свежо за почеток, само банана. Можеш инаку да дадеш печена тиквичка, цвекло, тиква, благ компир, јајце како кајгана на лентички ако имате воведено. Проја, мафини, ќофтенца, палачинки. Се меко и тестесто можеш. Краставица и јаболко остави за понатака.
Да прашаш за Молерс мислам дека смее. Има и д3 некоја доза во него и омега. Па не којзнае колкава.. се смирува дека нешто шматка Да,јас секој месец до сега (9м) го носам на преглед. Освен што го прегледува и мери ми дава совети околу исхраната и развојот на бебето. Што е дозволено за месецот што предстои. Денес бевме на контрола,конкретно ми кажа што смее да јаде од 10м, разговаравме околу моториката, што има постигнато во развојот до сега и што да правиме понатаму, околу витамин д3 доза...јас си прашував околу доењето и количината на оброците..
Вакви мрсули прв пат гледам кај моето дете. Знам дека доправа свашта не чека ќе се изнагледам на мрсули. Ама мамасити носот му е полн со жолт лигав секрет. Не можам да му го исчистам колку се тегнат мрсулите. После ноското ќе се уклучи кога ќе стане. Сега пред спиење со усниот аспиратор успеав да извадам доста колку да му олесни и да може да нунка. Почна и преку столица да вади секрет и малку му беше зеленкаста сега последно. Знам дека е се од што е болен ама ете да си се искажам да ми олесни колку ми е мачно што така мал се мачи. Само нека поминува да си се врати во нормала
Луѓе во сон се врти и седнува на газ цееела нооооќ, не можам веќе се научи да седнува сам и сега и ноќе тоа го прави. Он седни јас легни го по 10мин пак
Хахахах Душааа Моево трупче е, се влечи на под, побрз е ама за спиење само на грб спие, не сака на страна, сам па нема шанса да легни, имам пробано јас да го свртам ама не на грб си лежи, мирно, ваквоми првото беше. Бевме за вакцина, 3та дитепер и 2ра превенар, крвна слика не направивме немало потреба, мрсули течат ли течат, кашла на сабајле ама е чист на плуќа и на грло. 12 кг е со 76см. Денес 8 месеци. Многу е пораснат како детенце ми е веќе не го ни викам бебе
Машалаа, нека растат само. Јас не знам колку кг има, треба да го носам на вакцина за 2-3 недели исто па ке видиме. Последно беше 9500 ама сеа е потежок се глеа на него деканекој 11 ги има сигурно ако не и повеќе. А многу е жив, само мрда вчера си ја плесна главата го оставив да седи и проодувалката свртена напред да си игра тој се дигнал на две нозе таа летна наназад он на нос, среќа па се задржа некако со раце иначе ке беше мајко мила
Некако не може да ги синхронизираме дремките и прозорите на будност, испаѓа последниот прозорец на будност да е 5 часа. Како изгледаат вашите распореди на 11 месеци? Од прилика распоредот е вака, станува во 7, прва дремка во 10, спие најчесто час и половина. Се буди околу 11:30, втора дремка околу 14:30 и таа е најчесто еден час, многу ретко да биде подолга. Си легнува околу 20 часот, значи од 15:30-20 се 4,5 часа, некогаш и 5. Легнува преуморен, ама не ми се ризикува да го легнам порано бидејќи ќе стане во 6 сабајле. Навечер ја спие цела вечер, 11 часа.
Вирусно е кај нас. Вчера правевме крвна слика. Колку што знам зеленкасти мрсули е бактерија ако сум грешка нека ме поправи некој. Како и да е мака голема. Сега се одра од плачење без причина за мене. Може нешто го боли а не знае да кажи. Души мали колку ли им е само тешко што не може да ги разбереме. @0ли фала мама на подршката
Пробај пред втора дремка прозорец да му е 3,5 часа. Сега откако се смена саатот, станува во 8, прва дремка во 11, втора во 16, вечерно во 21 ја легнувам, но некогаш заспива за 10 минути, а некогаш дури и после 45 мин. Уште не сум поместила порано да е рутината. Околу 4 часа ѝ е будност пред вечерно, кој варира малку. Ама во скок е и спие помалку од 11 часа ноќе, околу 10 и пол часа овој период.
Ист е давид станува 8-9 тој период. Прва дремка 11-12 часот. Втора дремка 16-17 тој некој временски интервал и ноќно спиење 21-21:30 мах
Исто скроз. Мене ми пречи што толку касно легнува, уште не сум поместила малку порано да е откако се смена саатот. Поголемиот на нејзина возраст до 19:30 си беше заспан и летно време, рано си легнуваше и рано стануваше, но сега со малава не можам така поради поголемиот. Најрано за 1 час би поместила, подобро е порано да е се'.
Мене ми одговара неговиот ритам. Ноќното спиење од бебе му е во тој интервал. Сега лето иди ќе се шета после 19 часот. Ако ми заспива порано нема шетање. Јас се сеќавам мала кога бев мајка секогаш викаше ајде 9 во кревет. И некако ми е тоа нормално
Денес му го доотворија ку*ето, малку му беше слепено на едната страна. Не предупреди др дека ќе плаче кога ќе мочка, ама ептен е жален. Дали дека е бебе што ич не плаче вака општо, душата ми се кине. Ни кажа да миеме со камилица и да мачкаме Белогент. Мене не ми се мачка, многу сум против кортикостероиди, особено после една приказна за детенце во Србија што гледав, не не. Некој совет од искуство да имате да споделите. Како би можела да му олеснам и колку време ќе е вака?