Денес полни 7 мес, но ww веќе цела недела ги тера како да наполнил 7 пред 2 недели под 3 часа будност да го заспиеш едноставно нема шааанси. Да речеме и не е тоа толку проблем, но дремнува само 35мин луѓе. По цел ден сум во акција
Така бевме од 4 месеци до скоро со дремките. 35 мин како швајцарски саат точен. Сега на полни 9 месеци почна по саат да врзува и намаливме на три дремки инаку 4 ги имавме. Буквално ништо не можев да завршам. Сега малку е по друго да не го урочам
Кај синко пола месец од едно до друго. Ама затоа ете два месеца и нешто ништо од горните. Кај другарка на девојчето долни на 5 месеца ете ја 10 месеци почнало пред некој ден да боцка горе. Од трета другарка 5 заби наеднаш извади. Секое дете приказна за себе
Мамасити колку често давате жолча? Два пати неделно доволно е? Инаку млечни производи не сака и крај, пробав грчки, кисело млеко, павлака. Се мршти. Исто и ад не сака. Како да воведам млечен оброк за вечера? Ќе треба да се молзам на 9 месеци .... Хаха .... 6 месеци се немам измолзено
7 заба извади во рок од месеципол. Од 8 месеци наваму (полни 11 сме), нема трага од други. Позади кај катниците еден период му беше набабрено, ама како да сплана.
Мојот грчки јогурт, обичен јогурт и кисело млеко тек на годинка почна да ги сака. Цело време го нудев, одбиваше и така еден ден му текна дека му се свиѓаат. Млеко никакво се уште не сака. Дури ни бисквити и млеко не сака. За вечера мафини/палачинки давав, правени со јогурт, тестенини со крем сир и урда (овие па ги сакаше многу).
За чудо не видовме некоја мака. Плачеше ноќеска ама брзо се смируваше. Стандардно, си глодаше, лигавеше. Мислев ако тера вака со овој интезитет, прв роденден со умници ќе беше. Ама еве, стагнира.
Истоооо пукнав нема 7 месеци на 16ти прави, ама неколку дена е таков 30 мин одвај му е дремката, еве заспа на цицање и сега спие 5 мин, го легнувам и станува одма, дури и 20 мин некогаш му е ако го легнам одма, в раце да го држам спие, ама раце не останаа веќе, плус имам и др дете за гледање кое си бара внимание и мајка Нема запче уште ама пренервозен е. Првото сите заби во пар ги ваѓаше, лудница беше, ни спиење ни ништо. Само 5ките на крај една по една ги ваѓаше.
Мислам дека забите мноогу го нервираат. Нема уште ни еден а толку лигави, гриза многу одамна.. се кубе и за ушите и косата некогаш. Моето не спие во раци никогаш, ама затоа количка дрифта по дома 7 месеци
Забите се дефинитивно, ист е бебо хроничен умор имам месецов, беше еден ден мирен после првиот заб и сега еве го пак од некња другиот му е отечен. Плус носот де му се ратечува де му е затнат, ноќеска не е спиен денес само едно асално спиење имаше ама преморен беше одспа 2ипол саати а јас ја средував собава, не мрдна, другото се по 30мин е и на саат време трља очиња. Почна и да ми подкашкува сабајле на лекар одиме, а требаше вакцина да прима...
Јас давам еднаш неделно цело јајце. Или за доручек или за ручек. Ние сме уште на каши па некако немам потреба да го користам повеќе, а читав дека може да се дава и повеќе од еднаш.
9+ да ама ми е страв толку бргу да му воведам. Имаат алергии во фамилијата на маж и малку повеќе пазам со алергени