Ние сме со проточен и на него има регулатор до колку макс да оди температурата. Јас ја ставам на 43 степени и во корито додека се наполни сигурно се оладува до 40
Леле исто, јас мислев ке почне да јаде и ке намалиме со доење ама не. 3 оброка има, вода си пие не мн некои 60-70мл во текот на денот после јадење најчесто му давам шишенце со вода ама кога како пие. Јаде по 170-190гр на оброк сигурно и пак со доењето исто сме. Обаврзно цица пред секое спиење исто, ноќе станува 2-3 пати сигурно да цицне и да си заспие. Знае и така во текот на денот рандом да си побара со главата ке ми се доближи и се слуша како голта мислиш не видел никогаш во животов јадење
Исто е и кај нас Водата со рака ја пробувам, мене да ми одговора јас се капам со поладна вода, не трпам жешко, исто ги научив и децава, со помлака, големиот веќе си кажува а малово исто покажува знаци ако му е потопла и притурам ладна Ако ги капи мм ќе ги попари
Моето јаде и повеќе од тоа, ама поголемо е малку. Каша ако јаде јаде обавезно 250 гр. Ете од сабајле стана јадеше 250 гр киноа со вишна и банана, јас кога доручкував ми се пикна под маса и морав да му давам лепче, после некое време ме виде дека јадам банана и дојде ми ја изеде пола , а брзо после тоа цицаше и тоа поприлично, па заспа и кога стана ручаше леќа со лепче и кај и да е пак ќе цица пред втора дремка. Кој што прави он јаде, а како шпагета е, нема ни 8 ипол кила.
Имам на кадичката индикатор што покажува, но светнува дека е тамам на температура околу 37 степени. Особено машки деца не треба да се бањаат со вода потопла од таа.
Прави разлика не дека не. И моето цица сеуште мислам затоа што не пие вода. Нудам на секое ама многу малку пие вода. Искрено веќе почнува да ме загрижува тоа. Си јаде убаво и ништо не одбива за сега фала му на бога, да се надевам дека во тоа нема да се смени. Ама за водата борби.
Кај нас до скоро беше борби, а пробан беше секој метод. Пред да наполни годинка преку ноќ пропи од шишенцето со цевка на Авент. Нема што да те загрижува, ќе пропие кога ќе сака он.
Дефинитивно е оти не цица. Мене непребол ми е што не ја доев ексклузивно, ама да е жива и здрава.(Ова мислам сите го знаете де, ама еве уште еднаш да кажам). И вода пие од магична и со клунче. Со што и дадеш со тоа. Само уште парчиња да почне да јаде. Е преска мм не и изблендал кашата, ја оставил така и не ја јадела. Каснала две три лажици и оставила. Многу работа и било џвакањето. Мрзла бе мрзла. Како да ја натерам да јаде парчиња? Вие се надевам подобро сте. Среќни родендени на Бела и Бројче .
Подобри сме. Уште малку носето не зафркава. Инаку и мојот не сака парчиња. Пробувам од време на време ама не форсирам. За сега само смоки и банана, и чат пат јаболка знам да му дадам да загризи. И лепче јаде сам. Друго ништо
Утре ќе и дадам леб. Ако гризе ќе ја оставам еден ден, жими се, леб да јаде само, па белки ќе почне да јаде парчиња. Сакав да пробам со домашни правени палачинки, мафини и леб. Додека воведов јајце, пченица, па последните денови нешто јас не сум ко што треба и се развлече ептен кај нас со храната. Мило ми е што сте подобри .
