Јас почнав на 90° да го седнувам околу 7 месеци зошо сам се теглеше така да седи така и во хранилка и во количка. Самостојно седење е кога ке можат сами да седнат од лежење на грб/стомак.
Фала ти, така и си мислев. Само ме бунеше што некои ги ставале на 90 во количка тек откако ќе седеле самостојно.
Самостојно седење се смета кога тоа само ќе се донеси во таа положба, дали ќе се доведе од страна така ( на почеток како на пола кук седнуваат ) или од положба на лазење да се врати да седни. Е тогаш се рачуна дека детето седи. Моето иако седеше како големо човече кога ќе го ставев на подлога да седи тоа не се важело, така сметаат докторите, иако јас никогаш не го потпирав со ништо за да седи. Сега седнува само кога сака, повеќе има интерес да стои исправен на масиче или табуре и да си игра. И сега најново ќе стани и се враќа на земја да седни и пак станува. Како да вежба како да се врати на земја. Некогаш треснува на газот, некогаш убаво си се спушта. Интересни се за гледање. Ама и страв имам да не се повреди во тој процес на пробување. Нека се живи и здрави сите си фаќаат различен терк на развивање на работите
Му видов како рез на двојка горе лево. Така му беше и долните кецови кога излегоа. Си реков да не ми се присторува зошто не ми дава убаво да видам.
Следна недела полни една. Фала ви жени, ајде побргу и кај вас. Јас искрено едвај чекам да прооди оти вака не можеме да шетаме, само во раце по цел ден, вака барем ќе оди, без грб ќе останам.
Јас знам за згмечен леб со црвено вино и шеќер, ама нема теоретски шанси тоа на образ да му ставам, нема како.
Што мачкате кај непцата пред да излезат забчиња? Се утепува од плачење од болка и не спие..по 15 саати е будна ставам фрејзидерм ама не помага нешто..кажете друг предлог
Да те утешам дека не е полесно кога ќе прооди бар на почеток. Пред може 2 недели си пушти. Уште како пингвин оди, повеќе трчам по неа сега од што ми е страв да не падне незгодно отколку кога лазеше и одеше со држење за нешто. Инаку и јас чекам да ми стане полесно.
Само две извади до сега. Релативно ок беше. Давав осанит на неколку пати. Имам оса гел, денинокс и уште еден друг, заборавив како се вика, ама не сум мачкала до сега. Нејзиниот забар вели дека ништо не треба да се става. Ко демек земи го смири го, да спие со нас и сл. Не ги препорачува геловите за мачкање воопшто. Ладно давај му да гризе. Глодалки изладени. Тие цуцлите за овошје шо се. Ги полнев со овошје и мрзнев и така давав. Или коцка мраз ставав внатре. Ама сега има заби не знам дали пак би ги користела. Страв ми е да не ги изгриза и да голтне од нив.
Мала е мојава 4ипол месеци, не сме почнати со јадење, само на доење е. Пишав во групава зошто знам на 6+ веќе имате искуство со заби. И давам глодалки, држи со рачиња ама кратко, и јас и помагам. Не дека и јас и ставам многу од фрејзидермот еднаш до двапати ама нешто ќе морам, не се трпи ова, ич да не се спиело, или гушната во мене спие или нема шанси цеел ден да спие, освен на цицање дремки. Преморена и она и јас што е тоа осанит? Во аптекиве го има? И тие што ми ги наброја се гелчиња?
Готово ја напипав боцка горе двојка лево. Нека ни е со лесно во процесот. Баш се мачи. Жално е за гледање
Ај душле мало. Она уште не ни знае да користи глодалки. Мало е. Осанит се гранули. Хомеопатски топчиња. Другите се гелчиња. Гранулите и оса гелот се од иста фирма, и како безбедни се рекламираат. Е сега мислам дека ги нема во мк. Членките нека кажат од каде ги набавуваат. Еве @lackygirl знам дека ги има. Нека каже од каде ги купила/нарачала. Ама реално ништо не помага..мора да истрпат. Можеш ако не да смрзнеш мајчино млеко во калапче за мраз или вода смрзната и во тие цуцлите за овошје силиконските од дм да ставиш, па да се лади. Или коцка заледена во тетра пелена некако да и ја фатиш и да и даваш да загризе, да и се смири малку. Нема тоа е. Додека пројдат се жални ептен. Ја и Софи жирафата и ја купив, она реално сега ја гризе. На 4-5 месеци не ни знаеше како да ги трие жлабинките.
Полесно по 2 години. Веќе имам дете од 4 год, па од искуство. Ние 11 м и веќе одењето покрај мебел е напорно, паѓа често, штом ќе се пушти знам дека ќе е полошо.
Ако имаш некој од странство да ти ги донесе арно, ако не Фросина Ефремовска на фб најди ја од бугарија ги носи, има залихи мене за 2 дена ми ги испрати, за осанитот ова. Исто така пешкирче со твое млеко натопиго крајот не цело и нека замрзне во фрижидер и дај и го да се чешка. Кај нас и тоа делуваше