На две дремки сме од јануари, за тоа е таман. Иначе исто, преку вечер скрати дремка тогаш. Ама сега дефинитивно не е проблем бројот на дремки, проблем ми е што подолго време е буден, а не можам да го натаманам за да стане во 7 и заспие во 8 навечер со 2 дремки, како да каснам еден час. И јас се слагам со ставот дека на оваа возраст е битно да легнуваат рано, 9 мислам дека е касно. Кај мене еве се стемнува во 20:30 моментално, јас и сега го легнувам во светло, надвор што се вика уште има сонце. А допрва ќе се зголемува денот тука, ми се шета и мене ама ќе шетаме сам по сам со мм Ама и мене ми е поубаво ова темпо, имам време за мене откако ќе заспие. А исто еве за отварањето неповикана да се јавам, и тука викаат да не се форсира, да се остави детето кога ќе истражува само да си го отвори. Јас немам ни чепнато.
Не ме натера педијатар да му го отвори без мое барање. Очигледно беше дека е слепено и фаќаше бели топчиња. Свесно побарав да му го отвори за да избегнеме зафати подоцна и не гледам ништо лошо во тоа. Плус што е многу похигиенски кога е отворено и се чисти.
Големиот среде лето во 19-19:30 беше заспан и уште беше дење надвор. Сите раздвижени, но не правев отстапки. Ама па кога ќе си легнеше, од 19 часот битно ми беше времето за мене и за мм. Дали ќе кулирам сама, дали ќе прошетам, дали со мм ќе сме заедно, слободното време ми беше за полнење батерии. И ранобудни бевме, денот наутро го фаќавме. Излегувавме покрај езеро, цело лето во Охрид го поминувавме со тоа темпо. Додуша, јас не ни сакам гужви какви што се во лето во Охрид и да не може да се разминеш и на раат да прошеташ, па утринските прошетки во мир и тишина ми беа најважни. Или ќе пешачевме до плажите или ќе седневме на утринско кафенце, за малиот доручек ќе земев и ќе си јадеше надвор, а бе за мерак. И сега би го правела истото, но поразлично е сега со две.
Да пробаш нешто ново да му покажеш тој период, некоја играчка нешто да го заинтересира за да можете да го продолжите по 10мин секој ден да успеваш за недела две таман ке сте? Бебо мој да е надвор он и да шета, не го интересира ни јадење ни спиење, посебно кај татко му во гаража на се заборава.
Леле мераци. Минатото лето мислев дека ќе терам таков ритам и јас, во смисла родив дете конечно ќе станувам порано и ќе го фатам денот, ама спанковци бевме со синко двајцата, станувавме во 9-10 сабајле. И тука живееме блиску до вода, реално можеме да тераме таков ритам и тука летово, посекако јас најголем дел од времето работам од дома и од 7-9 сум слободна. Едвај чекам да се стопли.
Софи доколку не ти е проблем те молам пиши ми кај кој педијатар го носиш. Јас ги изнамолив деновиве ми се чини за на преглед да отидеме, биле фокусирани само на новороденчиња ми рекоа и болни деца, ако сме имале прашање мејл да пратиме, ме изреволтираа искрено. Не сме биле неколку месеци на преглед.
Девојки, колку ви е прозорец на будност за 11++ за прва дремка? Ни беше 2 часа ама сега како да не сака да заспие тоа време или е во скок па за се штрајкува. Како сте вие со бебиња на оваа возраст?
Во 7 стануваме, 9:30 заспива до кај 11-11:30, па втора дремка кај 13 до 14, трета дремка 17:30-18 и трае кратко колку да се освежи, 20:30 заспани. Туку мене овие дена не ми спие многу мирно на вечер, се буди ако не е раката моја на неа.
На 11 месеци 2 часа прозор на будност и 3 дремки имате? Секоја чест, мојава има 10 месеци прозор на будност 3часа или 3,5ч, ако ја затера едната дремка повеќе од 2 часа, знае некогаш и 3 4ч да спие толку на една остануваме цел ден. Е ако спиела малку има и втора дремка. Вчера беше врвот 6,5часа будна никако неможев да ја успијам за 2 дремка и така до 20 часот си седеше па си заспа за ноќното спиење. Едвај чекам да се стабилизираме и да сме на една дремка.
