Се вртат ли вашите бебиња на страна или стомак додека спијат? Ги оставате ли така? Малата сака да спие свртена на страна. Ја вртам на грб, ама после некое време пак си се врти на страна. Или и е погодно така или си се утешува. Да ја оставвам ли? @Ceneva поскоро оздравување
Фала мила на подршката. Моето повеќе спие на страна отколку на грб, никаков проблем нема. Ете го и сега на страна спие.
Кај нас куката е ладна, и грееме само навечер. Преку ден и ние одамна не грееме. Ќе отварам повремено. Во три саати 5 пати стана. Душата ме боли, колку е мал, а мора вака да се измачи.
Цело време спие на страна, и тоа прилично одамна, многу ретко на грб ако ја оставам така да остане. Дури и јас кога ја оставам на страна ја местам. Од скоро почна и на стомак, ќе се заврти и еднаш два пати продолжи да си спие, неколку пати се дигна на рачињата и се разбуди. Доста немирно спие така да се врти цело време грб, лево, десно.
Да, омилено му е на меше и на страна, одамна спие така. Нема зошто да го местам, ако не му е згодно се мести сам.
Може некоја мајка ќе ме прочита вака доцна во ноќта. Бебе качува,сумнува температура,37.2 па со 5 сега намали 36.9 и заспа.Осеќам малку ми е топла. Што да правам моментално,во текот на вечерта,сабајле секако ќе ја носам.
Тоа не се смета за тт кај бебиња, можеш само малку да отскриеш ако е покриено, или слечи чорапчиња, со таква тт не оди на доктор, ќе закачи таму некој полош вирус.
Фала женски. Оти негде читав да се тендира постојано на грб. Ама што кога они си се вртат. Ќе купам само транспортно креветче, оти на дрвеното имам такви ко перничиња ставено. Они се рекламираат како демек дишаат и не се целосни, ама сепак, страв грозје чува. Инаку ја дрма сепарациска криза, ама по татко и . Ја стварно не знам, детево мое дали мене воопшто ме сака или воопшто нема укапирано дека и јас можам да одам (или се тешам). Важно во некоја гомно фаза е, кај што не спие ако не е он у соба, не јаде, плаче, мрмка. Треба он цело време да е до неа и да ја држи. Ни во количка не се вози, треба во раце да ја носи. Некој период ли е што ли е, нека минува, оти сила немам од што е напор. Се менуваме со маж ми преку една ноќ, да поотспиеме малку барем, од што се буди често ноќе, ради регресијата.
37.5 качи ,многу беше топла потоа мерив 36.8 а телото топло како за температура.Не знам од што толку ,сега нема.
Мојата спие како што сака, се врти секако. Спие и на меше, и на грб, и на страна. Ниту еднаш не сум ја преместувала откако почна сама да се мести, нема потреба, си спие како што ѝ е удобно. Спие во транспортно, само душекот е во креветчето, спие во вреќичка. Цела ноќ преспива без будење, па во тоа време само уште на глава и исправена не спиела
sekoj pedijater ke ti kaze na taa temperatura samo tusiranje so pomlaka voda i tecnosti poveke...tek na 38.5 davaat daleron ili blokmaks
Ја цела ноќ не спиев од нејзините акробации. Ама така ме нервира кога ќе се разбуди и ќе почне да чепка, да се тегли, да писка. Без разлика колку и да сум смирена во текот на денот, среде ноќ не можам, значи избивам..и арно е, штом се осетам и бегам од соба, инаку траума ќе и направам мислам за цел живот. Колку и да сакам полека да и објаснувам, после саат време пробување да ја презаспијам со галење, со гушкање, некогаш дури и нишкање, едноставно зовривам цела. Вака е прв пат откако е родена и трае веќе две - три недели. Не секоја ноќ, ама преку ноќ секако. Прво почна кога стануваше за млеко, да не може да заспие. Па ајде воведов вечера, и тргнав шишето. И реално нема потреба од него веќе, јаде доволно во тек на ден, башка што запчиња две има. Прво мислев заби ја мачат или нешто друго, па ќе пројде, ама веќе страв ме фаќа. Мора да сменат да знам. Ајде и претежно е на две дремки. На саати супер е значи кога заспива и колку спие. Освен паузата од саат до два среде ноќ. Какви беа вашите искуства со регресија во 8-9 месец? Поминува ли?
11 месеци е и истово се дешава. Ако не се разбуди знае да врзе 10+ саати, ама ако се разбуди....ауу. 2 часа му требаат за да заспие. Ме фаќа по лице, по нос, по уши, ми кубе коса, па се врти кај мм, па се нервира, па ќе заспие ќе стане со плачки....не можам и јас да останам смирена во такви вечери, ме престимулира тоа чепкање по лице.
Често читам многу вака и се чудам како ви успева да не се разбуди ниту еднаш преку ноќта? Во 8 како ќе заспие само до 12 се буди 4 пати, и после до сабајле до 7 сигурно уште 4,5 пати. Ќе почне да кенка и мора да ја земам инаку нема да продолжи. И ретко да презаспие нишкајќи(ако има друг кој да ја занишка, па и тогаш е знак прашалник) а ако ја земам јас мора да цица за да продолжи да спие.
Мојата во тој период знаеше двапати да стане и да пие млеко, па намали на еднаш. Само разликата е што не се будеше, не седеше будна, си спиеше, но го шета цело креветче со вртење. Најнемирно спие кога вади заби и ако ѝ е топло. Ќе помине, би требало да продолжи да си спие како претходно. Е, ако ја мачат заби, може пак да е истото кога ќе растат. Не се буди бидејќи сама заспива и презаспива, сама врзува циклуси. Истото го правеше и мојата додека јас ја заспивав. Кога ја научив сама да спие, прекинаа такви будења, веднаш се промена. Од стопати прво почна со станување за млеко двапати, па еднаш, па ниеднаш. Потоа регресија фати и пак во круг, но нема плачки, нема кенкања откако заспива сама. Пиеше млеко, се вртеше, се тргав и продолжуваше да спие. Извади 4 заби за кратко време, во исто време скок фати и малку немирно спиеше без станување, плачење, кенкање. Успева со самостојно заспивање.
Изгледа и синко го фати регресија, цела ноќ станува на 1 сат на пол сат, пукнав и од што цица 4 дена прокиснат цел станува. Прв пат вака станува, добро е што одма презаспива, кај мене со цицка, кај мм со нишање. Заби нема уште, нервоза левел 100.
Веќе 2-3 недели спие само на меше со истртлен гз. Главата му е бутната во ќошето, јас ќе го наместам подоле тој пак се качува до ќошето..
И нас не стигна регресијата, 9 месеци е. Дневните дремки катастрофа, во градинка го презаспивале неколку пати вчера за првата дремка. Втората му е дома, вчера никако не успеав да го успијам, беше на една дремка и буден беше 7 часа сигурно. Сега го успивав 30мин, барем заспа. Навечер некогаш ќе почне да плаче од никаде и ќе се рассони. Вчера во 2 часот беше буден можеби цел час. Само нека поминува побрзо, и да не се спои со скокот, тогаш готови сме сите. Си се пожалив јас, не дека нешто ти помогнав, сори.
Уфф сама да заспие мислам никад нема да ни успее. И со нишкање по пола саат се успеваме. Има некој начин како да почнеме? Или многу барам