На два пати ми се буди како да се дави и чудно кашла. И сега го слушам како да се има затнато во носето. Не беше затнат пред легнување. Инаку лигави многу, вади запче. Ме фаќа страв сега да заспијам, да не се задави пак
Не знам како може ова толку одеднаш, ко на гради да свири. Не знам ни јас да објаснам. Секако ќе го носам на лекар после. Ова не ми е мене нормално
Кажете некој совет како собирате енергија да продолжите со денот кога се будите сабајле за работа после тешка непроспиена ноќ кафе не ме спасува ни вода, како пијана се осеќам некои денови и не можам ни да работам како што треба..
Маж користи апчиња за концентрација пошо он од дома работи и додатно му се дереме пред врата На природна база со Б витамини Он вика дека без нив не функционира или на психа мава па си мислиш така
Што ви кажаа на лекар? Истото е и кај нас. Вади горе 4ки и се закашлува и бљуцка шлајм и има прозирни мрсули. Ама на пероди е не е цел ден и цела ноќ. Буквално ко да и се собира секрет од што се лигави (а не се лигави она надвор никогаш не правела така него све и се слева у грло). Вака расположена е си јаде и нема температура.
Ларингит. Потечено и црвено грло. Фала богу нема на гради спуштено. Ама мора инхалации и антибиотик оти ларингит може да биде опасно. Незнам јас таков звук при кашлање немам слушнато во живот. Како зарипнато кученце. И тоа не е кашаљ. Туку буквално како да се има задавено од плунката ама свири ти се чини. Многу чудно. А утре ќе го однесам и уво нос и грло да го види секако. Да нема нешто пак и со ушињата оти многу ги чеша. Може не е поврзано ама подобро да се провери. Се надевам на оваа терапија ќе остани и нема да се влоши, да мора урбазони да прима.
Со помин, таков е ларингитот кашла како куче и обично се јавува ноќе во спиење, лани каков стрес ни направи големиот, буквално без воздух остана, неможеше да издиши, ноќта после 12ч, дирек во итна по пижами, имаше напад и одма урбазон инекција му ставија. Ако го фати пак треба ладен воздух, со антибиотик мислам е избрзано, прво со инхалации се оди, кортико, 2,3 пати после овај прв напад имаше синко и стално дексаметазон му поминуваше.
Незнам јас не сум меродавна да кажам дали е избрзано за антибиотик. Тука даваат по внук од брачеда знам, исто има напади на ларингит. Ни препишаа пулмикорт за инхалирање. Можам да кажам многу различна пракса имаат мк со србија. Мене свеста ми се зема три пати така кашлаше како да се дави, гуши.
Исто е и кај мене, преку ден цица 3 пати (наутро, после работа и пред спиење) а преку вечер си надокнадува, цица 3 пати најчесто и баш количински. Педијатар вика да не сум давала навечер ама жал ми е, мислам и треба.
Zdravo Majki eden sovet malata pred 4 ri dena mi padna od krevet mn placese edvaj se smiri no nemase nisto na glavceto, no posle dva dena zabelezav kako trtka na glavceto nad tilot dali da ja l Odnesam nalekar 8 meseci e do sea vakvo nesto mi se nema sluceno.
Мајка а го подкреваше на повисоко да спие... Помага тоа? Да купам за рефлукс перница си велам. Ете се мачи на пола саат се буди и плаче зошто му се спие а му смета што не може убаво да дише. Жалче е И малку темп имаше, се симна со капењето. Се надевам нема да крени некоја висока. Он вака си беше весел цел ден ама слабо спиеше, не му се собра саат и пол цел ден. Ова тешко било ептен.
@Ceneva пишував и јас пред неколку недели, имаше бебо ларингит исто. Инхалации, храна и течности на собна температура дури и поладнички (не топло), проветрувај, ладен воздух многу ќе му помогне, лепенки такви со ментол може да ми помогнат за носето (или кромид како што сум читала тука но не сме пробале). Ќе помине, и јас бев многу испаничена и уплашена со ларингитот, но помина. Чистете носе често и прскај физиолошки исто.
Ако е затнат кромид сецкан до главче, знаеш тоа. Ако му течи носе на перница поткренат обавезно, плус може да отвориш прозор да влези поладен воздух. Душа, со помин нека му е. @Luminary немаш потреба од ленти скапи, кромидот е закон, дур не пробав не верував за првото имав респиранто ленти купувано ова е 100 пати поефикасно со кромидот
@Luminary @lackygirl не му е затнато носето, имаше секрет малку, ама не е затнат. Само грлото што му е отечено и му иди тешко дишењето. 22 темп ни е в соба. Да намалам ? Немам искуство ич за ова. Свекрва ми до душа доста е упатена, мм имал страшни напади од ларингит до степен да мора адреналини да му стават за да го повратат, од 7 месеци и до пред прво оделение имал напади кога било влажно многу времето. Се надевам дека нема да имаме тешки епизоди со синко. Го поткренав сега некако се надевам полесно ќе му биде
22 е многу мислам, максимум 20 степени јас би рекла. Нас пример 18 ни беше, дури и надвор го вадев кога гледав му доаѓаше потешко да дише. Облечи го убаво, покриј го и лади просторија, најголем спас за ларингит е ладен воздух.
@Ceneva на моето кога му беше затнат носот за да може да дише ставав едно ќебенце под душекот на креветчето и целиот душек благо го закосував
Намалив ... Е за надвор ми е страв да го вадам, има и температурата, мала ама ја има. Фала ви на сите. Нема спиење за мене оваа вечер
Мајки, барам совет од вас како поискусни. Моето дете на 2 месеци имаше некакви симптоми на алергија на кравји протеин. Симптомите: сува кожа на надворешната страна на рачиња и ноџиња, скоро редовно зеленкаста боја на столицата, нон стоп повраќање (не бљуцкање). Не се испита, ама според педијатар тоа било алергија. Немаме никој во семејствата со таква алергија, само сопругот на полен. Во тој момент јас исклучив млечни производи од исхрана, дохраната што ја земаше - аптамил, ја заменивме со хипоалергена на хип, а со Биодерма уште истиот ден се среди кожата и никогаш повеќе не се појави. Повраќањето се смири тек после 6ти месец, кога почна со цврста храна. Сега е 8м и почна да јаде млечни работи, не појави реакција. Има пробано кисело млеко, јогурт, грчки јогурт. Ама, според педијатарот не треба да ја менувам хипоалергената формула до една година, без разлика што еве океј е со млечните. Дали знаете зошто може да е тоа така и дали на своја рака да пробам да сменам? Ај што е прескапа, туку и многу лошо мириса.
Отвори прозор да влези свеж воздух, отворај ноќва. Ние воопшто не грееме в спална веќе 1 месец, 18ст е претежно, ако е потопло нон стоп се будат.