Колку време се треси? Моето кога кака знае да се стресе како брр или кога испил млеко и така се стресува ама тоа е секунда
Мојов така спие од вакцините по 2 дена и тт крева до 37.7 8. Во врска со килажата 12 цели кила е ѕверов мој прасе го викаме на болница ко ме праша неделата колку кг е, 12 и велам, месеци, 7 и 10 дена ми се попули мислеше можи дека ја лажам хаха Па тука на итната исто, па ми вели ако ќе се истанчи, викам ич не се секирам еве го баткото ист беше па гледај го сега таман си е. Ама раце и половина отиде во неповрат
Големиот син е висок 128cm на 4 ипол години, со 30кг. Најмалку 1 глава е повисок од дргите деца на негова возраст, носи облека за 7/8 години, патики брок 34. Проблем на овие деца е што сите (дури и јас) забораваме дека уствари се мали. Го гледаш голем, очекуваш да прави работи за поголем, зошто е физички висок, а кутро дете мозокот му е за 4 ипол. Па добиваш погледи од околу кога ќе се запне нешто да му купам, зошто толку големо дете се треска. Бебето е помало од брат му на тие месеци, и маж ми се чуди вика леле ситен е, а тоа 9300гр со 74cm на 6м ама да, бато бебе беше преку 10кг со 80см на 6м. Нека се живи и здрави, мали , големи сите си се убави.
Еве едно искуство од новопечена мајка што оди на работа. Се мислев како ќе биде, како ќе постигнам, како ќе ја чуваат, а сега се чувствувам дека летаам. Толку ми фалело дека и на др. начин некако придонесувам, дека нешто друго правам. Помалку сум нервозна дека цел ден сум дома, помалку мрчам и кога ќе ја видам сум 100% посветена зошто имам уште поголема желба и мотив. Не знаев, а сега сфаќам дека многу ми фалело. ММ исто ништо не одбива и мислам дека сега уште повеќе ќе се поврзат, затоа што имаат време каде што се сами. @Lavender13 со лесно и те чекам да споделиш искуство
i jas od ponedelnik pocnuvam na rabota,malata e veke 2 nedela na adaptacija vo gradinka...denes izvadi i prvi zabcinja i mislam deka haoticen period sleduva
Да, така правеше првите часови од спиењето, пр заспива 21ч и дп 1ч стануваше неколку пати и мм го заспиваше в раце со нишање, после преземам јас, цица тогаш, па потоа до 7ч сабајле уште еднаш за цицање станува, од тогаш скоро секој ден така е
Секој ден ? ова спие од 9 до 1 или 2, после уште 2 пати станува. А вчера од 4 до 5 си гугаше, си играше, ја се праев дека не слушам. Лелее..
Исто така беше до 6 месеци, сега еве вечерва во 9 заспа, 9 и пол мрда се буди, го зема мм го ниша, заспива, го легнува по 2 мин пак мрда, го земам јас пак цицаше и еве го легнав пак, ама пак ќе стани, мрда пак. Некогаш не станува до 1, 2 ама ретко. Сега е плус со шлајм и се закашлува. Ама одма презаспива досега не се случило да седи ноќе.
Бебе 8++м, имаше ларингит пред околу 3 недели, тоа помина но бебе не престана да кашла, носе полно, како џабе да чистиме, му стои некој секрет во грлце уште од тогаш. 3 пати го носевме на матична, вели нема на плуќа, ќе помине. Но еве не поминува нит се подобрува. Можно ли е да е бактерија? Да му направиме ли брис?
Кај нас не беше ларингит ама многу долго беше со секрет, кашлицата околу недела дена траеше, а секрет имаше добри 2-3 недели и ептен слабо вадевме иако се познаваше дека е полн. Направивме брисеви, излегоа чисти. Може да му направите, чисто да ја исклучите таа можност дека е бактериско.
Исто вака, 3 недели се сторија, ама од неделата е со алмацин дека леукоцитите 19 му беа плус и тт имаше, но уште има шлајм.
Синко епизода будење и ај да цица, нееее ко рече ќе плачам. Поплача, се потегна на назад како некој на нешто да го сили ( тоа го прави во последно време, така да се тегни кога не му одиш по газот ) и заспа. Имавме период кога се будеше секоја ноќ со плачење, но ова беше нешто друго. Дали толку го мачат забите? Само се врти во креветче како вртелешка. Те со главата кај што треба да се нозете, те попречно и нозете надвор од ограда. Око не можам да затворам. Или пак се должи ова на 7 ми скок. Незнам громчето кога е ама тука некаде е. А и приметив преку ден последните денови се тепа со двете раце по глава и си го чеша многу едното уво. Ова чешањето на увото е подолг период. Треба нешто да реагирам? Или има некој таков период
Исто скроз прави со трескањето наназад се фрла ако не е по нејзино. Исто така и со мавањето по глава, знае да си го докачи ушето ама не ја оставам. Јас со Н имав тежок период кога беше скокот во развој на 10 месеци, хорор е мал збор, за разлика од бебе шо скок немаме осетено. Така да можно да е до скокот оти така ми праеше на еднаш врискаше во сон и тешко се смируваше ( изледаше на ноќен терор), после скокот се смири. А К плаче само ако нешто има мака..
Не сум паметна што е. Инаку брзо се смири сношти и не беше плачење од сон. Вчера направи полни 10 месеци во 11 ти ... Ако има некоја членка да види дали помина громчето 24.05.2023 термин
Луѓе ај совет, од бебе кое сакаше да се вози со количка по цел ден, спиеше секогаш во количка, стана бебе што вреска после првите 5 мин во неа и сака да стане. Никаде не можеме да мрднеме, значи се врти и станува, кога ќе го врзам се одерува од плачење и не се смирува за жива глава. Не оди уште секако, раце ни окапаа, еден веќе не може да го шета, сама никаде не мрдам оти треба и него во раце и количка да бутам. Сега мм ќе оди во странство, јас како ќе го шетам? Што правевте во ваква ситуација, ако сте биле?
И моето почна да се бунтова ама јас не му попуштам. До душа не е до тој степен да не можеш да го игнорираш. Јас се правам дека не го слушам. Не гледаат околу ама не можам во раце да го носам. Грб немам. Инаку сега планирам кенгурот со мене под колица па ако тргне на полошо не дај боже да можам во крнгур да го ставам, така полесно е отколу в раце. Пробај со кенгур да го шеташ може ке сака. Друг совет немам искрено. Ние тој проблем со возење за в кола го имаме тоа е вриштење тегнење зошто е врзан. Да не се песните на нет ни на лекар не можам да го однесам.