Не се секирај, ништо не треба да преземаш. Не мора до година да се затвори, до 2 години треба. На поголемото дете на 2 години му се затвори. Фонтанелата нема врска со витаминот Д, така кажа ортопедот кога се секирав што уште не му е затворена пред да направи 2 години.
Јас не мислам дека солта ќе ти помогне. Има деца јадачи и деца нејадачи. И јадачите некогаш ќе одбиваат и нејадачите ќе прејадат кога тогаш. Верувам дека е нервозно зошто имам среќа што е сештојад, ама не си стварај стрес и нервоза. Нека е жив и здрав, нека е крвната слика добра и нека си напредува, ќе си пројаде поразновидно со тек на време. Ако сака грчи користи го почесто, оди со скоро секое јадење. Сол јас планирам по малку негде после 13-14 месеци да почнам, ама не мислам дека е пресудна дали ќе јаде некое дете или не.
@Ceneva штом почнал да седнува,пробај дома на подлога стај нешто стимулирај го за што несмее како далинско и слично ќе пролази, моево за да ми ја докачи тетратката што учев почна да лази предтоа само наназад и во круг
И јас исто. Подобро дај некое несолено сирење (пак е солено) па види така дали ќе има ефект. Не верувам дека прават разлика солено/несолено и дека тоа менува. Не знам, бар рака мислам. Чисто да споделам. @1209
Влечките ни се најголемата цел ама тој си сака војнички и крај. Кога го фаќам за да лази на коленца како што ми покажа физиотерапевтот тој се враќа да седне и се лути. Или легнува со главата на подлога со газот кренат горе и не мрда Знаев дека ќе биде тешко зошто е своеглав многу. Ама ќе повторуваме секој ден по малку и ќе му кликне во главчето. Не сакаме многу да го форсираме да не створи одбивност. Така малку по малку и ќе биде. Терапевтот ни вели тој е понапреден за неговата возраст, само тој мал дел од целокупната слика му фали што тој сака да го скокни. Ќе биде се кога ке му кликне нему, битно знам како да го стимулирам низ игри. Инаку фала на сугестијата.
Исто. Само фрлам храна. Овие дена само на шмукалчиња е. Правам настрана овес за да подметнам колку толку во лажичето. Истата каша ја правам, пример банана, јаболко, круша, се трудам дури и текстурата да е иста ама не, сепак шмукалчето победува. Очигледно дека е поблаго, друго не знам. Зеленчук никако ни во домашни ни купечки каши. Само морков, спанаќ, цвекло, ретко батат - тоа што може да се стави во овошните.
Исто и моево сака само смукалчиња. Ама еве денес качи температура, па јасно ми стана зошто ептен одбива да јаде. Секако не е јастелито дете, али ова... И за зеленчук и за месо да не правиме муабет... Последниот пат кога се разболе почнав со wellbaby, ги давав можеби месец дена. Прекинав пошто веќе оздраве и си јадеше задоволително, ама сега кога тргна на градинка пак ги почнав. Пробај со нив може ќе направи промена, околу 900 денари се и траат долго. Не велам дека апетит му отворија баш тие, ама вреди да пробаш мoжеби. Инаку гледав по нет едни "ќесенца" налик шмукалчиња што се реупотребуваат. Ти дома да правиш смутиња и да си ги полниш, а после се мијат. Ако знае некоја мајка од кај може да се најдат нека сподели.
Мајки што сте без помош, како наоѓате сила и време за готвење 2 јадења за секој оброк, да средите кујна, па и себе? Почнати на работа оспбено, со енергични деца? Преморена сум се трудам ама не ми успева душа немам на крај на денот и пак дома ми е тотален хаос
Twistshake https://www.annifarm.com.mk/product/twistshake-3x-стисната-кеса-за-овошје220ml/ Ги има и во Еурофарм
Остај хаосот за викенд. Гледај тоа што е приоритет. Место да средуваш, седни одмори душа и така утре ќе биде пак растурено. Тоа што ќе дадеш за ручек дај и за вечера ако можеш за да си олесниш да не правиш 100 пати.
Лајкот е за поддршка. Откако почна малово да јаде по 3 оброка мислам дека цел ден го поминувам во кујна. Готви,миј,спремај. Среќа големиот што речиси секој ден руча исто со нас инаку кај ќе ми биде крајот. Ме фаќа страв како ќе биде кога ќе тргнам на работа. А бебево уште се буди ноќе по 5-6 пати...
Наоѓам зошто морам и сакам да се храни/ме убаво. Работам од дома, па тоа малце олеснува. Малиот ми е под саат со спиење и јадење, малку да се деси отстапка одма ми се пореметува сѐ, ама сеа тоа е, не сме машини. Најчесто планирам од претходен ден што ќе јадеме. Готвам ручеци што “се прават сами”. Претежно тоа е печено месо со прилог зеленчук или некоја манџа, ретко пржам зошто немам време, а и не сме љубители. За малиот готвам паралелно дур спремам за нас. Кујна се чисти на крај од денот, некогаш чисти сопругот, некогаш јас. Утепана сум кога ќе дојде 22-23ч, ама вреди секоја мака, за убаво е. Во меѓувреме малку ќе си помрмкам, ќе му се пожалам на маж ми и одма ми е полесно.
Не знам колкаво е детето ама не е лошо некогаш и купечки оброк да касне. Знам дека домашно е најубаво и најздраво ама и јас во трчање, посебно кога баби чуваат гледам и нив да им олеснам и сама себе. Месо предвреме сварено после само со зеленчук да се доспреми. Обавезно чувам кутија со инстант житарки за појадок ако веќе не стасам друго наутро. За појадок ако давам вафли, крофнички, проја мафин и сл, правам повеќе и по некое парче замрзнувам. После само да додадат овошје, јогурт и слично. За чистење низ дома се менуваме со сопругот. Перење за викенд. Пеглање само тоа што е неопходно. За нас готвење како ќе стасаме. Бар два пати купуваме готвена храна. Имам и јас чувство кога ќе влезам од врата дека во хаос живеам меѓу другото посебно како што ротираме мебел бидејќи ќерка проодува ама се надевам дека за некој месец ќе се средиме, ќе вратиме во нормала. Не сме без помош до толку ние. Имаме кој да почува дете по потреба. Ама сепак гледам до максимум што може сами.
Може ли да ми кажете каков ви е распоредот на јадење со 3 оброци + млеко/цицање? Мислам дека некако на мн. мал размак ми е ручекот со вечерата и пред спиење млеко, па се мислам едно АД дали да исфрлам. Сега и давам 2 пати (после прва дремка и пред ноќно спиење) + цица кога сака.
Појадок 9-10, цицање 12ч.(почна да ми одбива денско цицање,наскоро ужина ќе му воведам) ручек 2,2ипол, цицање 4ипол, вечера 6ипол. Цицање за заспивање околу 9.(и уште 5-6 пати ноќта)
Од доење се губат кг, не викам не. Ама најмногу ослабев откако почна да јаде 2-3 оброци во денот. Исто чувство, по цел ден во кујна, само спремам, само зачистувам. И пак цело време кујната е хаос.