Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.309
    Допаѓања:
    11.722
    Пол:
    Женски
    Што да ви кажам мајки освен, ве разбирам и :hug:
    Ете и смукалчињата беа омилени, веќе не.

    Се надевам фаза е ко што велите повеќето.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    26.273
    Пол:
    Женски
    Па не баш, моето се одби и не пројаде, ни градинка проба да јаде нешто, до 3 саат седи гладна, а демек со деца пројадувале. Море витамини за апетит, еве сеа крајници извади, исто е .
     
    На 1209 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  3. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    19.801
    Пол:
    Женски
    Црвенилото излезе дека му е од антибиотикот што го пиеше бебо, бактериска инфекција.
    А докторката ме изнервира, не знам зошто се изнервирав у моментот сеа ми е смешно ама тогаш не ми беше.
    др: Колку има?
    јас: скоро 7ипол месеци
    др: охоо па јас мислев година, големачко бебе
    Се убацува мм пошо ми ја виде фацата: рането бебе е он затоа.

    Иначе денес прими шестовалентна, и цел ден е поспан и кенкав? На саат ипол сака да спие, нема температура нормално е нели?
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.764
    Допаѓања:
    21.489
    Пол:
    Женски
    Па не реков дека е правило, ама можеби треба да се проба за почеток со намалување на подои или не знам. Иако и моево да е нејадач сигурно дека ќе нудам да цица за бар нешто да јаде и ќе немам срце да намалувам. Три дена беше болен и прибирлив за храна па си ги подместив сите принципи на таа тема, ама кога се болни е друга приказната.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.713
    Допаѓања:
    6.014
    Ушите да му ги јаде, ама те разбирам, мене ме прашуваа на 12 месеци зашто не одат, викам па мали се уште не им дошло време, е како мали колку имаат, накај година и пол, две? (facepalm)
    Друга е маката со големи/високи бебиња, ќе ти дофаќаат кај не треба а нема да разбираат зашто не смеат:D ама мали сте уште за тоа, собирај нерви:D
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Со јадењето и ние сме ролеркостер. Има периоди е супер, јаде се, јаде сам, има периоди јаде една/две намирници и тоа исклучиво со ранење, не сака ни да ја допре храната. И јас се грижев многу, да не има нешто сензорно или некој друг проблем ама веќе не, вака или така ќе помине. Цела надеж ја влевам во градинката и фактот дека таму сакал или не, ќе се ојача. Ќе биде може гладен недела/две, ама ваљда ќе сфати дека или ќе јаде тоа што сите јадат таму (апропо и дома), или ќе седи гладно.

    Мајки што започнавте на работа, ве молам кажете дека оваа депресија што си го оставам детето поминува! Ми се кине душата кога седнувам пред компјутер, досега бев од дома ама неделава ќе започнам и во канцеларија, не знам како ќе издржам таму да не се расплачам. Многу се осеќам виновно, ми доаѓа да дадам отказ.
     
    На 1209, CareTee, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    19.801
    Пол:
    Женски

    Кај мене мм е 2м висок, брат ми е висок исто, јас што сум метар и шумска јагода е друг муабет мм ме заебава бебево вика пола од тебе е сега. Он и крупен се роди ама и има на кој да е голем, јас свесна сум за тоа. И машала бебе си јаде, доручек ручек по 130гр. обавезно некогаш и 150 знае да изеде. Тежок ми е за носење јас си признавам, кичмата рацете не се мој ама па сега нека е он жив и здрав, а тетките и докторките газот да му го јадат :D
     
    На 1209, Mumoftwo30, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    26.273
    Пол:
    Женски
    Кога ќе прочитам или чујам од некого дека му е тешко што ќе го остава детето во градинка се осеќам како немајка.. јест да јас касно ја пуштив мојава од Х причини, за бебе имам уште време од породилно ама искрено едвај чекам. Опушти се, најубаво ќе му е, а реално и тебе.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Детето не е ни во градинка, моментално мм превзема породилно, во градинка здравје од септември. Дотогаш ќе се дружат со мм, а јас ќе работам. Многу сум љубоморна на мм, жива ќе се изедам.
     
    На kozuf и CareTee им се допаѓа ова.
  10. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.831
    Допаѓања:
    10.883
    Пол:
    Женски
    Јас ич не сум, нека ги чува кога сум на работа, за што да сум љубоморна? Не сфаќам стварно. :o
    Олабавете се малце мајки, и градинка и баби и се и со сите треба да си ги учите децата, не само со вас да се 24 часа залепени.:D
    П.С. ништо лично, со најдобра намера.^_^
     
    На H.VAGA, Mom's_life и LadyD им се допаѓа ова.
  11. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    @Lavender13 Еве ме со грутка во грлово цел ден. Денес прв ден на работа, не заплакав физички ама психички срце ми се кинеше и кине сеуште. Јас сум дефинитивно тип на човек што да ме оставиш дома би седела со децата и ништо не би ми фалело. Што убаво деца намирени, топол тазе оброк, куќа колку толку повеќе време за да ја средам… Сега хаос, неколку дена ќе преживуваме на готова храна и прженици додека се освестам и почнам одвечер да готвам за утредента.