Нема потреба секој месец да го носиш, ама на 2м е убаво. Рачунај како систематски се смета и преглед пред вакцина. Големиот кога напраи 4м почна ковид пандемија, доктор не виде со месеци. Сами читавме, следевме, после единствен преглед му беше на вакцина. Инаку јас го носам на 2/3 месеца кај Симонида во Систина. Матичниве сите гледаат да те протрчаат во гужва очигледно. Јаа бев кај Билјана, за 3м ниеднаш не му напраи преглед како здраво бебе, иако е супер дијагностичар. Сега го носам кај Филев зошто аме во Аеродром, он прави преглед тежина, висина ,диши диши, ама ништо посебно не кажува, од околу за исхрана, за моторика ништо. Малото е специфично со алергии, ама и за тоа не ми дава насоки. Прегледот кај Симонида е толку детален што буквално со листа искачам што како треба да правам следни месеци. Го оценува за цел паихофизички развој, ми дава листа што да се воведе согласно алергиите кои ги има, кои витамини треба да се даваат, дали и какви вежби да се прават. За жал, пак искача треба да си платиш за асален преглед.
Ние скоро 10 месеци - 2 дремки има. Прозорец на будност 3-4 часа. Јас не ја оставам подолго од 2 часа да и е дремка, ја будам зашто се ќе се измеша. А да е само на една дремка нема шанси мислам дека, рано и е. Јас мислев дека после 1 година можат да имаат само една дремка.
На мојава не и смета и на една дремка кога е. Посебно е така кога и големата ми е дома не во градинка и заедно ги легнувам и си спијат. Секако вечерта до 20 часот 20:30 ч најкасно заспива малото. Ама кога е една дремка е долга 3 4 часа најмалку. Како споени две дремки во една.
Се согласувам да, ние повеќе од 3м не сме биле. Би го однела и јас некаде приватно, чисто преглед, а и да видиме мислење за алергија и слично. Колку чини преглед кај Симонида? Ти благодарам
Ние не сме во мк, преглед има на 2 месеци. Тогаш во едно и вакцини. Во врска со исхрана ни збор. 8ипол месеци е, сама се снаоѓам се за храна што, кога и како. Ако одам скоро кај нас, би сакала да ја однесам кај некој и таму. Кај Симонида колку е преглед и дали се чека многу за термин?
3300 мислам, не сум сигурна дека покрива приватно здравствено. Не мора кај неа, за алергии можете и кај Наташа Никчева. Во Ремедика е поефтин прегледот (мислам 1500) др. Поп Лазарова е одлична. Проватен педијатар имате и во Аеродром, Елена Мицковска во Ели Медика, исксуен педијатар работи и во термини само со здрави деца, се ќе ви објасни. Верувам дека не е скапа.
Мене првото после годината ми имаше 1 дремка до нејзини 2г, после тоа ни 5 минути око не склопи, уште си заспива 8-8:30 што ми е супер за и малово да си го има тој ред, јас знам деца што на 4-5г морат да дремнат, мојава ако дремне 1 ќе не фати додека легне. А бебево еве уште е на 3, само што не може да сврзи сама 1-2 саати, обавезно се буди па ја презаспивам
Бебе 9м има више скоро 2 недели навечер цела ноќ не спие ка што треба мрда до тој степен што мислим ќе го скрши креветчето рипа и еднаш до два пати се буди со пиштење едвај дур го смиримо после млеко пие цела ноќ на саат два сака млеко и цуцлата да му е во уста овја период и млекото слабо ми го сака сака да јаде друго ама млеко едвај 120 пие незнам на што се должи мислев дека е гладен па затоа така прави навечер а и зубче му гребна од завчера сега му е и подизледено
Или има скок некој овој период незнам веке што е имаше пред недела и темп водпаление на уши со антибиотик беше ама пред некој ден зубче му гребна мозжно од тоа незнам ама цела ноќ тој спие ама ние не само мрда и два пута кој ќе писне едвај се смирува и само млеко бара ама по 60 најмногу ги пие и толку не ми личи на гладен а и јаде преку ден оброци 2 некогаш 3
Може е од регресија на спиењето или некоја сепарациска криза. Или учи нешто ново, или се на куп. Не прашуваај од каде знам . Едит 9 месеци е нели? Имаш ли воведено вечера? Ако да, тргај млеко навечер. Доста е. Се јаде преку ден, вечерта е за спиење. Јас и тргнав веќе недела време. Супер го прифати. Сега ќе стане од навика, ја земам кај мене и продолжува да спие. Ама имавме драма некои две - три недели. И се скарав на два пати среде ноќ, малку плачки и сега и кога ќе стане, пробува да заспие. Тивка е. И ако не и дадам знак дека може да стане и да си играме, се труди да презаспие. Нормално и помагам.