Што да правам кога детето одбива месо во секаква форма и од секаков вид? Дали некоја мајка имала проблем ваков и како го решивте(дали го решивте)? Овошје јаде, зеленчук и така и така, јајца во мафин, лепче со јајце, банана-леб колку толку јаде, ама месо апсолутно никако не сака. Јадеше малце од готова каша сега и тоа нејќе, многу малце храна која создржи железо сака и не знам веќе што да правам. Очајна сум. Воедно кои се знаци на ниско железо, треба да го носам крв да му земат за да знам на што сум.
Како му го нудиш? Си пробала ли да правиш ќофтенца од месо и зеленчук? Моето бебле еден период без проблем јадеше телешко на парченца, ама после почна да го избегнува, ќе изеде сѐ друго во чинијата а од месото ќе чофне и го остава. Затоа почнав со зеленчук сварен на пареа, мевце, зачини, правам ќофтенца и ги пржам на путер или ги печам на хартија. Телешкото претходно сварено, мисиркино мелено свежо. Вака ги јаде без проблем.
Да сум пробала и така и не сака, абе му го маскирам со некој друг вкус и ќе јаде, јаде и штом осети дека има месо одма плука и престанува со јадење, се лути, чудо едно детево. Вака уште немам пробано, ајде и така ќе пробам. @Bella_Stella знам дека ти работиш од дома, како отприлика се организираш? Јас имам нешто работа приватно и сакам да поработувам од дома некој саат ама што е можно по раат да ми е. Сега работам кога спие ама ми треба повеќе време, стварно не знам како да се организирам, се нешто има за сработување по дома и он цело време е лепешка по мене, само мама по цел ден му е во уста.
@1209 Ако се секираш за железо, прави му мафини со просо, давај суви кајсии, ставај во мафини спанаќ, да јаде мешунки, полнозрнести житарки.. Давај ситно овошје, аронија, капинки, боровинки во комбинација за подобра апсорпција на железото. Риба даваш? И во некои риби има железо. Јаткасти плодови и семки даваш? И други намирници има што содржат железо, не мора да се секираш што не јаде месо, можеби му е моментално и ќе пројаде. А во меѓувреме можеш од другите опции да пробуваш. Во мафини солени ако ставиш месо, ептен малку ставај прво, да не осети што се вели, па со тек на време ќе зголемуваш количина. Пробај со мелено месо, можеби повкусно ќе му биде.
Исто, во болница а и после педијатарот кажа дали првата год. или првите две години (не се сеќавам точно) само 500, после се зголемува на 1000. Инаку ми треба мислење за на ортопед, бевме на почетокот, сега дури на 9 месеци е наредно. Веќе има 8месеци и седи од 7месеци, дали има потреба да ја носам порано или да чекам до 9?
Moже и на 9, тамам ќе е пред проодување преглед и наредно 2-3 месеци после стабилно проодување. Може и на 8 ако сакаш, во ординацијата каде што ги носам децава, препораката е на 8-9 месеци да е.
И нас ни кажаа нема потреба до тогаш. Мислев дека се носи и на 6-7 месеци кога веќе почнува со седење, па затоа реков. Фала ти Оли
И нас не ни менува а и со ортопедот се совпаѓа по летотто да зголемиме на +2пливит... Не,кога ќе ја однесеш ќе му кажеш од кога како што прави а и ќе ја провери детално секако
Јас работам по америчко време. Почнувам во 3, завршувам во 10. Среќа имам што ми е флексибилна моментално позицијата и можам да седнам да работам кога ми одговара, освен кога има нешто итно па морам одма. Периодот пред да си дојде маж ми од работа, а јас веќе сум почната ми е најстресен. Малиот знае да се заигра сам ако не зборам, ама кога имам состаноци одма почнува да се буни, доаѓа под биро итн. Кој што рекол дека е лесно да работиш од дома со дете и милион други обврски или е октопод или не пробал па си збори на празно. Искрено со душа чекам да сменам работно време, да тргне во градинка, а јас во канцеларија. Колку и да звучи себично, преморена сум, ослабев уште толку и стварно немам енергија поголем дел од времето. Нема да те лажам, тешко е.
Зошто нас за второво бебе ортопедот ни рече не треба после проодување да го носите на преглед? Навистина не го сфатив,секако дека ќе ги носам
Koga vovedovte tret obrok? Pocnav od 4 meseci so voveduvanje na hrana, na 5 i pol vovediv rucek, bebevo sega ima 6 meseci i 20 dena. Dali e vreme da vovedam i vecera ili rano e uste?
Мене рано ми гледа, јас на 5 доручек почнав, пред 5 само по некое лајче пробуваше, 6 и пол ручек, вечера уште немам почнато, за 2 недели е 8 месеци, па сега планирам и вечера.
@Carolin. почна ли да стои твоето? Како така да прочитав поназад. Еве го и мојот сака да стои само уште да знаеше како да падне многу се плашам да не тресне назачки скроз на глава
Немало потреба до 7 години. И со големото кога бевме на прегледот после проодување рече следниот е на 3год ама тие совети што ќе ви ги кажам тогаш ви ги кажав и сега нема потреба да доаѓате за џабе да плаќате. Ама ние си го однесовме на 3ипол највеќе затоа што кога оди гази навнатре со глуждот, според него беше ок,совет вежби со прсти ,пета,ролање на сукало,одење по нерамен терен. Следно рече на 7 год. За бебето исто,на прегледот на 9м рече следно на 7 год. Само го потенцираше д3 витаминот,бебето до година прима без исклучок,а тоа се паѓа во лето. Потоа прекинувам и од октомври до мај ,и за него и за големиот по 2 капки вигантол до 18год. Сепак ќе го однесам и бебето после проодување,а можеби и кај друг ортопед.
Стои стои, уште го вардам од кревет кога се влече, дома се плочки ни е има да се расцвета. Играјте ринге ринге јаја така се учи да седнува од нозе на газе. Кога се учат да седнат од лежење на газ? И како? Овој со крева со потширање на едното раче настрана ама до пола стасува и нема сила. А од лазење абер нема, само се влече односно турка наназад додека лежи
Охооо до 7 години. Јас поголемиот го носам еднаш годишно после проодувањето. А и бебево кога го носев на почетокот, го пуштив и поголемиот да му ѕирнат стапала, како оди и какви се нозете. После проодување, со малата ќе го однесам и големиот да го ѕирнат, тоа ептен кратко го гледаат ни совети ни ништо, само малку бос да пооди да го види. Така сум пораат, секако одам за малата, не ми ни наплаќаат за него. Тамам е, ќе добие сила, така вежба за да седне. Полека полека и ќе седне можеби прво на пола газе, ќе се потпира со рачето, па потоа со вежбање ќе седне право. Без гајле, ќе научи. И ќе лази, ќе сконта дека може и нанапред да оди
Да така прави и моето седи ама потпрен со едната рака на страна нема сила скроз да се исправи. Иначе лази веќе ептен убаво ама многу брзо му досади па сега стоењето е интересно а јас