Пробај ама да ти кажам моето и од носко бегаше. Ете така си стои. Пробај со шприц и физиолошки да му го исчистиш. Има овде мамасити што тоа го практикуваа и подобро се покажало така. Инаку носко во зегин мислам дека нема.
Мајки последниве два дена ми одбива да цица преку ден. Многу ме изненади, прв пат вчера одби, и денес еве пак. Преку ден имавме два подои, еден меѓу доручек и ручек, и меѓу ручек и вечера ( не сметајќи го подојот пред спиење ). Дали да ги менувам тие подои со ужинка? Многу ми е рано за ужина, 10 месеци има. Ама па и многу долго ќе биде без храна ако не дадам ништо. Што да правам? И зошто вака одеднаш не сака да цица?
Пробај со ужинка. Т.е. јас би нудела да цица, ако не сака би дала ужинка. Така правам и со мојата. Ако има подој пред спиење и сабајле, и плус ако се буди навечер да цица, доволен внес на млеко има. Мојава имаше период кога ги одбиваше млеката за ужинка па давав храна нешто ситно да јаде, а сега па не сака храна него млеко бара за ужинка. Ќе менува, ама понуди било што, да не помине многу време без ништо меѓу двата оброка.
Да, не рачунајќи ги овие два што ги одбива преку ден, ќе останеме на три подои, сабајле, пред спиење и навечер едно будење. Верувам дека тие 5 му беа и повеќе од доволно, само ме изненади бидејќи беше (и сеуште е) прилично страствен цицач, јас се загрижив како ќе оди одбивањето бидејќи се враќам на работа од следна недела, и некако ми дојде како шок што беше на негова иницијатива. Нејсе, тоа е што е. Што се нуди за ужинка обично?
Верувај ќе се врати и на цицање. Мислам од ден на ден менуваат. Јас давам овошје сезонско какво и да имам, јогурт, палачинка, мафин, шмукалче.
Јас веќе и давам некоја ужинка помеѓу ручек и доручек, оти она сама бараше..беше гладна, ќе и понудев шише не пиеше, ама кога ќе и дадев нешто да касне, со задоволство јаде. И сега немам ни идеа што да и давам освен банана со авокадо, јогурт малку со овошје. Што давате вие? Вие барем имате скоро се воведено.
Уште на глава да застане додека да заспие можам да кажам дека успешно заспива сам во креветчето без моја помош, само седам до него и го гледам. Му требаат некои 15мин да заспие, но за тие 15мин уште на глава да застане. Омилен дел е да ја фрли цуцлата преку ограда, има врвца ама ќе му ја измијам пак намерно и така се смирува. како заспиваат вашите во креветче?
И кај моево истото го забележувам деновиве. Има 3 оброка,за 2 недели планирам и прва ужинка да воведам. Форсирам заради градинка. Има 8 месеци и една недела. Дење не бара да цица,јас нудам,а деновиве обавезно еден подој ми одбива. Вчера дури ме загрижи пелената речиси сува пред спиење кога му ја менував. И вода слабо пие. Педијатар вика цицање дење дури после ручек. Добро он си има и добра тежина 9.900г. Ако поминале 4 недели од воведување трет оброк можеш да дадеш ужинка.
Оооо мисловна именка да заспие сам во кревече. Како бебе заспиваше во креветче, од регресијата на сон во 4 месец сето тоа стана невозможно. Моето во раце сака да се гали пикнат во мене. За помалку од 5 мин е заспан, некогаш ми се чини за 30 секунди е готов.
Ќе земам денес. Дадов домашна Јас мислев после година дека треба ужина. Моево и цица (и тоа бара цело време, иако мислам дека сака да е лепак за мене и тоа го прави за близина) и ад пие (2 пати на ден) и јаде 3 оброка и ништо не одбива од ова. Сега ме замисливте дали треба нешто да сменам.
Јас како што знам, се дава на пример на 6м прв оброк ,на 7м втор оброк,на 8м трет оброк,на 9м прва ужина,на 10м втора ужина. Со ужините ги кратиш подоите или ад млекото. Од еден оброк (ужина) до друг да има барем 4 недели растојание.
Епа ја наместо трет оброк вечера, ужинка воведов . Ама ја следам неа како бара. Од 8-9 зависи како стане доручек. 11-12 ужинка 15-16 ручек Млеко пие пред дремки по малку. Спие уште три пати. И вечера планирам кај 18 и после во 19:30 млеко и спиење.
И моето е исто. Ќе се најаде и за саат и помалце цица. И шмукалче и овошје да дадам не одбива. Официјални ужинки немаме, мислам дека и да имаме пак ќе бара да цица.
А зошто цицање тек после ручек? Јас мислев дека ужина се воведува после 1 год, затоа и не нудев. Планирав откако ќе почнам на работа да пие ад наместо да цица преку ден. Ама ако може ужинка па зошто да не. И синко не пиеше вода до пред некое време, сега го кријам шишето од него бидејќи се научи и да игра со него и цело време е мокар.
На нас така ни кажа зошто бебето на 8м тежи 9900 и долго е над 75см. Дека нема потреба од тој подој меѓу појадок и ручек,да понудам ужинка. А и дека се спремаме за во градинка,да не ме бара за спиење. Ма да заспива со нишкање,цица кога ќе стане,ако му понудам јас. Затоа пак ноќе е цицалче. Доени бебиња тешко прифаќаат ад. Имај го тоа на ум. Кога бев болна и ми беше намалено млекото пред месец ипол,понудив ад едвај со триста маки испи 80мл. Претходно неколку дози фрлив. Среќа ми надојде повторно млеко. Исто така,според нашиот педијатар до 1 година е сосема доволно да пие млеко,потоа ако внесува доволно млечни производи нема потреба + млеко.
Леле новиов скил им е што да ти кажам. Првото влечење од цевка ја пие водата. После влече и плука и паѓа од смеење. Почна истото и со храна и млеко да го прави
Јас почнав да го спремам со ад лека полека, успех се и 20мл, се молиме по 20 мин. Ама па си викав кога нема да сум дома сакал нејќел ќе пие ад или ќе седи гладен. Синко е 10кг рамно, ништо не ми спомнаа на преглед во поглед на ограничувања за доење. Тука па после 1 год викаат нема потреба за ад, доколку цица ок е да продолжи за комфорт, доколку е на ад да се прекине и да се почне само со цврста храна.
Пред некој ден бевме излезени и две маички утоп ги направи со водата, немав преслека. А ако му ја земам од раце тогаш плаче