Кај мене на твисшејк шишето само го фати 4+ цуцла,и кај мене не сакаше од ниедно друго и тоа ден пред градинка и јас ја пратив на 8 и пол месеци.
Од прва почна да пие со цевка. Само што му го дадов шишето почна да пие, што не беше случај со друг тип на шишиња. Земав едно од Зегин на Canpool околу 200 ден беше, за проба го земав да не лупам пари само, дека еден куп имав од кои не знаеше и не сакаше да пие. И Алелуја, ова шише го сакаше. Па го земав следно тоа на Авент со цевка, ама не го сакаше, го фрли. Претпоставувам дека проблемот беше заради вентилот што го има за да не капе. Па само шишиња со цевка со слободен проток купував и си пиеше без проблем. А вода онака убаво пропи откако почнав да го оставам сам да пие од чаша. Е сега мокар од глава до петти беше, ама битно сакаше да пие. Сега и на сред јадење бара вода.
Да се пријавиме за настинати по 3дена адаптација во градинка Не е до забите... борба водиме за чистење носе но тоа е ...
За жал првата година е таква, најтешка е, нон стоп болни од се и сешто Со 2ро викаат полесно е оти веќе има поминато од брат му неколку настинки. Ама исто ме чека од 9 месеци в градинка Моментално кашла моево, претежно на сабајле ама си кашла, сега пак на преглед ќе го носам, 2 пати бевме, петокот, неделата, нема ништо ни на грло ни на плуќа, ама од кај овај шлајм ми викат можи од забите ама нз стварно. Немаше вакви симптоми за заби првото. 2 дена маки мачиме од непцата, ништо не помага, не спие ич, нејќи да јади, само раце в уста и цицање, цееел ден, преморена сум. Од вчера е вака.
Не знам кој имаше пишувано за егзема, да не враќам наназад, случајно ми излезе на фб, само знам дека мајката што го бараше имаше пишано дека го нема во мк. Исто така ако сакате природни лекови, има на инстаграм страна hurem melem lek, од србија доктор ги прави се е на природна база. Знам оти мм се изнамачи со псоријазата, уште кај немаме отидено не знам ни јас. Кај Скендер оџа бевме исто, него па една жена кај што работеше мм ни го кажа, детето имало егзема од еден маст се му се исчистило. На мм последно многу му се рашири и овиее ни пишаа од мастови со кортико што користел, тие моментално лечеле а потоа кога престанеш да ги користиш уште толку се појавувало. Кој знае веќе..
Каде е тој скендер? Мм има некоја почетна фаза на нешто. Испукани зглобови на дланките и лактите. Многу го пече.
Не посакувам да е тоа ама така почнува. Еве слика од број, адреса нас што ни ја пратија, се надевам се истите
И ова го пробав со првото дете, моментално помага да, ама за жал пак му се правеа. Иначе не кажуваат состав ама 1000% содржи кортико, а демек природно, оти исто така делуваат мастите со кортико. Нема што не пробав со него и се е џабе, со тек на време помалку се прават како што растат ама уште си има и на 5 год.
Имаше нели во темата за атопик декљ маста од Скендер со кортико била..не знам што како. Од такви домашни правени не верувам. Само со декларацијата по можност со некој сертификат за природни и медицински козметики. Сега со бепантен за егзема. Малку ќе речеш помага, ама за воспалените само кортико е. За жал. Нека се повлечат само. Па ќе пробувам што ќе држи под контрола.
1000% e кортико, мачкаш и одма се повлекува, чудесија е то сваќе да се нашалиме на маките, со второво сум пресреќна што досега пу пу стакло е на кожа, а само веледа користам од невен и ништо досега не е мачкан никаде, ни тело ни лице, едино за црвен газ
Девојки да ве прашам,катници кога почнуваат да никнуваат?? 11м има малата како отечени многу и се,не сака да јаде ич и еве сега температура ми крена,а сите заби ги вади со тем.
Периодот е таков сега плус. И мојата има на 4,5 места лишаи што и се баш активирани. Мачкам атодерм редовно. Ако загусти и станат ептен за нигде или ја видам ги чеша ставам кортико 3 дена да смири. Летно време е подобро, да те утешам.
