Мила прави си како си ти сакаш. Многу не се замарај што како реагира околината. Секој си одлучува за свое дете и прави тоа што смета дека е најдобро за него.
Првиот ден јас се правев дека спијам, а он се тркалаше низ креветче па на спална дојде, ме копаше по очи по лице, ај го земав измеѓу мене и мм да цица и да спие, се нацица и фати да не клоца и мм во 15 за 6 го зема и се симнаа долу. Вториот ден пак се разбуди ама не се помрднав, а го сетив викаше клоцаше се покираше со јорганчето над глава и на крај се стркала кај мене цицна и заспа кај 5ипол. Еве го денес убаво се разбуди во 7и15 ко по навика. Новата вештина = пискање. Леле луѓе како писка, кажете дека ке помине, уши пара, ми страв грлоно да не си го раздразни и така е болен
Ние сме 10м ама ни 1мин. не пуштам цртани од кога е родена и не планирам во брзо врем, а и повеќе. Тоа е мој став и бирам да се замарам сега него покасно да се мислам и да си правам 300 филмови дали е од цртани нешто или слично. На сите им кажувам дека не сакам да гледа цртани јасно и гласно. На почеток одевме на гости и им гасев скроз тв, сигурно се чудеа и ме збореа ама ми е гајле. тоа е мој став и кој што сака и како сака нека ме гледа. Професијата ми е тесно поврзана со развој на деца па можда малку тоа си го прави своето. Ич да не се замараш! Твое дете, твои правила! Секако на околината што и да и правиш нема да и погодиш.
Јас не пуштам цртани, утре полни 11 месеци. Уште од многу мал се хипнотизира од телевизорот и престанува со сите активности. Затоа најчесто имам пуштено музика во позадина или нешто што не го привлекува на тв. Сите знаат дека не оправдувам изложеност на екрани и тоа е тоа. За благо има милион опции да се внесува, а да биде здрава варијанта. Урми и секое поблаго овошје е доволен шеќер за толку мали деца. Околината ниту ми го роди детето, ниту ја прашувам за мислење.
Мајки, совет за вадење заби? Малиот има точно 6, сѐ уште нема ништо пробиено но последнава недела многу агресивно става сѐ во уста и трие. Има и поизразено плачење и повеќе ја бара цуцлата и си игра и се гребе со неа. Пробано секакви глодалки плус почнав вчера фа ставам и гелче за ладење. има ли нешто дополнително што можам да направам да му олеснам на син ми? Фала ви
Ништо, и осанит гранули му давам, гелче го мачкам и џабе, пренервозен е дури писка на глодалките од болка и често со болно плачење се завршува. 7 уште малку е. И ај ќе излези првото, после одма друго се спрема па трето... нема крај, уствари има до кај 2 и пол години ќе излезат Писка и моево ама не е мн гласен. Ново му што мене ме бара, плачи по мене, досега не беше така. Пушта рачиња за да го земам
Џабе мајка. И со маст пробав и со гранули ,џабе. Мојава вади четворка сега 15 месеци е, некогаш и блокмакс не помага
Леле ова забиве се мака навистина. Не знам колку се чеша. Се има нешто во уста. Па мислам друго дете немам видено толку се нон стоп да гриза нешто. Мене ме гризна за брадата, а веќе има две запчиња доле. Боли убива на место колку им се остри. Жални се ама тоа е нема како да им помогнеме, мора да поминат низ тој период
Јас пуштам, одамна, секакви цртани и музика и програма за нас, ретко загледува, некогаш ако ми треба време да јадам, ако со ништо друго не можам да му задржам внимание, некогаш оти ништо друго не бива и ми треба 10 мин мир. Ама не е дете што сака да гледа, ако има песнички ќе игра на нив, цртани не го интересираат многу, дури плаче од некои, програма за нас пак ич не го интересира. Сака да џапа телефон и да фаќа на него ама не да гледа нешто туку да го чачка, интересно му е дека се мрда. Ако пуштам цртан гледам да е некој од старите, со смирени бои, интересни прикзни, како ВиниПу, Мики маус, има и еден со зајче и глувче, такви се со смирен глас и пријатни, а и ми одговара дека се на англиски оти сепак нема да живееме тука и сакам да го изложам на јазикот додека да се вратиме во Англија. Ама најчесто е пуштено емисии за готвење, АСРМ или серија. Сметам дека се што е премногу е штетно, нормално дека нема да го оставам дете цел ден пред екран, има толку многу активности, ама сметам дека пола саат у ден нема да има кој знае каков проблем. А реално и ние од мали гледаме тв, не гледам некој пеоблем во развој кај нас. Благо со шеќер не давам, исто и сол. После една год планирам малце сол, а шеќер не до 2-3 год(може со исклучоци некогаш) ама сакам да се научи на благо во здрава варијанта, после не планирам да му бранам ама сакам прво да стекне навика за здрава храна и овошје. На крај секој е одговорен за свое дете, не се потресувај од околината ама ич.
