Дали знаете дали може да се користи оваа крема при доење? Од задната страна пишува не е препорачано, а во аптека велат може
Гледам дека деновиве ќе е топло и УВ зрачењето високо. Па, дали за прошетките ќе ставате СПФ крема? Од колку месеци почнувате и која ја користите?
Mozebi ne e povrzano so temava ,no nekoja majka da me upati ..Imam neiskoristen odmor od 2023 nekoi 12 dena.Na rabota treba da pocnam od 26 juni.Do 1 juli treba da se iskoristi stariot odmor.Prasanjeto mi e dali mi propagja odmorot ili ?
Од 1ви јули новиот ти почнува, ќе ти пропадни стариот, искористи ги тие 4 дена до 1ви јули. Така е како што знам, во приватен сектор.
Фирмата во која работам јас прави исклучок за трудниците т.е после враќањето од породилно и да е после 30.06, смее да се искористи стариот одмор. Во случајов кај нас би смеела да го искористиш. Не знам дали е правило што општо важи за сите компании или е само одлука на ниво на таа каде што сум јас.
Јас му ставам пред да излеземе надвор на лиценцето, бидејќи веднаш се вцрвенува, и под сенка. 8+++ е, Uriage 50+ ја користиме. Туку да прашам, како тргна бебе во градинка и почна да си јаде таму, некогаш млеко ми одбива, ад. Гледам дека преферира храна. Сега пие само 3 пати по 150-170мл, остатокот е храна. Дали е во ред ова за 9 месечно бебе?
Секое си е различно, следи си бебе, сиг му е доволно штом не сака повеќе. Во мојава фирма само 10 дена има одмор цела година нема летен, зимски еден е 10 дена и крај. Се измачи бебе со забите, со глодалките в уста и пишти само ко ќе го здоболи многу нема уште запче иначе. Од 2 оброци од 100г 125г некогаш и на еден останува, деновиве одбива храна, преферира цицање. Брадавиците како новороденче да имам Па сака да се исправа на нозе, ако го фатиш за рачиња станува одма и стој в место и пресреќен е Пушта некои гласови, деде, дете, бабаба, ајде, тоа најмногу му се пушта (исто и на првото дете), и такви слични гласови. Многу се лути ако му земиш нешто од раце, пр му зема некоја играчка од раце големиот овај одма плачи се лути, дури и наназад се фрла некогаш ако му ја вратиш одма престанува Многу сака надвор, сега не заспива одма в количка туку гледа цело време се околу него, на нишалка во двор го ставивме прв пат вчера и заспа, имаме една нова од брат му па ја зедовме дома сака да се ниша, еве и денес во неа заспа да одморам раце малку.
Вака мене породилното ми заврши на 25 јануари 2024 имав цел одмор од 23 та и имав 11 дена од 22 ра година кои не можев да ги искористам зошто бев на патолошка и од патолошка одма породилно ми отворија. Требаше до 31 јуни 2023 та тие денови од 22 ра да ми ги исплатат. Но тоа не се случи. Ама јас си поднесов барање до правна служба во фирмата со консултација со адвокат, но барањето го пуштив по пошта да имам доказ. Се што немаш искористено треба да ти се плати ако не успееш да ги искористиш. Во спротивно можеш да тужиш. Во мојот случај ако не ми ги дадеа и тие од 22 ра год ќе требаше да ми ги исплатат со камата зошто не ми ги имаа исплатено во рамките на законот до 31 јуни 23 та. Се ми одобрија во денови мене. Така да се си искористив што ме следува
По закон мора 21 да ти даде под дифолт за цела година. Што не се буните. Закон стои позади вас не кутете. Слободно прочитај во закон за работни односи, се си убаво пишува
Spoiler: .. Оти нема кај да одам, во мало место живеам каде што нема работа, нема ни фабрики, засега оваа работа ми одговара, оти ако не сум таму ќе бидам продавачка во маркет и ќе ми паѓаат рацете од кревање пакети и воедно имаат одмор помалку и од кај мене т.е една недела... Иначе се знам закони ама немам избор. За жал вака е во помалите градчиња
Мамасити веќе 3 месеца како избија долните кецови и од други ни трага ни глас. Многу го мачат стално му е прстот горе и ја турка цуцлата за да се почеша поубаво. Вчера пробав да видам што се дешава. Ми се виде како набабрено но не кај кецот туку кај двојката лево. Има некоја со такво искуство? Да излези прво двојка горе? А кога сме кај кремите со заштитен фактор кој најмногу го препорачувате освен Uriage?
Јас читав позитивни коментари за Гамарде ама нека пише некоја членка ако ја користи. Исто добри Веледа ама многу тешка за размачкување и Мустела е фалена.
И ние нишалка ставивме бебе ептен се радуваа инаку јас за забите кога ептен доле го болеа тоа беше ден пред да пукнат, плачеше викаше му дадов блокмакс, не цела доза 1,5мл и се смируваше колку толку да поспие. Деновите пред да му излезат буквално ништо не му помагаше не осанит, не гелови, не глодалки само ме гризаше 'ржеше и плачеше. Еве го сега со горните се мачи, а му излегуваат во пар двете заедно и доле исто беше, десното па по 3 дена левото пукна. И кај мене бебе стои исправено и се радува ама да испушта звуци како баба, мама, деде, и такви абер нема знае само кучето да го емитира и тоа он кога сака
Супер си пишува во законот ама ретко кој би ризикувал за неколку дена одмор без работно место да остане
Pa toa ne mi bese jasno mora da ima nekoe resenie za da se doiskoristat tie denovi oli da sr platat.No i do firmata zavisi mnogu