Исто ((( Се бркаме на кревет, се и е погодено и дремки дневни и распоред и се, и пак секоја вечер е борба
Кромид од 6м а останатите намирници од 8м. Леќа црвена дадов. Бидејќи цвеклото се вари со саати можам ли да го замрзнам и на кој начин? Хемоглобинот му е на долна граница па имаме препорака за храна која содржи железо. Освен телешко,цвекло,спанаќ, јајце..што друго можам да давам за да го кренеме железото?
Какао можеш да му воведеш, тоа е полно железо. Блитва можеш исто така, која има поголем процент на железо чак и од спанаќот. Просото има железо, амарант, киноа... Скоро сите житарици имат железо. Друго ако се сетам пишам
Варам цело цвекло со кора. Сварено кога е, го лупам, оставам да се олади и исецкано ставам во зип кеси и во замрзнувач.
WellBaby на Vitabiotics давав јас за таа намена, првпат дадов на околу 8-9 месеци. На упатството вели дека се од 4 месеци до 4 години. Кајсија, просо. Јас многу форсирав просо баш заради тоа. Гледав во секој оброк да има извор на железо, ама не му мрдна многу на моево, може има врска тоа што не е некој јадач. Секако препорака на педијатарот беше да пробаме прво со храна ама и покрај тоа си паѓаше хемоглобинот и почнав да давам Малтофер. Ако си апнува твоето не се откажувај од исхраната најпрвин. ______ Него, што им се дешава во главчињата две три недели пред првиот роденден? Детето ми е станато доџе ми да вриснем. Пискања кога нешто не е по негово, тегнење и џиткање на назад кога го зема некој што во моментов не му се свиѓа, бирање како да се јаде и дали воопшто да се јаде, будење едно 10 пати навечер со плачење со солзи со чуда. Совладуваат нешто тој период или? Едит: и ептен, ама ептен залепено за мене не можам да прднам.
Исто сесре ела да се гушнеме. Заспивање со плачење а и се спие. Изводи триста глупости, и се смее сама со себе што напраила. Буквално на глава стои со газот у вис и се кикоти. Ако нешто не е по нејзино крокодилски солзи. Само се мази и гали, пишти и збори нешто по нејзино. Не ми изгледа дека ќе се пушти да оди, не сум приметила нешто друго да прави. Не знам што и се дешава.
Скроз исто. Дааа, многу се гали. Ама галењето му е така насилно што еден ден усната ми беше подувана од него, мраз ставав. Спие до мене, се буди сабајле и некако како да сака да ми се џитне, дали да ме гушне, да се милува не знам, ама така силно со главата во устата ми се акна. Инстантно се подув како од фајт клаб да сум излегла. Исто, ми го изгреба окото внатре, ја не знам како успеа, па цел ден гледав светки. Значи воопшто не е романтично како шо мислев дека ќе си се галкаме со детето, ќе си се нишкаме, ќе си играме. Не луѓе, он ме тепа. Ја не знам како ќе се снајдам со фамозните terrible two. Не примеќам ни јас дека нешто ќе се ослободува за одење. Едино по “зборлив“ е, има некои нови звуци, слогови. Не знам јас како од бајче бебче добив ѕверче. Се пожалив онаму од маж ми, тука од детето, ќе испаднам јас терсене...
Абе истото. Со гребаници се шетам и истото го прави. Се џитка за да ме гушне. Ме "гали" по уста, уствари ме тепа и гребе. Бесна е, пргава. Да е жива и здрава само. Ама допрва мислам ќе биде весело.
Исто! Ме гледа и намерно ме гребе. Си викам: така те сака, затоа Пробувам демек да и покажам како со гали ама нема шанси да биде нежна.
Хахах исти ни се на сите ѕверчињата што се ближат накај годинка. Исто и моево е двеста на саат, ете го денес подобар е и без температура и ми ја извади маста за тие три дена што беше мирен. Уште на глава нема застанато од сабајле, се чека до вечер и тоа да се деси. Ме тепа, ме гребе, ме гризе за нос, уво, брада, образи. Ми ги фаќа трепките со показалец и палец и ги тегне, ми брца во нос тоа веќе стандард и ми ги тегне капаците. Прекјут ми е се, така милост покажуваат, затоа и не се бунам многу. За многу брзо ќе преодат и нема да можеме да ги земеме во раце за да ги измилуваме, така да ќе си шетам истепана уште некое време. Најново од тема збеснитис му е тоа што цица седнат "крстомато" пред мене, се мора да е на мегдан и да седам мирно зошто господата сака да мези паралелно од двете.
7++. Веќе трети ден ми тера со две дремки. Во 19:00 е кома заспан. Дневно спие вкупно 2 часа. Нели е малку?
Како се справувате со бегање гол газ од подлога. Едвај пелена ставам. Се чувствувам како со лав да се борам, а не со дете. Не застанува луѓе. По бесен не може да биде. Нели бевме на вежвање хаха, и наместо да лазиме ние усовршивме станување. Тоа што си сака тој и крај, па ти на глаа намести се ако сакаш, се е џабе. Седнува сам само кога сака. Абе детево ми има карактер и крај на приказнава. Нека е жив и здрав, како сака нека тера. Инаку за мазимец најголем е. Како знае да се милува само, да се стопи човек се гушка, ме бакнува, ама знае и да ме гризи, куби за коси, да ме штипи за врат, за образи. А најново за брадавиците ме фаќа со палчето и показалчето. Многу љубопитно и слатко делува ама кога ќе стисни мислам в мозок ми бркнал. Сега ми е мачно, грб ме убива од што не е застанат. Но моментот кога ќе прооди ме плаши, зошто знам што ме чека дур тогаш. Нема да можам ни секунда да го оствам сам. Ама тоа е што е, колку брзо растат после ќе ѓи барам овие денови ама...