Исто и ќерка ми, ако види упален тв целосно се хипнотизира и ништо не перцепира наоколу. Цело време ни е изгасен само се мислам до кога би терале така и од кога би можела да почне да гледа бидејќи вечно нема да може да ја изолираме... Баш се мислев ако вака гледа сега хипнотизирано дали и после би било така.
До 5 месеци на бебе живеевме буквално без Тв. Демек да не свети во неа. Да не ја зрачи и не знам што. После почнавме да си функционираме "нормално". Си гледаме ние и филмови на Тв и спорт. Знам и цртан да и пуштам. Е сега гледа само тоа што и е интересно некои 5-10 минути. Може 3 часа да е пуштено Том и Џери и да не се сврти кон Тв воопшто. А во секундата реклама штом ќе почни, посебно за памперси, со бебе, да се загледа. Реагира и кога гледа, се врти на име, или си "разговара" со бебето на Тв така да нешто многу не сум загрижена. Секако не ја оставам со часови пред Тв.
И моето е така, не трепка, не перцепира ништо друго.. Ова кога се десило други да и пуштат, на гости. Што е до мене не би ни пробала
Со првото дете кога имаше 2-3 мес ни се расипа тв уште под гаранција беше. Шест месеци остави/врати во сервис. Мислам и јас од тогаш се научив без тв да живеам. И сега не пуштам на бебево и мислам нема потреба. Традиционални игровни песнички пуштам на тел и стои на страна. Си играме со рачиња/ножиња.
Моето не се загледува секогаш. Многу зависи и што има пуштено. Татко му фудбал ако гледа оди и ги фаќа фудбалерите еден по еден со прсте. Мене ми е многу поразлична атмосферата со и без тв, сакам да работи чисто за галама, не дека го гледаме. Ако е намален не го приметува, си вртат некои пејсажи. Ама кога има пуштено нешто со многу бои баш се хипнотизира.
7 месеци е. Како се однесуваше мислев ќе извади заб уште на 4мес. Ете уште нема. Од сабајле почна ц ц ц да прави го мести некакп јазикот како да има заб и цка
Моето на 11 месеци почна да ја отфрла втората дремка. Од точно годинка официјално се префрли на само една дремка. Што ти е гајле за околината. Твое е детето, не е нивно. Како си мислиш така терај си. Нема што да им се правдаш, ни објаснуваш. До годинка не пуштав ништо да гледа. Сега само во кола му пуштам песнички. Не сака да се вози, а често сама со него во кола сум, па тоа ми е решение да не ми вришти затоа што не можам така да возам. Благо не давам и многу ми е гајле дали некој се согласува со мене или не. Кога ми коментира некој кратко одговарам, ако се постари - вашето поминало, ви пораснале децата, моето дете како мислам така ќе си го гледам. Ако се помлади им викам секој своето дете си го гледа како си мисли. И толку, не навлегувам повеќе во дискусија.
Како тргна јас мислев до 7 ќе извади, ама еве уште малку 7 прави нема заб. Зш второ дете знам дека не оди така брзо Додека другите велеа дека од 3 ќе вади заб Пуштам цртани само ако треба нешто до вц да претрчам, го седнувам во хранилка и пушам камера за да ги гледам двајцата, морам оти големиот го гњави, знај и да го стега на лице, ама тогаш како возрасен се понаша со него иначе не пушта, српскиве ги сака и како хипнотизиран е. Сам со играчиња се заигрува повеќе од пола сат седи во хранилка, си префаќа, па фрла и се в уста оди