    Премногу ми е жал што ќе бидам одвоена од нив толку време, се осеќам како дел од нивниот живот да ми е ускратен/одземен. Да не беа финансиите во прашање никогаш немаше да се вратам на работа мислам. Со големото се сеќавам оваа фаза ми помина дури кога осетив и уводов дека и е убаво во градинка и насмеана оди и се враќа. А за тоа има уште бајаги време малава е тек 9 месеци, душа ме боли што плаче. ;(
     
    На 1209, 0ли, Bella_Stella и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    26.273
    Пол:
    Женски
    Јас Н не ја давав на почеток на никој освен на мм, не сакав да ја држи никој ама со тек на време хормоните ми спласнаа и почнав да сваќам дека тоа ама ич не е во ред. Кај мене е друга ситуација што јас го имав породилното на 2г и бев со неа 24/7 сакала нејќела и од неа направив да не можам да мрднам ден денес, фала Богу ја засака сега оваа градинка и вака имам време за бебе повеќе ама пак, еве освен градинка не можи никок да ја чува, ни татко и дома, освен ако одат на некоја активност. Овој период мораше за спиење да се раздели од мене и имавме драми страшни. Мојава не е учена без мене, затоа немој мајка, уживај во работата, опушти се, нека се зближи и со татко му повеќе, нека укапира дека те има па те нема, ќе си ја олесните сите работата понатаму, и најпаметен чекор ви е што го поделивте породилното. Ќе видиш само колку психички ќе си постабилна од кога ќе се тргнеш малу, а и реално со маж ти останува..

    и не, не би останала цел ден да ги чувам додека се одселат, оти ќе дојдам во ситуација да се мрднам. 4 и пол години чувам деца, не сум тип што сака дружби многу, маж вика како си ти психички добро ја не знам ама ако потрае нема да сум хаха
    Второво порано ќе тргне градинка од таа причина
     
    На 1209, Carolin., Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    166
    IMG_20240325_102015.jpg
    И тука да прашам, малку ми е итно. Дали има некој искуство со оваа количка?
     
  14. Girl239

    Girl239 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    324
    Допаѓања:
    357
    Пол:
    Женски
    Бебе 8м има деновиве само писка вика едвај заспива ке го легнеме дур заспие писка се љути сака он што сака да прави пример шишето и од наопаку да го сврти и да се истура ако му го земеш ке се наљути и тезок е дур се смири беше настинат пред неколку дена и со тт и воспаление ма уши а плус и 6ти скок ние дали е од тоа нешто незнам ама како што беше мирен и за чување сега ептен напорно сам со него да се седи
     
  15. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Не сакам да е моја лепенка, ама искрено ми фали да сум 8 часа одделена од него, кога ќе одам во канцеларија, вклучувајќи го и патот, нема да сум дома добри 10 часа. Ми фали време со него, од таа причина сум љубоморна на мм, не од нешто друго, бидејќи тој ќе биде со него, а не јас. Малце е и себично но така се чувствувам.

    Искрено работата ич не ми прифали додека бев на породилно,си имавме супер темпо и распоред со синко. Се осеќам како голем дел од времето да ми е украдено…
     
    На kozuf, 1209, CareTee и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.831
    Допаѓања:
    10.883
    Пол:
    Женски
    Мајки ова е некој нормален период, ама немате потреба вака да размислувате, не можете да седите дома 10 години и да сте само на децата посветенои, треба време и за вас, ќе сфатите подоцна дека ова што сте го пишале е голема грешка.
     
    На KuklickaSk и Lavender13 им се допаѓа ова.
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.764
    Допаѓања:
    21.489
    Пол:
    Женски
    Исто се осеќам. Работам од дома, ама во потсвеста ми е денот кога ќе треба да тргне на градинка, а јас со тек на време да се вратам во канцеларија. Сакам да се социјализира, ми треба малку повеќе слободно време да средам, да спремам храна и сѐ тоа, ама знам дека многу ќе ми фали, се навикнав да сме заедно цел ден. Кога ќе се пожалам дека сум уморна маж ми ми вика ако сакаш уште сега да го пуштиме на градинка и ме гледа со кисела фаца, ама ќе ти фали вика. И стварно. Од една страна ми треба оддишка, од друга тешко ми е да се одделам.
     
    На Lavender13, kozuf, CareTee и 6 други им се допаѓа ова.
  18. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Исто ни коментираат и на нас секој што ќе не види, сепак цели фамилии ни се високи.. баш и ортопедот на 6мес преглед искоментира така низ заби: леле пораснал како за годинка. Па потоа рече добро се развил со оглед на тоа колку многу пораснал. Јас ич не се замарам со тоа оти не мора ништо да значи, може ќе стагнира потоа не се знае, а сега што пред време ми е тежок за носење и се му омалува е др приказна:D
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    159
    Мајки, бебе 6м10дена. Изминативе недели почна да се тресе малку, како да му е ладно. Главата рацете и општо горниот дел од телото. Со тоа што гледав на нет, shuddering attacks ги пишува. Дали некој имал искуство и дали ги надминале?
     
  20. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    19.801
    Пол:
    Женски
    Мајки можно ли е бебе од шестовалентната да е поспан 2 ден? На саат ипол сака да спие, кенкав е, ноќеска ми крена и малку температура 37.8 најмногу, еве го сеа 37.2. Местото кај што е боцнат му се вцрве, до сега не ми покажал ваква реакција, а ставам лепенки.
    Залепен за града е, цел ноќ и цел ден. Ама горните кецови бели му се, се лигави многу, кај и да е ке пукнат и тие