Абе шо ако испушам цигаре, коа ќе се се вратам, внатре ќе е пак истиот ѕвер. И со испушено и со неиспушено цигаре. Нема да запалам само оти знам колку ми беше тешко да ги баталам, па ако сака 10 регресии и умници нека ваде истовремено. Мавните тоа јас ќе кажам. Моево заспа после бањање. Мајка ми и татко ми беа овде баш додека го бањавме и останаа подзинати колку е немирен и all over the place, движи мислиш струја ќе произведи. Јас со температура на сета немаштија, маж ќе тргнува на пат 4-5 дена, Господ нека ми е на помош. Ми се плаче хехе.
Јас од утре почнувам на работа по неколку саати. Ќе ја чува свеки утре па се мислам на што ќе личи тоа и како ќе биде. Досега не ја заспала ни еднаш, а некако и и е страв, а она осеќа и бетер се бунтува. Дали ќе биде мирна, дали ќе вришти, дали ќе се снајде. Од друга страна, знае свеки да си тера по нејзино, да и даде она што мисли без да праша или да и пушти тв иииии тоа многу би ме изнервирало. Да и стаам камера и во дневна Оф леле, не знаев дека ќе станам ваква потресена мајка што се замара ама се замарам.. Би ја пуштила во градинка ама попладне сум на работа, бош време од 2..
Обично со други (баби, тетки) побрзо заспиваат, од искуство, друго ако и пуштат малку цртани не е крај на свет, само ако треба да јади кажи и што, за др ок ама да не даваат глупости за јадење, или остави готова каша или стави рецепт иста бев за првото. В градинка е убаво за детето ама и дома е убаво со баба која ќе му посвети многу поќе љубов и внимание. Ако не оди пуштај дете в градинка. Од кај 2 год ок ми е за в градинка, големиот од 2 год и 2 месеци почна. Ама малово од 9 месеци ми се плачи оти знам колку ќе биди преслечено и најадено таму од искуство... Имам мала надеж дека ќе можи мајка да го чува Мислев во мајчински пишам Бебе со мрсули, кашла веќе 3та недела, претежно на сабајле, чисто на грло и плуќа, што е ова нз јас заби нема.
Јас ден два пред да тргнам на работа пред сите кажав, ако успее некој да го заспие моево јас првата плата ја оставам на маса. Еве сите ме чекаат да ја делат. Пишав дури на темата откако тргнав. Се изненадив колку е друг со бабите и за јадење и за спиење. Јас повеќе се мачам за спиење отколку тие, бар кај мене така испадна. И на свекрва ми и и на мајка ми им беше страв, осеќаа несигурност, ама нормално. Ќе си се здушат, ќе се зближат. Баба е фигура у живот. Секогаш има опција градинка фала богу, ама зборот ми е мислам дека пријатно ќе се изненадите сите околу снаоѓањето.
Ај и тука да си прашам, во Доење не добив мислења. Малиот ми е скоро 1 годинка. Планот ми е да го дојам здравје до 2 години. Е сега маката е што летово во Август имам службено патување надвор од државата и ќе треба да бидам отсутна 4 дена. Не сакам да го одбијам, рано ми е. Од шише нема пиено никогаш. Знае да пие ама не сме имале некоја потреба до сега, а и не сака баш. Планирам да се молзам и да чувам млеко, па дур сум отсутна да му нудат шише. Колкав е ризикот да си изреметам сѐ? Со мене ќе носам пумпа за да се одмолзувам нормално. Ама страв ми е дека или ќе штрајкува и нема да сака да пие од шише, а и дека кога ќе се вратам може да не сака да цица од мене. Рано е знам, ама откако ми кажаа за патувањето секој ден ми брчи ова во глава. Претешко ќе ми биде да се одделам од него, ама убаво би било да одам, се очекува тоа од мене. Лани беше премал и уште бев на породилно, ама сега веќе ми е глупо да ескивирам. Дали некоја од вас била во ваква ситуација и какво е вашето искуство? Сакам со време да си направам план и да успеам кога ќе се вратам да продолжам со доење.
Планот ти е ок, доколку би била во твоја ситуација така би постапила,а до тогаш ќе има година и нешто така што и да "штрајкува" со шише ќе има оброци ужинки и слично нема да е гладен ... мислам дека кога ќе си дојдеш се ќе биде исто дурии и очекувај да е поприврзан за тебе а да се одбие немислам бидејки ние сме комбинирано и пак си сака и цице а и шише [се надевам "помогнав"]
Ќе ти пишам како ќе поминиме ние, само да помине се во ред со големиот, в понеделник здравје одиме на операција, млеко си замрзнав си велам дека е доволно за 3 дена, ќе се молзам на болница и ќе турам млеко оти нема кај да стерилизираш таму, само да одржам лактација. Бебево има 2 оброци, млеко мое пие од шише, АД не купувам, ако не пие или ако не стигни тогаш ќе купат, ако треба и 3 оброци ќе му даваат. Се надевам дека се ќе биди во ред прво со големиот, па после се останато. Имам страв огромен за целава ситуација. Сакав да прашам на 7+ месеци колку мл ви пијат бебињата тое што се на АД? По 150мл ми се замрзнати кесите. Мислам малку е 150мл?
