Ништо не помага, јас не ставам ништо сега, еднаш денот гранули осанит, братучеда од Германија ми ги донесе ама џабе е. Моево многу се мачи уште нема запче, скоро е 8 месеци, ама изгледа долните ќе излезат заедно 2те единици, така ми личи. Првото дете по 2 во пар сите ги извади, само 5ките по една ги вадеше. Тешко беше многу и со него и сега исто.. Само малку поќе спие ова и спие во креветче Денес цел ден шетавме, големиот јадеше шеќерна волна и му дадов малку да проба, пресмешен беше после балон купивме за големиот, малиов се ,,помоча" од среќа почнуваат да играат заедно, да си тргаат играчки, да си даваат, среќа ми се забегав во темава малку. Полесно станува ко ќе сватиш дека нема лесно
@јolene @Carolin. Фала ви мајки, ќе ги применам советиве и дај боже што побрзо да и олесни, баш е жална за гледање. Софи малечка со прстени и јас и земав ама мала е за да ја држи подолго и да си се чешка сама, ќе почекам уште некој месец.
Мајки на доенчиња, колку пати во 24 часа ви цицаат 9 месечни бебиња? Моето од следната недела ќе тргне во градинка,по препорака од педијатар го тргнав подојот меѓу појадок и ручек т.е. го заменив со ужинка. Да не ме барал во градинка. Така да наутро последно цицање му е 6/7,потоа цица околу 16/17 часот (пред вечера ) и следното е 21. Потоа секогаш различно во периодот од 21 до 7 сабајле некогаш цица 2,некогаш 3-4 пати. Имам грижа на совест дека прерано му кратам млеко. Некако ми делува како наскоро да ќе ми се одбие. Дење за тој подој околу 17 воошто нема интерес,се развртува,на мое инсистирање едвај повелкува неколку пати. Ноќе пекав да спие да не бара цицка,ама сега се радувам што барем ноќе цица. Не знам,памет немам што да правам,следниот месец тргнувам на работа
си знае тоа. Моево игра на се', дури и на тинунину амбулантно возило кога проаѓа... Ѕуца така со колкчињата. Лесни чекорчиња, да си трчка безгрижно цел живот милото. И јас да се пофалам дека и ние официјално нози добивме, неколку дена пред првиот роденден се пушти. Јадевме постапулки дури вчера. Не дека нешто ми е полесно што проодил, сега цело време сака да е на нозе, нит лежи, нит седи. ________ Инаку предложете ми некој добар педијатар и пулмолог по можност детски, независно каде. Козле, Систина, Јасеново. Многу од помош ќе ми биде да споделите од искуство некој.
Мислам дека сами се навикнуваат на новонастанати ситуации поврзани со цицање. На пример мојава кога сум дома бара да цица, да не сум цел ден дома или на работа нема да и текне. Не и скратив ништо, уште давам кога ќе побара.
Моето е 9 и пол месеци скоро исто сабајле околу 6 цица кај 8 појадува потоа кај 11 и пол цица кај 2 руча потоа кај 4 и пол 5 цица кај 6 и пол вечера и следно кај 8 за заспивање Наврчер станува 2-3 пати Мислам дека е доволно млеко во 24часа
Мајки, да прашам бидејќи немам време многу за доручек му правев домашни каши, сега почнав купечки на лино, па прашањето ми е дали можам во нив да додавам плазма, просо, палента ?
Јас кога се брзам мешам само овошни каши со сварена палента, гриз или инстант житарици. Не сум мешала каши што веќе во нив имаат нешто млечно или житарки.
Не знам каде да прашам па ајде тука. Дали некоја од вас има приватно здраствено осигурување за деца направено? Каде има најповолни услови? Се она што прашував некако не ми се свиѓа..
Имаш купечки каши директно со житарка. Ако користиш само овошни можеш да свариш просо, палента, овес и да додадеш. Зошто плазма, колкаво е бебето?
Имаш тема посебна за ова, јас прашував, само дете не може да е осигурано, мора и еден родител барем, јас со пакет за две деца и јас како родител, месечно околу 3600 ден Триглав.
Јас со второво од почеток ги перам заедно со нашите, обичен прашак, дури и омекнувач Ленор ама нема еве никаков проблем досега. А првото кај се со сензитив се переше, н3 користев омекнувач, лом беше со егземи, со атопичен дерматит.
Да, пошо само и тоа правиме по цел ден. Го довикуваме и додаваме 'НЕ ТАМУ, НЕ ТОА, НЕ ТАКА'. Леле детево изминатиов месец ептен се промени. Јас сум убедена дека се ме разбира што му зборам, значи не е можно. Дојди викам да се гушкаме, доаѓа ме гушка. Ајде викам сега да се бакнеме, И доаѓа ме бакнува бе. МЕ БАКНУВА. Како е ова можно? Дали е ова истото човече што не беше способно за апсолутно ништо до пред некој месец? Секој ден ме изненадува со некоја нова вештина, се научи да игра на музика, тапшин тапшин и браво моментално му се хит, само тоа прави по цел ден, си зборува на некој негов јазик цело време, се кара сам со себе, се надвикува, ако сака нешто знае да покаже што сака, значи буквално мало интерактивно човече имаме дома. Сега се научи и да се лути ако нешто не е како што тој сака, ржи дури. За јадење, сеа не може да го дораниме, буквално се буди и одма оди во кујната и покажува накај тенџерињата и бара за јадење. А си цица сеуште како претходно, апсолутно нема намалено ни еден подој. Уште не знае да седне, одиме и на физикална ама нема апсолутно никаков напредок, кога не сака да ги прави вежбите не сака и точка. Дури и физиотерапевтката ми вика леле каков тврдоглав карактер. И така си седиме по цел час таму, јас си муабетам со физиотерапевтката тој си тера негов филм.
Моето не се врти секогаш. Кога е во некој фазон, не ме регистрира ни мене ни никој. Пример ако држи, проучува нешто во рака или е загледан во нешто. Не ме загрижува тоа искрено.