Ќе пролази тоа кога ќе сака, има опција да им се помогне преку стимулативни вежби уз игра. Убаво би било да лази на 4 така ги ојачува сите мускули и дава правец на кичмената крива, која дур детето е во стомак е како буквата с и потоа со лазењето и подоцна со исправањето се доаѓа до буквата ѕ. Затоа било битно лазењето на 4 ри за таа кичмена крива да се развива правилно и постепено оформува. Можеби ме читавте наназад дека ние бевме на вежби зошто не пролазил на време као Искрено штета немаше само бенефит. Сега е многу повешт во се што прави на подлога Ако сакате можам да ви пуштам линкови од стимулативни вежби. Не набедувам само ако сакате пишете тука сум Инаку не е крај на свет ако дете не пролази на 4 ри
Да да, знам те читав. Он според мене е уште и мал шо знам, на 11 ке прави 8 месеци. Мајка ми вика дека ни јас ни брат ми не сме лазеле. Јас сум почнала да одам на 9ипол месеци а брат ми на 12. Брат ми почнал да оди па почнал да лази после тоа. Секое дете приказна за себе. Ама ќе видам баш како ке се одвива ова со лазењево, кај нас не ни верувам дека има да го однесеш на вежби или дека би ме пратил ортопед
Моето бебе следен четврток полни 1 година, а тек пред некој ден почна да лази, претходно војнички ползеше. Никави вежби не правев, едноставно го оставив ако сака и кога ќе сака да почне да лази сам и ете го почна. Уште си ползи и војнички, така е побрз, па си комбинира.
@Bella_Stella мила сега на 11 ти беше роденденот? Или ми се побркаа лонците.... Леле ни бегаш кај батковците
Вистина, како лета времето. Нареден месец и ние ќе славиме една годинка. Седам вака и си велам божеее кога ли помина оваа годината. А ко вчера да излегов од болница ми се чини. Нека растат убавите тие, тоа им е работата нив сега
Денес цел ден му солзи десното око и му излегуваат зелени гурли. Ставав малку физиолошки на туфер па на око колку што ми дозволува. Некој совет?
Ако е зелено можно е конјуктивит да е, носи на доктор утре, ако е тоа ќе се разбуди залепено цело и потечено. Ќе видиш до утре како ќе е, тобрекс капки се ставаат 3 пати на ден некои 5 дена. Секоја пролет има големиот.
Какви гестикулации прават вашите бебиња со рачињата? Уште се учиме на браво и чао, некогаш прави, не секогаш. Ама од вчера почна левото раче да го врти како во некои кружни движења и ги мрда прстињата. Не знам дали е ова поврзано со учењето да направи чао или е нешто друго.. Прават ли вашите вака? Знаете каде ми оди паметот.
Моето ги стиска прстињата навнатре како да вика дај дај , мајка ми ја научи да прават здраво а со мене да пукне со рачето. 8 месеци е. Мене не ме гледа во лице секогаш, тоа ме загрижува, не знам дали е мала сеуште.
Прави Браво со закаснета реакција, од Чао абер нема, не и оди. Ја научив сега да пукне и одма подава рака. Претпоставувам дека со рачето пробува да имитира тоа што го гледа, неможат да бидат толку совршени во движењата на почеток. Не си прави за џабе филмови
Бела првото дете ни чао,ни браво,ниту плескаше со рачињата еве го дечко од 4ри години, гестикулации почна да прави да имитира гласови од животни и да ги препознава нивните звуци. Момава сама почна чао и браво да прави, а никој не и има покажано. Да се надоврзам пред 5 дена успешно седна сама и од тогаш само прави седни,лази хахах
Моево научи браво да прави деновиве, јас му правев 2 недели секој ден ко ќе ми текнеше, го гледам некни прави со рачињата браво какво достигнување си мислев дека 2ро ништо нема да ми е интересно ама пак исто било од вчера почнавме чао да му правиме, се пули си вика сега што му е на овие 8месеци прави на 16ти. А вчера го забележав на под кога е со рачето едно навнатре стои, не цело време ама повеќе пати така. Дали вака прават вашите?
Не се секирај нормално е, синко се гледа во рачето кога направил нешто ново и се повеќе прави така. Само да можам да ти пуштам да видиш како прави чао. Крева дланка и ја спушта на долу, му клапнува да не речам во зглобот. И тоа му е интересно. Прави браво или таши таши одамна. Го прашувам колку години ќе полниш и покажува со показалецот. Го прашувам каде е тик так и пак покажува со показалецот. Му покажувам како ги мрдам моите прсти, се смее и гледа и пробува и тој. Се е нормално тоа. Увидуваат дека и тие делови на телото се подвижни, како зглопче, прсте. Интересни се.
Мајки, син е 6,5м. Имам два оброци, и 4 млека. Како направивте транзиција за три оброци и кога престанавте навечер да доите/давате млеко? и совет за прифаќање на зеленчук
11+++ е моето, прв оброк на 6 ипол месеци, втор на 8, трет на 9 ипол, на доење е. Сеуште цица измеѓу секој оброк, бара и давам.. Знам дека до годината треба да има веќе ужини и млекото да се намалува, ама јас сум му ужина сеуште. Во скок е, растат заби, пролазува, проодува, што ли не и не планирам да му ја ускратам удобноста што си ја има кога го дојам. Навечер стануваше само еднаш, периодов знае да станува и два пати. Кога и дали ќе дојдеме до моментот да цица само сабајле и вечер и да преспива цела ноќ не знам.
Знам каде ти оди паметот и мене ми оди таму кога си ги гледа рацете по неколку мин. Мојата почна браво да прави ама јас секој ден и викав главата ме заболе од тоа браво,чао 7+++ е .На врата стои и малку ја подига раката за чао. Мислам дека многу ги форсираме ,сакаме се да праваат.Има време за се,само треба трпение,нормално со зборување и со тек на време се че научат.
Моево бебе денес се пушти да оди Предходните денови многу активно беше фокусиран на движење насекаде по мебел и ѕидови, па проодувалката ја баратеше 2-3 дена, па една табуретка буткаше наваму натаму и денес јас стоев на некои 4 чекори од него и он ме погледна и зачекори и дојде до мене, е ќе пукнев Инаку нашево бебе музика да не слушне имтоа особено техно, како игра значи профи, се умираме од смеа со мм, а мртов сериозен е кога игра, внесен, мислиш стварно разбира. Со јадењево пак сме повуци потеглиКолку мокри пелени на ден ви имаат бебињата? Моево од вчера нешто послабо за разлика од предходно, ама повеќе се поти, сепак се замислив јас.