Едвај чекав да се заврши овој ден, да заспие и да дојдам да се пожалам. Ме полуде денеска синко. Јас не знам во последно што му се случува. Само се дере, плаче. Ако му земеш нешто од рака одма се драматизира. Пресоблекувањето стана хорор. Не ми се менува пелена, толку многу ме напнува со тоа неговото бегање и кога го фатам плачи се тегне. Се ми се чини ќе добие по газ. Трпението ми е тенко веќе. Не сме во скок. Носот уште му е запушен, па тоа е војна за да се исчисти. Па кога ќе почне и без причина да плаче е тогаш ми се спојуваат жичките в мозок. Не знам како издржувам да не пукнам и да почнам и јас да се дерам како он. Бесен е за сите пари. Мајки со вакви деца давајте некој совет оти ќе побудалам, а во најлош случај и ќе го исплескам по газ Нели е мал за вакви тантруми... Наредниот петок полни 11 месеци
Јас прееска плачев со него заедно. Кому да кажам мислам ке ми се смее ама веќе не можам 4 дена по ред мислам дека живци ми тестира. Со спиење никакво ни ден ни ноќ. Денеска има дремнато 2пати по 40мин и еднаш пола саат, да не збориме што цела ноќ виси на цицка што цица не знам веќе. Леб не можев да каснам, сабајле палентата негова една лажица ја каснав што остави, а земам нешто да пијам се тегли одма, кафето ми го истури на пладне. Се за него правам и што викаш ништо погодено не му е само плаче и вика. Прееска го оставив во хранилка до тоалет да одам он плаче мислиш го тепам по дома, го бањаме со мм пред спиење прво не сакаше да седне во коритце сакал да стои господинот после рикна зошо го извадив и рикнав јас со него. Ми вели мм на лекар са сме го носеле, што му е па да го носам, збеснува инат луѓе инаат, поголем и од мене, по негово да е и бити. Од сега, а понатака
Нееее какво плескање, зар мислиш дека така ќе прекине да е таков? Нема, а нема да решиш ништо со плескање и плус потоа ќе се изедеш жива. Морам да ви кажам дека допрва доаѓаат неразбирања, инат, плачки, беснеења. Ова ви е мал тренинг за она што следува, па затоа сфатете го како вежба за самоконтрола, да броите до 10 цел ден. Ова не е ништо за коешто треба да се нервирате, иако ви изгледа претешко и мачно. Допрва ќе си покажуваат карактер, допрва ќе учат што се емоции и како да ги контролираат. Сега ниту знаат што е послушност, ниту дека се нервирате поради тоа што го прават, ниту па нешто разбираат. Совет е да го прифатите периодот, нема да се бубачиња мирни и да бидат какви што вие сакате. Ќе бидат живи, ќе бегаат за облекување, ќе одолговлекуваат, ќе плачат за нешто што вам ви изгледа непотребно и ситница, нема да сакаат да се облечат во тоа што сте го спремиле, ќе расфрлаат, ќе водат инат. И сето тоа е нормално. И ова не се тантруми какви што ќе има понатаму, затоа вежбајте уште отсега трпение. Советот ми е дишете, смирувајте се, вежбајте во такви моменти да ги контролирате бесот, нервозата. Тргнете се на кратко ако треба во вц, смирете се и вратете се. Мали се, така растат. Допрва доаѓаат ,,забавни" моменти и ова за кое сега се нервирате ќе ви изгледа смешно.
Истово сакав да го пишам. Тек вистинските тантруми кога ќе дојдат тек тогаш е" забавата" таман ги порасна големиот ќе почниме со нови После 4тата година е полесно И мојов се лути писка, пелена ако менуваме мислиш го колиш, па се кара, се расправа мене ми смешно сега, понатаму ќе видиме, ама имам дупло поќе живци сега
Па затоа пишав овде да ми олесни. Не дека ке го плеснам. Само ми врви по глаа после дека ќе си ја плескам раката. Инаку ова оли не е плачење, буквално се дере од грло, толку е иритантно не знам како да опишам. Повеќе време е таков ама сега од кога фати ларингит се размази ептен и сега буквално претерува. И тоа кога се треска на назад ми се чини врат ќе скрши. Не знам внука ми беше бајче од дете, а ова моето тотална спротивност. Мајка ми се ми вели ми личи на накој .... Јас сум била така бесна... Ми се навеа на глаа Нека е жив и зрав, ќе си се жалам овде често така ми изгледа
Излеа кај сите е така. Кај нас пелена менување е хорор, вришти на цел глас, мм вика се слуша до другата зграда. На пискањето не реагирам веќе, отрпнав, мене живци ми спојува кога се фрла цел наназад, се витка ко кифла, не може да го држиме во раце. Ем пробуваш да го смириш ем да го пазиш да не се убие.