Скоро 12++ сме, убаво вечерва се најаде и пред спиење му дадов само една боба , се задави и се исповрати... Дали сега спие со празно стомаче?
Од кога воведовте цвекло, грашок, леќа, кромид и како? 7ипол сме уште сака мазни кашички ептен блендирано.
Јас околу 7 миот месец воведов се што имаш напишано одвен леќа. Леќа му немам сеуште, не од што не му е време, туку ја имам заборавено ете што ново имам на список Но мислам за бебе треба црвена, така ли беше нека кажат другите мамасити. Инаку готвам во авент апарат на пареа и после само блендирам. Сакаш како сецкано сакаш каша фина. Цвекло воведов преку готова каша на holle, во комбонација е со јаболка банана.
Цвекло домашно сварив и замрзнато мн го сака и многу се убави кашите, леќа црвена од дм воведов на 8+, кромид на 7месеци воведов и ставам скоро во секоја каша, грашак немам сеуште воведено 9месеци сме
Домашна каша правев, батат, грашок, морков. Сега додавам на таа комбинација и кромид и некогаш месо. Ние скоро 10 месеци имаме. Месо воведов со 7 и пол. Инаку леќа е со 8 + како што има пишано членката погоре. А грашок од тој што правам за нас и во неговата каша ставам. Замрзнат што купувам или од пазар
Јас давам секакви. И секоја форма и секоj состав. Како ви изгледа успивањето? Нашето не е успивање, туку е борење и трае 40 мин-1 час. Од заспивање на спална со гушкање за 5-10 мин, сеа е во фаза ко да бркаме дива свиња низ спалната. Трие очи, му се спие, ама не се успива. Буквално е преморен и прави секакви глупости. Работ на спалната е најинтересен нормално, па се тегне на рамката од спалната, па мава со цуцлата, па се смее ко зелен. За да го успијам морам да го гушнам малце посилно за да не може да мрдне, па се буни минута две со плачки бидејќи сака да избега, и на крај заспива инстантно од премор. Не сакам да го успивам вака, ама немам алтернатива а ни живци повеќе.
Имавме и ние таков период на успивање. Немав и јас друга опција туку да го стегнам в раце и да го успијам за три мин. Сега се успива да не речам сам ама пак во раце. Си ја мести главата и почнува да си пее ммммм и заспива. Ќе помине само стрпление
Вечерното заспивање кај нас е такво, и на крај заспива со цицка во уста. Не знам како ќе заспива кога ќе се одбиеме. Дневното успивање се одвива во нишалка и тука спие, зошто немам сила за уште две такви успивања.
Нема шанси да го гушнеш моето. Ниту сака да се гушне, ни да го нишкаш. Сам заспива во креветчето после 15мин непрестајно вртење, "лазење", удирање на главата од решетките..акробации милион.