Овој распоред го практикувам и јас Само мојов си сака да си цица. Многу пати и по оброк бара. Не цица тогаш многу ама бара. Мислам дека е затоа што не ми пие вода. Никако не ми прифаќа вода. Пробав секако. Сега и чашка со клунче давам, од неа пак голтнува некоја голтка.
Исто и моето, бара да цица од жед не од глад. Сега почна од стаклена чаша да пие, ама поинтересно му е да чука со забот отколку што испива.
7 месеци утре Станува од 6:30 до 8ч - цица После кон 9-10ч заспива со цицање Станува за пол сат - поручува, до 11 е поручан После пак цица кон 1ч и заспива Ручек 15ч Пак по 2, 3 сати цица и заспива, спие 30тина мин, па после цица пак кон 17-18ч и пак пред заспивање 21ч, не е секогаш вака, ама си цица на побарувачка. После цица кон 1 или 2ч па кон 5,6 така некако, ноќе 2 или 3 пати цица. Последните дена маки мачиме со дневни дремки, треба 14 сати да спие тој околу 12 до 13 ги спие. Писка во сон плачи од непцата што го болат е мислам. Згора на се кашлица која трае 2 недела, денес и мрсули имаше, кај матичен бевме пред 2 дена нема ништо, денес пак ќе одиме дека викенд иди.
Кога почна да јаде исто како вас големото? Барам да убрзам некако Добар совет и хаосот треба да се прифати. Го замрзнуваш, така? Разбирам, и така е тешко кога си вложена 100% како што звучи. Ме насмеа со мрмкањето, мене да ми олеснуваше од тоа ќе немав мака, ми се чини цело време мрмкам Фала ви женски, супер совети и вистина за убаво е, ќе издржиме
@kozuf , да. Варам поголема количина, делам по околу 30-40гр варено и во теглички заедно со водата во која се варело замрзнувам.
Уфф точно не знам да ти кажам,ама некаде после 1ипол година почна да јаде манџи со нас. А од кај 4тата година почна да јаде лазањи,пастрмајлии,помодерни јадења
Да, пред некое време почна, 11м има. Секој ден си ја шлапа главата со јадење. Јаде сам па ќе му текне да си ги стави двете раце на глава и ги држи баш како многу проблеми да го мачат. Spoiler: Резултат
Да ми предложи некој што да земам против чешање? Многу се чеша на шијата, на свивките на нозете, а вака нема ништо чисто е. Од почетокот имаше потсечување на тие места ама пред некој месец поминаа скроз. Ама многу ја чеша и се нервира. Што можам да ја мачкам секојдневно да ѝ помогне? Во странство сум, педијатарот тука само тестери ми дава од Бепантен, ла Рош и вика пробувај од се ќе видиш што ќе одговара. Сакам да земам нешто да ѝ престане чешањето бидејќи знам колку е нервозно тоа, ја сум цел живот така. Секој совет е добредојден
Моето е/ беше цела испоисфрлена со егземи и чешања. Па исто е. Треба стварно да се проба. Имај среќа што не морате кортико крема. Еве три недели мачкаме и пак и пак. И не открив од што се. И педијатар и дерматолог. Сто креми сменивме. Бепантен сензидерм. Еубос акут со 7% активна материја. Атопиконтрол Еуцерин Или Атодерм. Пробувај. Купувај најамли пакувања и пробувај што ќе помогне. Дерматолог вели може да менуваш креми додека погодиш. Што повеќе да кажам. Ние полудевме. Најверојатно е генетски. Повеќе од три месеци е вака. Една крема помага некогаш, некогаш не. Да полудиш. Еве сега пак ќе нарачувам нови тури. Кај моево избувнубаат пред да излезе заб. На два пати имаше така акутно и после следеше запче.
Мајка и Давид се исфрла егземи пред да вади запче. Од многу лигавење лом се прави на брадата. Нас ни помогна на Becutan SOS baby cream. А користевме и една на природна база за егземи ама не се повлекуваа скроз. Почнав со бекутанот и се исчисти.
На рачињата има неколку крукчиња суво, а ваму кај што се чеша нема ништо. Можно е да е егзема? Исто на брадата исфрли малку како ситни брунчиња откако почнавме со јадење и целата лом се прави со храната. Фала ти, ќе пробам и тоа. Чешањето е посебно на шијата и нозете и тоа повеќе изразено е кога треба да заспие, или ќе се разбуди ноќеска цела се чеша и кенка.
Такви се егземите, црвено на почеток, потоа суво кругче. На нозете назад се прават, на лактите, општо на раце, на газе, на меше ма секаде имаше. На акутно ставај крема со кортико, да се смири потоа некој крем. Биодерма атодерм и маслена купка јас користам за големиот (5год). Моментално цел газ му е издрпан и на лактите, од бебе си има и еве цело време не престанале, само се намалија, мачкам со бетаметазон кога се воспалува, зимно време е поизразено потоа понема.
Да ве прашам уште нешто ќерка ми кога спие почнува како да ика незнам како да обијаснам тоа трае некогаш 30 мин еднаш траеше 1сат и 30 минути тоа се случува на месец еднаш па незнам некој вика можно е да сонува нешто ја однесов и на доктор му направија ЦТГ на главата па чекам да ми кажат дали е се во ред со главчето па ме интересира дали на некого му се има сличено
До сега сите мајки што ги имам прашано викат дека не се случувало така со нивните деца се надевам нема да биде ништо сериозно