Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.754
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Па не е воопшто брзо ама ти си знаеш.
     
    На 0ли и Ceneva им се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Бевме денес на физијатар. Треба 5 до 10 дена да одеме да правиме вежби за правилно 4 ножно лазење и учење за самостално седење. Со 9 + месеци требало тоа да прави веќе.
    Тоа што не лази на 4 придонесува кај нас да не седнува сам. Не олекував дека тоа што лази се уште војнички е проблем. Но што е тука е сега ќе се учиме
     
  3. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    574
    Момево за некој ден 10месеци прави и лази војнички не она правилно лазење и не седи самостојно т.е не е седнато само на под.
    Кога е во столче е на 45 степени и сама се подига на 90, во количка исто.
    Ама затоа има милион обиди да стане сама од на под и цела да се исправи
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    2.157
    Пол:
    Женски
    Според новите истражување алергените се воведуваат порано, затоа што раното и честото изложување на алергени всушност го намалува ризикот за развивање алергии.

    https://solidstarts.com/allergies-babies/#tifiamallergictoafoodhowdoiintroducethatfoodtobaby
     
    На princess5 и lackygirl им се допаѓа ова.
  5. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Немам појма искрено. Ама беше реакцијата како тоа не знае сам да седнува. Па велам така не знае, не лази на колена велам. Туку се уште војнички. И оп ајде право не закажаа да одиме на физикални терапии да го учат. Не живеам во мк инаку. Јас пробував дома да го учам да лази ама едноставно не соработува дете. Ако биде така и сега, џабе патот правење ќе биде секој ден. Зошто во соседен град одиме.
    Инаку мојот се исправа сам се тегни тегни и станува на нозе и оди по троседот без проблем. И го кажав тоа на докторката не сум требала да го оставам. И реков тоа сам прави јас не го местам. А е добро се што е сам ок демек
    @Mandela знам за ова ама мене ми е страв. Нешто не ми дава да се опуштам.
     
    На Mandela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    2.157
    Пол:
    Женски
    И кај нас во блиска фамилија има со алергија на кикирики и јајце, ама по се прочитано на таа тема, решив да ги воведам сите алергени до 9 месеци. Сируп за алергија имав до мене за секој случај. Супер поминавме, единствено реакција имаше на млечни каши (инстант кутии). На крај испадна дека на конзервансите во нив реагира.
    *Не те убедувам, да не ме сфатиш погрешно, само споделувам искуство.

    За лазењето, мојот војнички почна да лази на 6 месеци, почна сам да се исправа на 7 ипол, седна на 8 ипол (се исправаше, па си седнуваше), по мебел се движеше без проблем, а од стандардно лазење немаше абер. Не ни пробуваше. Е ама еден ден, ми "побегна" скроз гол пресоблекувајќи го и тргна војнички да лази на паркет. И оп, виде дека голо к*ре на паркет не иде и се дигна на лакти и колена да лази. И толку беше, така продолжи и понатака да лази, на војничко лазење веќе не се врати. Да напоменам само дека апсолутно ништо го немам учено да прави, ни да се врти, ни да лази, ни да седи, ни да оди. Само на под го оставав и толку од мене, само посматрав од страна.
     
    На Giovanna, 1209, Thinkerbell. и 3 други им се допаѓа ова.
  7. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.308
    Допаѓања:
    11.715
    Пол:
    Женски
    Последниве ноќи чудно почна да ми се однесува синко, несвојствено.
    Со ноќното спиење не сме имале некој проблем, но последните неколку ноќи многу често се “буди“, т.е. очите му се затворени, плака силно и со солзи и не се буди. Го земам, го гушкам ама и покрај тоа тешко се смирува. Претходната вечер вака се разбуди повеќе од 5 пати. После тоа тешко презаспива.
    Исто, ме чуди и зошто кога веќе ќе ги отвори очите и кога ќе се смири, се загледува во една точка и си гледа, ништо не прави. Јас мислам задремува, а тој уствари ококорен.
    Последнава вечер, пред вака да се разбуди со врескање и липање, се стресе и срипа, како ние кога сонуваме дека паѓаме од високо (единствено така можам да доловам).

    Не знам на што се должи, преку ден однесувањето не ми укажува дека вади заби, освен можеби послабо што јаде.
    Тргна на градинка, во јасли, ај да претпоставам дека процесира промена, ама му се случува уште пред да тргне.
    Единаесет месеци има и не можам да се потпрам на wonder weeks оти еднаш скок ми се има поклопено со термин, другпат со датум на раѓање и ја баталив апликацијата.

    И да е фаза развојна некаква, ме интересира што му се случува периодов?
     
