@Ceneva Јас сум малку збунета од твојава ситуација. Не знам прво како седењето самостојно и лазењето на 4 е поврзано и како тоа може да се научи од страна на бебе. Стварно не знам. Мојава почна да седнува сама од меше назад оди седнува на газ. Ова го правеше уште пред да пролази на 4. Тогаш си лазеше војнички. Сега лази и на 4ри. Уште не седнува од грб , да се крене сама. Сама се исправа и пушта чекори држејќи се за кревет. Никогаш не сум помислила дека нешто касни. Скоро годинка ќе прави. Уште еднаш ќе кажам, не разбирам како ќе го "учат". Како се учи тоа
Јас да споделам искуство, пишав пред некое време ама можеби во Ортопедски прегледи. Пред да наполни 8 месеци бевме на педијатар и кажавме дека бебето не се превртува од грб на стомак и обратно. Не прати на физијатар која беше загрижена дека бебето кога ќе го ставиме во седечка позиција паѓа напред или во страна, па предлага вежби. Според неа има слаба мускулатура. Отидовме и на ортопед, тој рече дека сè е во ред со бебето само да се прати главчето (затворањето на фонтанелата, поширока и е ама ја прати педијатар, ни даде, се надевам, соодветна доза на Д3). Сега бебето има 8 и пол месеци, на 8 почна да се превртува и веќе го усоврши тоа. Ако го седнам меѓу нозе се потпира напред со рачињата, така може да седи. Не лази на 4, не се исправа на мебел. Се крева кога е во хранилка/количка. Се врти во круг и може да се одвлечка од една до друга точка. Толку е движењето. Не сум паметна веќе со толку различниве мислења на докториве.
И јас не знам како се учи. Во понеделник кога ќе видам ќе ви кажам како се учи . Па на тоа седнување како твојата што правела мислат. Од лазење да седне. А за од лежење на грб да седне, па тек ми е мисловна именка. Ама може и тоа ќе го учат И јас не мислам дека касне во тоа ама ете тие велат дека тоа до сега требало да го прави. Синко од војнички не седнува, а за исправање се исправа и оди по креветот. Наместо да ми речат напредно ти е детето тие паники ми направија ко куј знае што не научил. А утре ќе и раскажам на матичната негова па да видам таа што коментар ќе ми даде.
Моево вакви работи прави деновиве И писка се нервира иначе не лази само назад оди и во круг се врти. Напред послабо. Spoiler: Слика И раце да му дадам од седечка позиција станува на нозе и стои неколку секунди и седнува, па пак станува.
@Ceneva да си одиш на физикална. И јас сум за тоа да се остава детето самостојно да развива фази ама има случаи кога мора да се интервенира. Јас те разбирам бидејќи и ние сме во иста ситуација. 10 месеци има, лази војнички ( што и не е толку голем проблем ), ама не знае да седне сам и сам да се помести од таа позиција. 10 месеци без оваа вештина по сите параметри низ сите земји се рачуна веќе ко доцнење во моторика. И ние сме со вежби, не го гледам тоа ко нешто страшно ниту ко форсирање. Ако ја нема таа моторика на ротирање на колк, виткање исправање колена, не може ни да се исправи ко што треба. Знам пошто мојот колку и да сака да се крене на нешто за да се исправи, не може. Има некоја блокада на долниот дел од телото и треба да се подобри со вежби. Јас дадов доволно време и простор за сам да си ги развива вештините, ама за некои деца не е така едноставно ко за други. Само оставањето на под без никаква интервенција не помага во тие случаи. И убаво е што имаш стручна помош, да знаеш каде е точно проблемот. Кај нас беше overarching, синко има многу јаки мускули на грбот и со нив компензира за сите останати движења. Кај што треба да користи друг мускул за да развие некое движење/вештина, тој се потпира на задната мускулатура ( полесно му е ) и само го јача грбот, а не работи со екстремитети. Син ми се исправа не со раце, туку со грб, не знае да свитка колена, туку само ја зафрла главата наназад и така се крева. Ама оваа “техника” нема да го донесе никаде, напротив ќе направи само поголем проблем во понатамошен развој. Вежбите, барем тие ние што ги правиме не се воопшто комлицирани кога ќе се направат како дел од игра. Кај нас има прогрес, сеуште не знае да седне сам, ни па да се пушти од седечка, ама е помобилен, поагилен и посамоуверен.
