Да 9месеци има вечерс јаде ама навечер пак бара два пата дтанува со пиштење го земамо у раце да се смири ама не ми личи на гладен зошто повеќе од 60 не го пие ама и забчето му излага дан е и тоа незнам стварно
Млеко добива пред спиење, се четкаат заби и сабајле кога ќе стане, добива пак млеко и после саат ипол доручек, па се спие. Ако е запчето, тоа е. Нема што да му нудиш кога не му е за пиење Земај во раце, гушкај, нишни, пробај да го утешиш. Мојата не заспива со нишкање, ама кога ја боли нешто или има мака, ја земам и ја гушкам. Стави во кревет до тебе, гали, држи газе, се што ќе го смири. Ќе помине и ова, се ќе помине. Од неспиење и премор, повраќав некна цел ден. Ќе издржиме, тоа е. Менувај се со сопругот, секогаш кога ќе можеш.
Се' може да е. Мојата така правеше кога вадеше заби и потоа се смируваше. Се погоди во тој период и регресија, и скок, и заби. Ќе помине.
Здраво мајки. Дали можеби знаете каде би можела да ги најдам капките Вигантол? Ми рекоа дека се уште ги има во МК, но неможам да ги најдам. Секоја помош е од корист. ❤️
И кај нас е така, се е собрано Писка в сон наеднаш, писка колку можи. Цица цела ноќ, плачи многу и го буди и големиот, неможам да го оставам да плачи од големото, се разбудува и тој и се тревожи. Лудница сме. Образи црвени, нерва, заби нема.
Кај нас конечно пукна левата единица горе, се надевам дека ноќва ке поспиеме како што треба. Зошо еве го две денски по саат арно ги одспа без будење, сеа трет пат го заспав ама ги спие без цицање без мене јас доле сум он во спална.
Нема рает дур не излезат, бар јади пу пу уште да не јадеше и ќе си пукнев од нерва. Денес 2 дремки по пола саат, сега 3та ја тера пола саат помина па ќе видам колку ќе издржи Па и дома денес сме цел ден
Ау едно поминало друго дошло кај мене и во пар ги вади двете наеднаш, и другата му е обелена го чекам кај и да е и таа да ја извади. Јас прееска кога стана на татко ми му се јавив дојди викам земај не кај вас малку да смениме оти спобудалев и јас и он па бевме кај нив и сеа дома дојдовме го легнав да преспие. Вакво времево никакво многу го мразам
Јас во Врање ги купувам.Било каде во Србија има,и до Прешево ако одиш ќе најдеш,јас купив 5 лани и сеуште имам.
Имаш среќа со такво дете. Кратење ноќни подои кај нас е невозможно. Два пати станува ноќе за цице. Се имам пробано за да не му дадам, ништо не пали. На крај пак цице и за џабе маката. Вака се буди цица и заспива. Многу е 10 мин да е буден тогаш. Ете 11 месеци ќе правиме. А има три оброка и покрај нив денски пак си цица. Едноставно си сака. Како ли ќе го одбијам не знам. Цицкар
Не е исто кога се на шише и на доење. Бебенцето на Џолин не цица. И син ми има три оброци, плус ужинки и пак цица и преку ден и навечер. Навечер место да намалува, он зголеми. Откако ќе заспие во 9, цицаше само околу 4-5ч. Сега станува во 2, 4, 6.. Он е во регресија и шета низ кревет цело време како во полусон. Подои сега не сум ни помислила да му кратам, не е моментот за тоа.
Јас мислам дека тоа си е и до детето. Знам многу што се доени па не цицаат преку ноќта од кога им е воведена цврста храна. Како и да е нека ни се живи здрави до кога ќе тераме така ќе видиме
i mojata taka se trese...inace imame 9ipol meseci sega pocna koga e radosna mnogu taka pravi...nezz dali e za panika
Не,не е за паника. Само што им значи, се мислев едно време да не мочка кога така прави.. Инаку за радост, неможат да покажат емоции кога ќе им дојдат премногу во моментот и се губат од среќа
Мајки, со која температура на вода ги бањате бебињава? Нема ден кај што мајка ми не ми коментира, де била жешка, де ќе сум го смрзнела. Најинтересно е што секој пат иста температура е. Ама од што ми се качува на глава, викам да видам јас да не утнувам нешто.
Не знам да ти кажам темература ама гледам да трпи рака да не ме гори или да е ладна. Ракава ми е термометар
Дефинитивно е до детето, ама сугурно дека прави разлика и тоа дали е на шише или на доење. Плус некои деца јадат повеќе, други помалку. Прво мислев дека брзо после цврст оброк цица од жед зошто не пиеше вода, ама испадна дека нема врска. Ќе руча, ќе изеде и ужина, ќе се напие и вода и пак бара да цица. Љубовта спрема ци*е различна од таа спрема шише и затоа мислам дека е полесно да се тргне ноќно млеко кај деца што не се на доење.