  8. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.754
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    А? На физикална ќе го учат да седнува и да лази?! Уште што ли нема да прочитам.:?:
     
    На Panovic, Sun&Moon и 0ли им се допаѓа ова.
  9. lipstickmadness

    lipstickmadness Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2014
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Помало е моето ама истото го правеше, околу една недела траеше и баш беше околу громчето на 6ти скок а и таа недела почна во градинка. Веројатно премногу му дојде тој период, од тогаш се нема повторено.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Е и тоа има. Јас ја погледнав бледо. Ама морам да го носам на физијатар ради состојбата на главчето. И сега сакала нејќела ќе одиме за да може и понатаму да го пратат. Буквално како ќе кажат така. Она смета дека за 5 дена ќе совлада кога го виде што се прави. Ама тој како е своеглав дали ќе соработува ќе видиме. Јас пробував дома да го наместам на коленца. Не сака и крај. Само на колеца се става кога сака да се исправи и толку. Само се надевам нема да биде за џабе одењето и ќе има резултат. Оти со сила ништо не бидува
     
  11. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    @Ceneva Каква глупост е тоа што ти рекле да го носиш на физикална за учење да лази и да седи? :o :@
    Не се нормални значи, не ми се верува :x
    Дете здраво право, ќе го учеле тие. Аман остави го да се развива сам, зарем си видела човек да не знае да седи, да лази и да оди? Се во свое време, каде го брзаат? Бог да чува.
    Вчера баш бев на ортопед, моето и твоето се 2-3 дена разлика. И мојата војнички лази, седи само во хранилка и во количка и се подига до 90 степени, не се исправува да оди. Застанува на колена за лазење, но не тргнува, се орфрла нанапред. Задоволна беше докторката и рече дека најнормално е се и дека нема што да се грижам. Не ни бев загрижена, ама ете.
    Аман од некои доктори.
     
    На LiquidLuna, Giovanna, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Баш на контрола ми напомена дека до проодување можеби и нема да лази на колена, најважно е што почнала да лази војнички и дека лазењето на колена може да дојде подоцна кога ќе стои, па ќе сака да стигне некаде побрзо, па така да лази на колена. Не знам зошто да го форсираат на колена бе, не му е дојдено времето. Буквално со сила сакаат на колена да го натераат да лази |(
     
    Последна измена: 7 март 2024
    На lackygirl, Panovic и Sun&Moon им се допаѓа ова.
  13. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум лазела, сум преодела директно на 10 месеци. Исто на мм брат му никако не сакал на земја преодел на 9 месеци. Точно е дека по некоја логика треба да лазат, па да одат, но дека МОРА да научат да лазат е голема глупост. ММ само стоел и лазел му било страв да се пушти да оди. Значи сите си прават различно, само остави на земја и нека прави што знае и што сака. Нели тоа е целата поента на "модерната" т.е. науката што си постоела, но со реквизитите како дубак и сл сме ја запоставиле.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Тоа е оди разбери ги. Ортопед вели може да седи ако сака и бара и се мести. А физијатар сега зошто не лази на 4 и не седнува од подлога сам на газ. Па како ќе седни кога не лази на 4. Тој веќе оди по тросед сам ние ќе се учиме да лазиме (facepalm)
     
    Последна измена: 7 март 2024
  15. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Не знам, ти си знаеш како ќе постапиш, секако, но јас не би дозволила да го форсираат, детето нормално се развива како и многу други деца што не лазат на 4 и не седнуваат сами на таа возраст.
    И војничко лазење е лазење.
     
    Последна измена: 7 март 2024
    На Ceneva и Sun&Moon им се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.754
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Ама состојбата со главчето е апсолутно неповрзана со лазењето/седењето/одењето. Моето бебе е поголемо од твоето и исто лази само војнички. Може и нема ни да пролази на четири туку директно ќе оди. И не, не сметам дека има било каков проблем. Уште помалку проблем што треба да го решава физикална терапија. Господе Боже!
     
    На Sun&Moon и 0ли им се допаѓа ова.
  17. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека не е драматично и ќе појдеме во понеделник па нека видат што се знае. Може тие таму што ги прават вежбите нема да се сложат со тоа докторката што го бара. Сепак не виде многу туку дека јас кажав не лази на 4 туку војнички. И дека не седнува сам. А ми делува дека ќе се откажам и со одење. Ако видам дека не му е лагодно да прави нешто што не сака. Ќе си се соберам и одам.
     
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.722
    Допаѓања:
    7.721
    Пол:
    Женски
    @Ceneva , моево дете од лежење во седечка положба се намести на 10тина месеци.

    Претходно си се исправаше, чекореше по тросед. Е после пред роденденот и текна дека сака да лази и си почна со правилно лазење. Сеуште не оди самостојно ама се пушта по 2 -3 чекори од еден до друг кревет на скоро 14 месеци ова.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.647
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е битно што кажува ортопед. Ако тој вели дека се е во ред, зошто би слушала физиотерапевт?
    Некогаш форсирањето може да направи контраефект.
    Ај ти трчај ако не си човек што сака трчање..
     
    На 0ли и Ceneva им се допаѓа ова.
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Тука не се оди на ортопед. Јас на ортопед во мк си го однесов. Овде колкови на ехо гледаат педијатри. Малку каша попара.
    А моето дете е од тие што не сакаат ништо на сила. Така да ако видам дека не сака да прави нешто што не сака одма ќе се откажам. А мислам дека ќе се откажам. Ама морам да го однесам за да може и понатаму да го пратат. Инаку физијатар е доктор специјалист не е обичен физиотерапевт
     
    Последна измена: 7 март 2024