Дојдов исто да прашам и веќе сум загрижена, сега кога те прочитав малце ми олесна. Исти сме, скеоја вечер веќе две недели после заспивање обавезно се буди со врескање како ќе се исплаши и не можам да го смирам, ко во транс, не ме ни слуша, ни реагира, само се дере хистерично и липа, се смирува за брзо и продолжува, а знае и да се рашени. Ова се случува пред 12, после тоа паѓа во длабок сон и може ќе се разбуди со ќенкање ама не вака. Ама до полноќ неколку пати абе од ум ме вади, само што ќе задремам ќе списка. Исто слабо јаде денски. Јас мислев заби се ама сега читав за ноќно терори па си велам може тоа е. Инаку детево мое има проблем со тексурите на храна, како да се гади да ги фаќа парчињата, нешто фаќа нешто се врти и сука и проба да фати ама се предомислува, ова веќе ме загрижува…3кг месо фрлив чинам месециве, не сака и не сака, во ниедна форма. Исто и зеленчук освен краставица, само готови каши колку толку прифаќа.Пукнав веќе.
Ќе видиме како ќе биде. Зошто јас синко кога го оставам на пример седнат на подлога. Тој си се спушта на меше без проблем и си лази војнички. Но ете не знае да се врати во седечка положба. Се крева кога има нешто достапно да се дофати на коленца и се исправа. Оди по троседот без да го држиме. И сето тоа и го кажав на докторката и демек мора да научи да седнува сам, битно е. И го гледа и вели ќе научи за 5 дена е мое мислење. Ама за лазење не е сигурна зошто се има многу зацврснато веќе за одење. Така некако се изрази. А мускулниот тонус му е екстра. И затоа ни даде од 5-10 дена да се прават вежби. Ќе го однесам ама ако дава отпор и таму како дома кога пробав ќе биде џабе одење. Многу е своеглав и прави само тоа што намислил тој и крај. Нека го бркаат таму нема што друго да кажам
Бевме на контрола кај педијатарот наш. Примивме вакцина и веќе не заостануваме со ниедна вакцина Давид мој денес 9 месеци и 12 дена има 9.090 кг и 71 цм долг. Сонце убаво расте Кога и кажав за физијатарот ми рече не е драматично ништо зошто ли така реагирала. Дете што застанало на нозе не можеш да го натераш да биде нон стоп на подлога и ни е ни прво ни последно што не лази на 4. Од вежбите штета ќе немате слободно го носи. Ама да го сопираш во нешто што веќе прави немој и уживајте. Тој е супер напреден дечко. Си ја обожаваме докторката колку ни е реална и колку му опстојува. Убав ден мамасити
Скроз исто сме и со спиењето ноќно и со јадењето. За јадењето не знам веќе што да направам. Само банана јаде со ќеиф. Мислев да не сака да јаде сам, ама не е тоа. Парчињата што му ги ставам на хранилката ги гмечи, си игра со нив. За каша уста не ми отвара. Му давам од мене да грицка, првите две три грицки се “интересни“ после запечатува муце. Колку храна имам фрлено, многу ми е жал. Цело време мислев само на мене ми се лигави така, дека за ручек кога го рани баба му е умен. Ама испадна дека се тегавеле и со неа, па се подлажувале со смоки со глупости. Сите обиди и маки за детето да ми се храни поздраво ми се џабе. Не можам да му погодам ни текстура ни вкус. Сите деца сакаат палачинки, јајца, моево плука. Ете и тоа му е ново и не знам што му значи. Зема залаче, го џвака за на крај да го плукне. Цело време сум со чувство дека детето ми е гладно, аман.
