Хахаха и моето така трепка и кога сака да чучне од стоење и кога се доближува до нешто ‘опасно’. Преслатко.
Го ставам на подлога, а тој одма на паркет, тепих. Бркаме папучи/влечки по цела куќа Има мали масички кај него во соба имам барикади направено да не се пика под нив. Ма ни барикади помагаат ни ништо. Се турка и оди кај сака. Толку
Поголемо е моево, не сме за во оваа категорија ама од кога почна да лази, кај сака лази, и под ладен и подлоги сме местеле и теписи имаме и нема спас. Сега најмногу сака низ двор да лази, е тука не ја оставам. Сепак е надворешна површина. За јадење нема разбирање со баби/дедовци. Баш ради градинка каде јади моево Чоколино/Фрутолино со шеќер, дома избегавам максимум да давам чоколади, пудинг и слично. Пред некое време попуштив бар за викенд да касне пудинг, со тоа што останатите оброци дома ќе се без шеќери, и ептен некогаш преку неделата еднаш. Не само што баба и, и давала секој ден пудинг, туку и строго пред јас да си дојдам од работа, посебно си купувала, бидејќи јас купувам баш ради тоа колку што сметам дека треба да касне во неделата. Нема потреба да пишам дека вечера не сака да види сега. Дека пола од оброците се бљак. Не да искинав нерви... Се објаснувам дека не треба многу шеќери да консумира, дека ова е штетно, она е штетно и добивам одговор, па што ви фали вас, од прв ден цуцлата со мед, од 5 месеци со чоколадо, од 6 месеци од домашните манџи. Еве баш и "ништо" не ни фали. Така да дека ќе се објасните некогаш, тешко. Не верувам.
Ние имаме 3 кучиња, горе се как свекрвата ама он и таму оди и лази со нив, кај моите има едно куче и со него лази, јас долу кај нас чистам често, кај свекрвата и мајка ми еднап неделно се усисува. Не се потресувам многу искрено, додека е таму ќе лази, ги фаќа, штом го земам мијам раце и тоа е. Некогаш и кај нас влегуваат од дворот директ така да и тука има влакна, не како горе ама има. Нема како да го упазиш, ќе створат имунитет и тоа е тоа, само секако до мачките внимавајте да не оди кај изметот ради токсикоплазма, ама мислам дека онака нема како да ги упазиш, ќе пораснат и нема да ставаат веќе се во уста. Моево не поднеусва чорапи, само одам по него и го облекувам и додека се свртам он ги тегле и соблекува, а подрум е под нас, ладно е. Многу е саклетчија, мада нема на кој, јас на гости одам и соблакам чорапа цел живот сум боса. Денес малце напредок имам со јадењето, ама спиење хаос цел ден. Преморена сум, функционирам у забавена снимка, сеа ми е страв да замижам оти знам дека кај и да е ќе стане. Денес двапати обарна сушара, два пари падна на ламинат директ на тилот, јадеше лимон и се фати за очи, плачеше пола саат едвај ги измив, само што го пресоблеков си истури канчето вода на кучињата врз глава, за секунда додека се свртевме, се качува на количката да стои да се вози, го врзам плаче се корне, не му давам у штек да брце плаче, не му давам по скали да слегува по 100ти пат у денот, плаче, не му давам сапун да јаде, плаче. Сака да ми мие заби ама и кај него у уста четка да става, не му давам, плаче. Цел ден вака.
Колку пати неделно усисувате/џогирате? Јас сега не можам да си замислам да го пуштам по под. 2 пати неделно усисувам, а со џогер и средство еднаш. Мислам дека е тоа недоволно за да го пуштам на земја. ... треба да џогирам секој ден
Кога ќе почне да става во уста се што ќе дофати, ќе се опуштиш. 2-3 пати неделно усисувам, под со џогер бришам секој ден. Играчки бришев и по 2-3 пати на ден, тие што ги ставаше во уста, ова додека бев дома на породилно. Сега е веќе поголема не става во уста толку ама среќна сум ако стасам еднаш неделно да измијам. Секако моево е во градинка и не дека некој таму, пак секој ден им ги мие играчките.
Од тоа ми е и највеќе страв бидејќи се што види сака да лапне. Далинско, марамици, крема, подметач за чаша.. се става одма во уста. Ама друго е на под мислам дека ќе лиже буквално
Гледам да биде на 2 дена, не можам секој ден. Ама уште и не лази моето, знае од подлога по плочки да отиде со вртење ама не е толку страшно. Свекрва коа беше на одмор ја усисуваше цела куќа и ја бришеше секој ден. Јас у дневна гледам секој втор ден, зошо 90% од денот сме таму а у спална се дешава и еднаш у две недели да е усисано. Му ги мијам сите играчки навечер кој ке заспие и што дека тој пак со дрвени лажици игра со лажицата за сладолед и се што може да дофати од дубале у фиоката од кујна
Jaс два пати неделно, ама моево веќе не става се во уста и не лиже паркет досега Пред да јаде му мијам раце, уствари неколку пати во ден мијам раце. Мене искрено ме маа од време на време некој филм оти не сака да ја фаќа храната со раце, проба директ со уста или со прибор, како да се гади. Имам простор за грижи или не?