Моето преку ден многу ретко да испие цел оброк. 90 па 120, некогаш одеднаш 120 па после уште 90. Мноогу варира. Пред спиење одеднаш пие и по 240. Ако можеш направи повеќе ќеси по 120 и нека комбинираат.
Да "голем" ќе биде здравје тогаш, година и 4 месеци и сигурно ќе сме сведени на 2-3 доења, ама сепак. Не ми е толку страв од тоа како ќе се справам со градите, колку од тоа дали ќе сака да се врати да цица после тоа. Ич ама ич не сум спремна на тој начин да го прекинеме доењето, многу ќе ми биде криво.
Бела немам искуство со ова и помало ми е бебето, но на 5 месеци требаше да отидам на операција па консултирав консултант за доење, ми рече дека веќе толкаво бебе нема шанси да се одбие од града за неколку дена. Јас ја одложив операцијата од страв да не се одбие и пошто имав мака со мнооогу млеко па страв од мастит (не беше итна операцијата) така да не знам како би било да отидев, ама чисто да споделам што ми кажаа мене. Секое бебе си е секако различно...
@lackygirl Не сум во тек што се случува, само сакав да посакам со лесно да помине баткото голем, ќе биде добро. Децата се силни, му посакувам што побрзо да закрепне.
Јас бев во таква ситуација сега скоро, на службен пат бев 5 дена. Малиот исто 16 месеци, а цицаше само пред спиење и некогаш кога ќе се разбудеше на сред ноќ. Во периодот додека бев отсутна млеко ни од шише, ни од чаша не сакал да пие, а кога се вратив воопшто не побара да цица. Само мене секако ми беше во план овој период да го одбијам. Вакво беше моето искуство, се надевам кај вас ќе испадне како што си планираше.
И јас мислев да зборам со консултант, да видам чисто какво мислење има. Јас сум си склона на мастит, 3 пати правам во овие 11+ месеци доенечки стаж, така да ептен сум специфична, не знам.. Тоа е добра опција за одбивање, да си отсутен неколку дена. Ама јас од оваа перспектива би сакала да цица малку подолго од тоа. Му понуди и не сакаше или воопшто не нудеше и не побара?
120-150-180-200 зависи колку била гладна преку ден. Ако ручкало и цицнува пред дремка му е само колку да се напие од жед. Не мора многу. Ќе ти завршат тие работа од 150. Може и многу ќе му е. Пред спиење 200-220 имај поголемо и ноќта кога се буди исто 150/180 мл. Колку пати цица ноќе? Ако е повеќе пати по помалку 150 таман ќе е. Кај мене еднаш станува и пие 180. Со лесно сваќе. Да помине веќе еднаш аман.
Сам не побара воопшто, ни кога влегов дома, ни пред спиење. Кога му дојде време за спиење отидовме во спална, се навали само на мене, се погушкавме така и за кратко си заспа. Искрено, мене веќе ми немаше смисла да го нудам, кога ни сам не бара. Дополнително што ми беше мотивација дефинитивно да пресечам е дека почна да ја преспива ноќта. Претходно се будеше многу често секоја ноќ. Плус и воопшто не плачел првата вечер без цице. Си легнале со татко му на спална и си заспал без проблем. Следните вечери било исто. Јас за секој случај се измолзував тие неколку денови додека бев отсутна, за да немам мака со градите и затоа што не знаев како ќе реагира кога ќе се вратам. Да плачеше/вриштеше да цица, ќе продолжев уште некој период сигурно затоа што ќе ми беше жал. Ама ме пречека насмеано бебенце и си реков доста е Мислам дека ако го вратев на цицање само ќе го изреметев и следно одбивање можеби ќе беше трауматично за него. Вака како што испадна, супер поминавме.
Син ми нема да го чува татко му, заедно ќе одиме на патувањето. Моите ќе го чуваат, а никогаш не преспивал со нив до сега. Он вака не е захтевен, секој може да го успие, со секого сака да игра, да се дружи, дури и со луѓе прв пат што ги гледа. Така да од таа страна мислам дека ќе немаме проблем, освен ако до тогаш не се смени. Ама за цицањето не ми беше таков планот. Свесна сум дека е доволно и година дена да цица, ама не знам некако во глава си зацртав да цица до две. Е сега едно се моите замисли, друго е реалноста. И он станува ноќе, цица во полусон најчесто и брзо презаспива. Тоа и не ми е толкав проблем, очигледно се навикнав. Иако сигурно би било поубаво и за него и за нас да ја преспива ноќта. Ништо, тоа е. Времето ќе покаже како ќе се одвиваат работите. Сѐ зависи од тоа како он ќе се однесува кога ќе се вратам.
Синоќе му дадов едно смукалче од тие на Бејбилав, до сега немав давано. Касно видов дека се 1+, ама ајде тоа и не е така страшно пошто за 20 дена полни годинка. Ама се исфрли цел околу устето набрзо откако го изеде. Некое ноќно смути е, слика подоле. Ништо од составот не е ново за него. Не знам од што таква реакција. Мачкате ли нешто во ваков случај? Ептен е жален. Му ставив Биодерма Атодерм зошто немам ништо друго, ама не го смири.
Проба да му го измиеш само лицето со вода? Тоа беше советот од педијатар за моиве кога ми се исфрлија од модар патлиџан.