Исто!!! Вчера многу се изнервирав, спремав јас ручек и беше он горе кај баба му, мм се симнува вели он јаде кисело млеко, ми се стемни знаев дека толку ќе биде. А го чекав намерно пре дтоа ни млеко ни ништо за да јаде. Го зедеме мм и секако дека не отвори уста, свекор ми вика аа он скоро пола канче изеде а велиш не јаде ништо. Викам епа јоргурт јаде ама тоа не е ручек, после не го сакаше ручекот. Многу се нервирам така кога без прашање го хранат, секогаш му го сечат ручекот или вечерта, кога ќе направат така. Фрлив вчера се, пак. Цел ден. Денес доручек ништо не касна, ручек сеа се молиме со каша.
Мајки на што ви лазат децата по дома? Ние сме скроз без теписи, но сега мм запнал да земеме во дневна за да лазело бебето. Инаку тој си има 6то аголна игрална и си седи во неа често, но демек мала му била за да лази се врти во круг. Јас сум онака против теписи, но ако мора не знам каков и колкав. Плус цело време да го пазиш од комода, маса
Мојава лази каде стигне дома. Имам паркет и теписи тенки во дневна и трпезарија. На сите маси залепив меки такви за да нема каде да се удри и слободно ја пуштам, безбедно ми е. Имам и јас четириаголна игрална ама таму ја ставам ептен ако треба да одам до вц за да знам дека е 100% сигурна, инаку не сака многу да седи како што расте, се исправа и вришти додека не ја извадам. Имам и подлога ама мислам дека се е џабе кога ќе почнат да лазат.
Да те утешам, палачинки ќе му спремам 10 пати, 8 пати ќе фрлам, не ги сака. Тестенини некогаш јаде, некогаш само приџвакува низ уста и ќе ги исплука. Јајце јадеше до пред некое време, сеа не го сака во ниедна форма. Има денови не можам да го донајадам, има денови не јаде ништо. Ама јас сум упорна и нудам од се, реков до 1 година ќе тераме вака, после ќе почне во градинка и ден два ќе се лигави таму, ќе остане гладен па ќе јаде се што му служат.
Си лази на под, немам теписи, само прашина џабе збираат и повеќе ме нервираат. Ако се движи, не може да го спречиш да оди и на ламинат/паркет, а и не треба. Ќе си ставиш заштитници на ќошиња, рабови и сл, ќе го направиш просторот безбеден и толку. Мојава воопшто не е во игрална, слободно се шета, оди под маса и под столици, секаде се пика, си разгледува. Само на едно место имам ставено огромна перница каде што не сакам да оди, но веќе и тоа не е пречка, честопати се префрла преку неа. Ќе си лази и без теписи, а како што ставаат се' во уста, јас не би оставила тепих да го лиже. Не дека ламинатот е нешто најчист, но сепак пребришуваш и полесно е отколку секој ден теписи да чистиш. Неколку пати си потчукна глава од ѕид, на ногарка, а сега си пази, па уште трепка со очи пред да се доближи таму каде што се удрила, као предвреме трепка за во случај да се удри.
А за тие со бебиња лазачи и домашни миленици како се справувате? Колку често чистите и дали сметаат влакната некако? Само трчам и бришам ама мислам нема поента некако..
Не успеав да се справам јас со тоа. Само ја гледав да не изеде некое влакно, а сигурно има изедено. Па ко ја видов со папучите во уста, дури тогаш сфатив дека нема поента шо и да напраам, после тоа паркетот почна да го лиже и така Порасна еве ја 2 години направи, од опашот на мачката шо го има дофатено неколку пати ништо не и беше
@Ceneva жити мене кажи ми шо ќе го учат таму. Стварно ме интересира Ќерка инаку многу кратко лазеше. Скоро ич. Се влечеше така војнички и после стана, може 2-3 месеци се тегнеше по мебел и прооди. Е сега лази, од инает и лигавење и од шо ја имитира мачката
Значи да не се секирам многу, и ние сме со маче дома ) откако пролази само го брка насекаде и го фаќа со рачето, а јас само одам по неа и собирам влакна растена со животни откако знам за себе, а сега за бебево паника ме фаќа..
Реков ќе пишам обавезно како изгледаат вежбите за да лази и да седнува сам. Нешто ми личи дека ќе седам и ќе им се смеам таму кога ќе почне синко да им бега