@Bella_Stella како вчера да беше кога пишевме симптоми за пораѓај, а сеа една година ќе ни полнат бебињата. Кога летна времево амн, стварно на крај испаѓа дека деновите се долги ама годините кратки
Луѓе што е со станувањево во 4и38 два дена по ред, ќора темница е надвор. Никако не презаспива до 7 седиме. И после спие до 10
Уф…многу тешко ми паѓа кога ќе ми текне дека за месец дена ќе полни годинка. Како вчера да го родив, сите спомени од болница ми се толку свежи.. Растат многу брзо, премногу.. Нека се живи и здрави само, а ние што поопуштено и без стрес да ги минуваме деновиве зошто не се враќаат, а скапоцени се.
Од кога и правам за јадење по 3 оброци мислам дека само во кујна сум. Среќна сум ако изџогирам еднаш неделно. Не се потресувај толку, ништо не му е, така ствара имунитет. Деца се, нека се ваљаат, нека лижат, гризаат и истражуваат.
Со храната уште не е таква, ама кога доаѓа време за пресоблекување ми се темни. Се препотувам. Ми бега по кревет, се тегне, се влече, не седи мирна 2сек. Прееска мм ја пресоблекол демек, цела пелена ненаместена, цела беше мокра. Си лета време, кога гледам алиштенца толку малечки ми доаѓаат најмногу емоции. Секогаш кога ми е тешко си викам: еее ќе дојде време кога ќе си кажеш колку ми беше убаво. Си лета време.
Ај тоа па што писка од кај му влезе ова не знам. За радување писка за плачење писка, мислам грло си одра веќе како не му здосади
Што правите до 7? Според нашиот педијатар родителот треба да спие кога бебето се буди ноќе да си игра Моево има понекогаш ноќни журки од 3 или од 4 кои траат по еден саат. Се буди расположен,гуга,се смее,ме закача,оди во креветче(споено со спалната) си игра со мечињата...јас со полуотворени очи го пратам но не му реагирам мн. Обично тоа се случува кога учи некоја нова вештина,па утрото ќе ми покаже нешто ново,од моторика или говор Леле исто,до пред да почне со цврста храна си викав аман цел ден е на цицка,да почне да јаде да ми олесни. Епа не ми олесна Да пишам некој збор и за моето. Има 8 месеци и некој ден. Стабилно седи,лази наназад и нанапред. Од претходниот викенд тргна нанапред да лази и до денес ептен усовршено и убрзано. Секој ден е побрз. Се исправа на коленца мислиш готово ќе стане да оди Има едно запче,никнува и второто и вознемирен е ноќе, се буди уште почесто веќе не знам ни колку пати ни во колку саат се разбудил. Се смирува само со цицање,цуцлата ја фрла луто. Тежи како дете од 12м и упорно си качува на тежина, освен претходниот месец 300г., овој месец пак 700г. Сега има 9900 г. Долг е повеќе од 75см. Не можеше да го измери докторката Си лапка кашички,веќе има 3 оброци и речиси секој ден воведувам по нешто ново. Вчера прв пат жолчка за ручек,од вечерта му се појавија црвени кругчиња на обравчињата кои ги има и денес. Дали е од жолчката или јас што јадев декорација од вафла-четвртинки јаготка и киви? Од април тој во градинка,од мај јас на работа....сакам уште 3м породилно
Ми треба мислење за вакво нешто за седење И ги гледав денеска подлогите оние што се како сложувалка, повеќе делови што има, зошто пишува дека е за од 10 месеци? Помали не може да седат на тие?
Јас сум против секакви реквизити за потпомогнато седење. Бебето ќе си седне кога ќе биде спремно, нема што да се става во фотељи. За подлогите нормално дека може да се користи од 0+ месеци. Тие што се како сложувалки според мене се понепрактични од целосните.
Такво нешто немој да купуваш. Немој да го потпираш детето со перници за да научи да седи. Треба да научи без потпирање за да му зајакнат мускулите како што треба. Плус кога ќе почнете да го седнувате ако почне да паѓа лево десно напред назад значи не е спремно и му се прави притисок на карлицата. Јас моето постепено го седнував. Ќе поседи минута две и ќе почнеше да се клацка и толку прекинував. Потоа пак пробував и така постепено се научи да седи. Инаку да се надоврзам за лазењето, истражував гледав видеа, отприлика што би можело ете да го вежбаат синко. И наидов на една физиотерапевт и таа вели дека лазењето е многу битно за сите и дека би требало да си ги стимулираме децата тоа да го прават правилно на 4ри. Така се ојачувале мускулите на карлицата и абдоменот за да покасно кога ќе почне да оди не му се прави притисок на карлицата, како што би бил случајот кај деца што не лазат така. Војничко лазење би можело да значи премногу стегнати мускули и детето се чувствува како да се истегнува кога се постсвува на коленца и на дланките, па треба да се вежба за да се опуштат, или можело да значи слаби мускули и исто со вежби да се појачат за да се потпомогне во лазењето. Баш во понеделник подетално ќе прашам за ова. Има логика. Ама дали е толку тоа штетно да не лази детето не знам. Баш ќе прашам, и ќе прашам ако е штетно, зошто не ни се врши едукација ете нас родителите како треба да оди развојот на детето и на што треба да се обрнува внимание. Такви едукации би можело да ги вклучат уште во бременоста на пример. А не одиш и ти се дерат да не речам, да се осеќаш виновно, како да си го имаш унаказено детето што не си го стимулирал да лази на 4ри.
Мене ми нема логика ова од причина што ако не зајакнува мускулатурата кога лазат само војнички, логично е да немаат сила да се исправуваат кај ќе стигнат што не е случај. Ајде баш сподели што ќе ти кажат во понеделник и какви вежби ќе му прават.
Може слика да ми пуштиш каква имате? Неколку целосни што видов, сите беа помеки за разлика од сложувалките, па искрено не знам што е подобро.
Се ојачуваат доволно за да може да стане и да оди и со војнички, но не како кога би лазел на 4ри. Со лазењето се усовршува стабилноста пред мобилноста ( одењето ). Така објасни. Затоа убаво јас ќе се распрашам утре па ќе добиете поубави информации. Јас мислам дека не е трагично ништо детето да не пролази на 4 ри пред да оди, ама ајде да видиме што обрзложение ќе добијам за оваа инсистирање да лази
Тие ги растураат и ги јадат имав и такви за првото ич не ги користев. А ова на сликата не, скроз непотребно. Иначе моето прво дете воопшто не пролази, се исправаше од кај 8 месеци и одеше по гарнитура можда од 10м, на 14 месеци прооди без ич да падни, никогаш не паѓаше и ако паднеше на газ паѓаше.
Луѓе мал ли е на 11м за една дремка? Значи цела недела се буди 9:30 и не можам да го успијам до 2 на ниеден начин и тогаш ќе спие 2-3 саата и нема време за втора дремка или ќе заспие касно ќе се разбуди за кратко и после журки до ниедно време, не знам стварно како да постапам.
Моето на 12 месеци премина на 1 дремка. Од 3 год без дремка, додека негови врсници уште преспиваат на 5 год. Ама тоа преминувањето траеше 1 месец.
Мамички има ли некоја што не пуштала цртани воопшто до годинка, па и две? Колку ви беше тешко и како се справувате со околината? Наидувам на многу осудување и прашања и не само за тоа, туку и за благо и сл. А не сакам да сум дрска, особено со други родители што го прават тоа со нивните деца.