Јас од кога сме почнати со вкусови давам шмукалчиња спрема тоа што имаше пробано или нов вкус да е само 1 вклучен во шмукалчето. Ги мешав како каша со плус пробано овошје или житарка, не се случило да има реакција. Не викам дека не е од шмукалчето, може некоја состојка не му одговара. Инаку кај моево со Бепантен поминувало црвенило. Најчесто од сонце или ветар и се прави.
Не му е прв пат да јаде шмукалче, ама прв пат јаде од Бејбилав. До сега јадел од Хип, Холе, Бебевита. Сите состојки ги има пробано и ги јаде редовно. Овес, банана, јаболко. Млекото ме буни само, зошто и млеко има во составот. Кога воведував млечни производи покажа мала реакција, ама сега веќе редовно јаде грчки јогурт, обичен, моцарела итн и немало реакција.
Нема врска млекото со млечните производи, може да е реакција и од млекото што е во шмукалчето, без разлика што јаде преработени. Мојата кога јаде шмукалче, знае да се зацрвени во образите ако има на пример концентрат од лимонов сок во составот.
До сега ми нема покажано реакција на обичните овошни шмукалчиња. Ова беше некое ноќно, затоа имаше и млеко во составот. Сигурно затоа е и 1+ обележано. Не ми е баш јасно тоа, ете и во ноќните каши има млеко така? Тоа е преработено исто како млечните производи (јогурт, к.млеко и сл) или не? Малце имам нејаснотии околу млеко и млечни производи.
Во тие каши е млеко во прав употребувано ако не грешам, исто како во ноќните инстант каши. Како е му се смири осипот? Инаку јас влегов да се фалам, синко официјално пролазе на 4 ри . Пресреќна сум да ви кажам . Не очекував воопшто дека ќе се случи тоа ама ете се случи. Сега лази на 4 ри стига кај сака и одма се фаќа и станува. Од сега веќе за мама и сите дома одмор јок
Зошто сите глупости се дешаваат за викенд, зошто? Бебо е цеел црвен меѓу нозе, вака не го боли или чеша ама има 2 круга од двете страни. Мачкам вазелин со невен ама пак седи црвено. Што може да му е?
Мајки откако ви заспијат малите навечер, дали спијат барем неколку часа? Моето заспива накај 8,8ипол. И да сакам да си легнам и јас за да одморам порано, не можам, се буди на секој пола саат, саат, така до полноќ. После полноќ па до сабајле се буди 2-3 пати. 7ипол месеци е. Вака ли е и кај вас? Знам многу барам ама дајте некој совет да не се буди толку често.
Стави слика ако можиш. Мојов е со мрсули, па и хрчи, кашла, бевме на итна во 7ч викаат чист е на плуќа, грло е убо бело, нема тт, ама заспа и диши онака кратко и брзо со мешето и мисла ми е. Среќен роденден се најубаво
Не му е смирен, му намачкав сега кортико пред спиење. Он не јаде ноќни каши пошто јаде парчиња. Многу ретко кога немам време да спремам давам нешто такво инстант зошто и не ги сака баш, а и не сака да го хранам, сака сам. Зошто не веруваше дека ќе пролази на 4? Преку ноќ се менуваат, нема зошто да ти е чудно. Јас не му правев никакви вежби, уште лази 80% војнички, ама од пред два дена почна и да подлазува на 4. Нема никаква врска исправувањето со тоа како лази. Син ми одамна се исправува кај ќе стигне и поглед не смееш да тргнеш од него. Направено е дома колку може child proof, сам се заигрува со саати на земја, само да го пази некој со поглед да не тргне да прави глупост. Среќен роденден! Живи, здрави и големи и умни да си растете!
Не верував од причина што се исправа одамна и оди по троседот сам. И таа што го вежбаше рече не верувам дека ќе пролази сега, прво ќе оди па ќе лази. Ама ете вежбите родија плод Срце убаво, да му поминува што побрзо.
Моето беше така цел месец, ќе полудев мислам. По не наспана здравје. Цела се тресев за сон. Инаку уште станува на 3-4 саати ама барем до 12 не е на секој пола саат. И малку подруго е.
Се буди за да цица, тоа не го пишав. Презаспива само со цицање. Од почеток е вака, само на 2 месеци имаше 3-4 пати преспивано, инаку се е вака. Еве сега цицаше трет пат откако заспа во 15 за 9.
Мајки со што ги чистите цуцлите од шишињата? Сите ми се жолти од морковите, пробано ми е со сода и лимон, сјај, стерилизација, ништо...
Ај и тука да прашам, во Доење не добив одговор. Има ли нешто што е дозволено да се пие против алергија на полен? Се ближи периодот и не знам како ќе функционирам. Претходно користев лоратадин и цетиризин.