Тие се 400ие во капсула, а ние даваме Пливит 4 капки (800ие), значи би давала по две капсули на ден така? Математички прашања
Јас давам 2 твист оф капсули бејбитол. Така терам од 8ми месец плусминус. 11ипол е сега. Споделувам само, не знам дали сум правилна, одамна се немам консултирано.
ПливитД3 - 3 капки и една Бејбитол Д3+Омега. Ова е доза од ортопед што ни е препорачана. Ако користите цуцла пробај одма откако ќе му дадеш Пливит на лажиче да му ја ставиш цуцлата, така нема да ги плукне. Ние со нив немаме проблем, ама пробиотикот знае да го плука некогаш. *Дур сме на темава. Вие со бебиња 11+, затворена ли им е фонтанелата?
Моево е едно од ретките бебиња изгледа што и цица и се тепа за шише. Го пие ич како ништо. Ама луѓе не можам веќе со нејадењево, гладен е знам, оти леб и овошје и грчки/кисело млеко колку и да му давам ќе јаде. Се друго одбива. Кога е гладен бара да цица, не можам да му забранам, немам срце, се тегли, млаче, се мушка, ми дига блуза. Живци искинав ако верувате, за се друго храна прави гадлива фаца. Амн веќе не знам ни како ни што да спремам. Сол кога дававте и кога планирате? Може така ќе почне малце да јаде, вака стварно не знам што да правам, скоро месец и повеќе е вака.
На предната мислам да и како што знам задната треба до 6 месеци, предната до 12. И на син му не му е, има уште едно мало местенце што е отворено, па мислев да не треба да превземам нешто зошто за месец дена полни година.
Стави слободно неколку зрна сол, копар, оригано, босилек, праз..додај вкус на јадењето ќе почне да јаде
Предната почнува да се затвора од 6 месеци и треба да се затвори најкасно до 24 месеци. Најчесто се затвора на околу 14 месеци. Кај секое дете различно. Кај синко скоро затворена е. Не е добро да се затвори пред 6 месеци и после 24. Ова се информации од прва рака
Инаку да го пофалам синко, уште два дена само на вежбање ќе оди. Почна да седнува. Само треба да се усоврши. А за лазење на 4ри малку потешко оди и затоа не го форсираме. Таа што го вежба вели тој се исправа и оди придржувајќи се и затоа тоа тешко оди. Ама не е морање, битно почна да ја зазема 4 ножната положба за да седне. Што беше и целта. Ама многу е смешен како седи и зазема 4 ножно и одма сака да се спушти да лази војнички. Таа го задржува во 4 ножна позиција и тој се враќа да седи не сака да тргне да лази така и крај. Своеглаво човече е, цел на мајка