена ги спојува двете раци и ги носи накај уста така повторувачки става трга става трга 2-3 пати и потоа ништо. Што му е па сега тоа?
Моето така прави понекогаш, уште на 2-3 месеци го правеше тоа некое време, после престана, сега на 7месеци ептен ретко некад ќе ѝ дојде да го направи. Ништо посебно не ми изгледа дека е.
Ги става и синко ама знае и да се мава. Не правеше така, тоа е ново. Не прави често ама ... Да се надевам дека е период
Мајки совет. Почнавме во градинка бебе е 8 ипол месеци, исклучиво на доење сме. Никогаш не фати цуцла, шише ништо. И земав на twistshake со клунче не знае да пие вода, и земав нук некапечката чаша 8+ што е ни тоа не функционира. Дома пие многу малку вода од чаша или со лажица ако и давам. Е сега проблемот е во градинка, денес ми викаат барајте чаре да научи од нешто овие две три недели не давале од чаша они. Совет што да пробам да купам?
Како го научи со цевка? Го купив тоа на Авент, џабе. Само му ги гризе рачките и цевката, а да повлече јок. Не е дека не знае да влече, смути пример пие на екс од смукалче. Нејќе вода па ако сакаш убиј се. Одма после обилен оброк он бара да цица од што е жеден. Ќе смукне два пати вода од шише со цуцла и после плука. Не знам стварно како да го научам да засака вода.
Моето пие од чаша со пластично клунче (од икеа) ама јас ако му ја држам. Btw среќно во градинка,сподели како помина адаптацијата