Се нормализира колку толку. Ама уште мора мачкање. Намали да се чеша и она. Битно ми е да нема нови. Сега за сега е добро. Јас мислев од млекото да не е. Ама не е. Три дена по ред давав и јогурт. Ако беше од него до сега ќе избиеше сигурно. И не поврати и не покажа ништо. @Lavender13 не е кај нас протеинот. Никаква реакција немаше. Вчера околу 30 мл изеде јогурт. Фала ти ептен за поддршката. Многу ми значи. Се надевам поскоро да надрасне твоето Ќе мачкаме ние две три недели кортико по шемата, па ќе видам. Требаше да почнеме со два пати на ден. Па еднаш. Па преку ден. Па преку два дена. Само еден ден ставив два пати и се намали. Па продолжувив по еднаш. Си забележала да реагира твоја мадам на нешто или генетски е? Атодерм мачкам и јас. На нозе и одговара, па и на раце гледам се повлече без кортико. Сега меше/грб/врат се лечи. Ама таму ептен беше воспалена. И бепантен сензидерм ставам на таквите малите, да не ја чеша, а да не е кортико. Подобро е.
Единици, двојки, па 4ки растат, после се 3ки, па на крај 5ки. 1ци и 2ки има извадено? Многу споро растат тие, прво врвовите дур пробијат па остатокот, сиг се тие.
Јас не знам што и е тригерот. Ама мислам храна не е. Типувам на генетика зошто со татко и сме кој од кој со кожава. Од бањање искачаме црвени цели со точки, па сега види Башка она од раѓање има ваква кожа. Летото се потсмири и сега зимово пак букна. Само атодерм ја држи колку толку под контрола ама пак избиваат.
Епа супер штом не е, едно гајле помалце Ајде сега да се повлечат егземите пуштаме среќа. Ние сме на тестирање во мај, ќе видиме како ќе биде тогаш.
Колку е оптимално растојание на растење од еден заб до друг во случај кога не никнуваат заедно? На 19ти Јануари му приметив прво запче, долен кец, тогаш имаше 9 месеци и една недела. Еве го скоро 11 ќе полни, првото запче порасна, а од друго ни траг. Многу споро ги вади или јас сум грешка.. ?
@јolene не те пратам од почеток мама за алергијата и атопичниот. Големиот исто ми беше со атопичен (од дерматолог ми беше препорачано моментално третирање со кортико, долгорочно со биодерма атодерм-среќа кај нас се погоди, не значи дека и вас ќе ви одговара баш таа козметика, перење со бебешки детергент сензитив и плавење на алиштата по мин 3 пати, пеглање или сушара, сензитив пелени. Рече дека најголемо влијание имаат временските услови и вистина во пролет-лето се намалуваше, есен-зима букнуваше пак. Од старт исклучи дека можен причинител е храна, иако потенцираше дека често атопичарите се алергични на млечни производи) и алергија на млечни, која всушност не беше алергија на млечниот протеин туку на некои конзерванси. Имено, јас имав воведено млечни, консумираше млечни барем 1-2 месеци пред да му се појави алергијата и во тек на еден оброк како јадеше така почна на целото лице и вратот да му излегуваат црвени пликови. Да не должам, од некои производители немаше реакција, од други имаше и завршуваме со сируп за алергија и при допир. На крај по насока на матичната дававме само од производителот за кој знаевме дека не му предизвикува реакција, а после годинката веројатно ја надрасна алергијата и јади секакви млечни производи од било кој производител. Муабетот ми беше да не можеби е и кај вас истата ситуација, иако пак ќе кажам не те пратам од почеток. Што и да е, дај Боже да го надминете. Нема правила. Може месеци да поминат од едно до друго запче, може и 5 наеднаш да му излегуваат. Само со лесно да никнуваат
3 недели отприлика беше растојание од едно до друго кај нас. Пред 10 Тина дена бевме со тт која едвај се спушташе (од двојките ни кажа матичната). Се уште ништо нема. Зарем може без да се излезени горните кецови директно двојки?