Бебе б да пипне храна со раце? Па одма мрштење и не продолжува да јаде додека не е темелно измиен. Јаде со прибор и ако малце му се испрља рачето одма дава да го бришам. И ја до ден денешен сум таква, не трпам ништо по раце и нозе, ако јадам нешто чоколадно што може да ми се растопи обавезно го фаќам со салфета или слично. На јадење морам до себе да имам хартија да се бришам нон стоп. Мислам дека има сензорни активности за деца за надминување на вакви работи ако гледаш дека му пречи на секојдневно фунционирање.
Вие што имате/имавте лоши бебиња, до кога ви беа такви? Значи за нецел месец една година прави и глава не можам да кренам. Ниту јаде како што треба, ниту седе како што треба, ниту спие убаво... Сум патувала не повеќе од 40/50 минути , со маки со плач во кола, надвор исто така повеќето не седи, сум странство, изгледа да се збогувам со МК годинава како и лани..... Воопшто да не планирам ништо
И ден денес нејќи да е извалкан големиот, или со прибор јади или јас го ранам од бебе таков беше, не сакаше да фаќа во храната, (исто е мм таков) нејќи да е валкан, ништо в уста не ставаше, немаш простор за грижи. Малово па ако дофати дирек во кашата рацете, па пика играчиња в уста и сето мачка по лице, лом се прави нејќи да го бришам, се нервира, исто за миење лице нејќи бега наназад, се плаши. Еднаш неделно со правосмукалка, некогаш 2 пати, со џогер на 2, 3 дена, бебево на подлога е засега, ама за разлика од брат му се пика в уста и многу пазиме да не лапни нешто, пр подлогата е скината на неколку места и дупи со прстињата сабајлево наназад замина и на паркет и ги фати влечките домашни и дирек носи в уста. Глодалки неколку што се ги мијам само со вода 1 денот. Др не, и ништо не му бранам, нека лижи све оти со првото бевме многу поинакви.
Мојот имаше период кога ја фрлаше храната од хранилка за да ја јаде од под Ќе отрпнеш со тек на време
Еднаш неделно, повеќе колку и да сакам немам време. Кога ќе шета низ парк и ќе се валка во песок и на трева почисто ли ќе биде? Не се замарајте толку, на децата им требаат и допир со бактерии за да станат имуни.
Ај да си шкртнам два три збора, зошто уште месец дена сме тука. Многу убав период имавме кога почна официјално да јаде парчиња. Си седеше сам по 40 мин и си мезеше како да е во кафана. Секогаш јадеше сѐ или најмалку 80-90% од тоа што е понудено. Нормално за доручек и вечера некогаш му правам каши од просо, овес и други житарки зошто нити имам време секогаш да биде парчиња, ниту сум секогаш доволно иновативна. Ако јаде пример просо со круша, дел од крушата ја сечам и му давам да јаде дур чека да ја направам кашата зошто е многу нестрплив. АМА! Во последно време е станат мнооогу немирен и збеснат. 1/3 од јадењето небитно дали каша или парчиња го јаде смирено и како порано, после тоа како на копче се уклучува во некоја луда димензија и почнува да фрла што никогаш не беше случај, мора нешто во раце да чепка за да го хранам и тоа едно нешто му држи внимание 2 мин и морам да ротирам сто предмети. Излегува од столот ВРЗАН! Застанува на нозе и се кикоти како којзнае што да постигнал, мајмун еден. Спиењето ни е генерално добро, иако има ноќи како претходнава кога не остава без сон. Прво ќе викне да плаче и одма станува, ако му ставиш цуцла и го легнеш исто како ништо да не се десило. Вчера прво стана со плачење и го легнав, за брзо после тоа да си стане без да плаче, отварам очи и во мракот гледам само цуцла свети на нетипична висина. Господинот пак се разбудил и си седи во темното. Генерално си е срцка, ама е мноооогу темпераментно бебе. Само се ака од негде и нон стоп е со некоја модрица. Прав нинџа е, ме гледа во очи дур не го погледнам и оди да прави беља задоволен дека има публика.
Бебо 6+++ задњиве недела дена сака 2 дремки (третата дремка со пиштење и вриштење ја избегнува) и има вкупно 3 часа денски сон, а задњиве 3 дена и прозорци на будност ги турка на 4 часа :х Пред ова, заспиваше на 3 часа, дремкаше 3 пати на ден. Не знам што му е последниве 4 дена (не сме во скок)... Да напоменам ужасно спие општо се бори со дремките после 4 месечната регресија ама премал да не е за 2 дремки и прозор на будност од 4 часа меѓу дремка 1 и 2?! А никако не можам да го заспијам за трета Легнува во 19,30 - 20 и спие до 7 - 7.30, патем. Совет?!