Не перам одвоено уште на почеток, со тоа што долни алишта перам на 90. А користам бебешки омекнувач и прашок и за нас сеуште, не ми прави разлика во чистота, а баш убаво ми мирисаат. @Bella_Stella не сум приметила искрено, обично се врти, ама не сум обрнала толку внимание на тоа, секако по цел ден сме во интеракција. А детево мое сунѓер, вчера само еднаш му покажав со прст колку години полни и му реков една, луѓе не престана од тогаш да покажува и да вели една, јас сум запрепастена искрено Од вчера дада му е на гости, на мм на сестра, леле колку е радосен, си играат по цел ден. Значи стварно децата си сакаат деца за друштво, вака кога ги гледам одма посакувам и друго дете
Плазмата содржи мала количина на мед, а мед не се препорачува на бебиња помлади од 12м, па и на постари се дава внимателно на почеток. Исто така содржи емулгатори, шеќери, појачувачи на вкус, конзерванси и што ли не. Не викам дека нема да давам на моето бебе понатаму. Ама на возраст од 8 месеци плазмата е апсолутно непотребна. Најдобро е да јаде житарки, уште подобро цело зрно.
Пред некој ден во темата 12-24 прашував. Не се врти постојано на име. Посебно ако си е заиграна. Е ако речеш Х(името) ајде одиме чао и преку 3 соби ќе слушне. Ама за Х, не тука, не фаќај, не фрлај, не ова, не она, тоа "послабо" и се слуша.
Дали можеби некој има случај со 9м бебе, со алергија на полен? Се сомневаме дека бебо е алергичен на полен/трева, нешто слично. Како запролети, му почнаа симптомите и уште тераме без престан. Носето му се полни, секрет, кивање, кашлање... Температура нема, весел е, си јаде. Брисеви чисти. Педијатар вели многу е можно да е алергија, поготово дека и јас ја имам, но за 9м бебе не може ништо да се прави. Само да пазиме да не спушти, инхалации и чистење носе. Вели сируп за алергија не под 1год (малку ме чуди бидејќи друг педијатар до сега ми има речено да дадам за една претходна ситуација, неповрзано). Бебе се дави од кашлање, не може да спие последниве 2 дена. Имате ли некаков совет? Толку ли е лошо ако му дадам Аериус, да видам дали ќе му се смират симптомите малку?
Исти сме, утре 8 прави. Де вирус било, де настинат бил. Плуќа чиста, крвна слика супер. Матичната вели 99% е алергија. Само инхалации правиме. Кашла, нос му тече едвај дише и спие.
isti sme i nie veke vtora nedela...ama viroza e nj kaza maticniot...cista krvna slika,cisti brisevi ona kasla i nosot cesma
Леле мајки се што пишавте го имаме и ние, ауу се молам да е настинка како што вика матичнава а не алергија. Мене па не ми ни текна на алергија.. Живи ненаспани сме 5 6 дена веќе. А легне на секој пола час час кашла и тоа незнам чудна кашлица сува кратка незнам како да објаснам. Носот лом, крвна слика ок и градите ок. Никаква терапија не ни дадоа.
Мајки, да прашам прво дете ми е и ништо не ми е јасно во врска со ручекот, сега имам сварено телешко сакам да го спремам со зеленчук и ориз може да ми кажете како го варите или све заедно и што додавате јас имам морков и црвен кромид дали срам бебе 8м
И јас имав прочитано ама не следев такви правила. Моето секако јаде по многу малце па уште и да кратам и да не спојувам намирници во ист ден, ништо нема да јаде.
Моево е така веќе 5та недела, на почеток беше полошо, на сабајле кашла, преку ден е подобро, мрсули има па нема па има... Одвреме навреме повраќа шлајм. Бескрај е ова, јас уште имам шлајмови а пред него бев настината. Ништо не му правам поќе, не тргам ни со респиратор, купивме и носко и само 2 пати со него го чистев. Секоја недела по 2 пати кај матичната одевме, нема ништо велеше.
Дали го носиш бебето секој месец на контрола? Имам впечаток дека немаш никаков совет од педијатар околу исхраната и неколку пати поставуваш исти прашања.
Мајки со што комбинирате гриз? Сакам утре да дадам за прв пат. И дали мора малку количински да биде во однос на другата намирница?
Со секакво овошје. Урми, банана, јаболко, боровинки, круша итн. Количински соодносот секогаш е 1: 3, житарка : овошје/зеленчук.