Браво за муабетов Оли, сите сме свесни дека е вака, ама некогаш треба и потсетување. Кај нас ја сум лабава со него и ич не сум нервозна иако на моменти ме вади од такт. Татко му као нешто строгост сака да покаже, а стално му викам дека моментално е џабе и дека уште не е свесен дека одредено однесување има последици и реакции. Нормално дека и јас викам не, немој така, ама се трудам да е поретко и да не е за апсолутно сѐ. На деца од негова возраст веќе им се познава кога е манипулација, а кога е едноставно фаза што треба да се издржи. Кај нас нема плачки, ама темперамент 100ка, една секунда не се застанува. Мисли дека знае и може сѐ и нека, јас го оставам да проба и сам да види до каде може. Тест на живци се баш одредени моменти, ама со оглед на тоа што претпоставувам не чека во иднина, ова си го сфаќам како смешка.
Ма језиво ми е тоа така кога прави. И стално се прашувам што ли му се врти во глаата за така да се тегни на назад. Си мисли ли дека ќе избега, немам појма. Сношти во полусон имаше такво дерење ко да му ја дерат кожата. И така на назад се тегнеше, ми се чини некогаш дека ке ми падне од раце така кога прави. Дали и вас ви се будат така со вриштење. Нормално ли е тоа? Имам читано дека ако е брзо по заспивање е терор и дека не се сеќаваат на тоа. А ако е покасно во ноќта дека е хорор и тогаш се сеќаваат. Фала богу не се дешава често тоа така во сон. Свеста ми ја зема. И после дежурам. @Bella_Stella јас сум избувнувач по природа, и искрено се чудам колку трпение имам со него и покрај тие негови испади. Веројатно човек се учи на многу работи и покрај децата. Кај нас јас сум строгата, татко му е мек и му дозволува се. Причина претпоставувам што малку го гледа. Од 6 саатот кога ќе си дојди од работа до кај 9 кога заспива Давид поминуваат заедно. И дојдов овде да си се жалам од моите мисли што знам дека не се во ред. И да барам совет од мамасити со бесни деца И само си велам чувај си го умот оти ова допрва ќе збеснува повеќе. Ама баш е бесен, нека е жив и здрав.
Тантруми сите ќе имаат, нема дете што немало, едноставно мора да поминат, не знаат поинаку да искажат емоции и пискаат, легнуваат на земја, се дрецкаат.... Допрва ќе има жалење во темите за Дете, со првото дете обесена бев на форумов барајќи одговори за сите промени, секој ден се жалевме сега со второ е многу полесно, веќе видено. Некои се малку помирни, некои понемирни ама фазите се исти што треба да ги поминат додека растат. Уживајте мајки еднаш се мали
И ај друго за убаво да прашам да не биде се жалопојки.... Мамасити со синови, давајте идеа за облека за роденденот. Не си го замислувам синко во костим, хаха, како што е сега тренд гледам.
Леле костим неее никакоо Имаш баш штосни оние целосни панталони што се ама со кратки ногавици и некоја кошулка. Или паак фармерки со кошулка и еспадрили на ноџиња - јас имам окер фармерки сега сум во потрага по тиркизна кошула и патичиња такви за велигдеен Потколенки, поло маичка и стркти.
Ние минатата недела бевме на прв роденден кај другарче на син ми. Луѓе не знаете колку беше опуштено, прославата беше дома, 10 души бевме, за јадење хот дог, чипс, смоки, овошје и по некое колаче. Славеникот беше по шпихозни. Јас синко го облеков во фармерки, незгодно ми падна.
И ние ваков роденден си имавме Е добро ја облеков у фустанче од мерак, ама дома си бевме. Куќава у воздух ја кренаа 5 дечиња ама па убаво е тоа
Ние имаме и фармерки, кошули лептир машни дури 3 искрено бадијала купени, по еднаш облечени, ова подоле на сликата му го купив јас, се друго поклон му е. Да биле тренерки или шпкозни би биле максимално износени Spoiler: Лептир:)
Вие ептен опремени Јас само за фотографирање го облеков со фармерки првпат за прв роденден и само еден пар годишно купувам и секогаш модел рилекс фит, не ми се допаѓаат модели како слим фит ко во цевки облечен. Инаку тренерки и пижами се најискористена работа, особено се искористени кога веќе одат и се повеќе насекаде во движење, трчање, комотно да биде и за прошетки и за играње.
Најчесто такви поклони добиваме од пријатели што немаат деца, да навистина слатко изгледаат на закачалка и да ги купиш ама затоа во пракса тоа не функционира ама и јас тоа го сватив одкако имам дете. Шпикозни со стапалце имаме буквално има искинати на стапалото од што се тегли сегде, сеа не му купувам освен за спиење такви иначе тоа ми било најубаво облечен знам топло му е и не му се бере никаде. Сеа боди маички и панталони па да биде пак спастрен а не гол
Ние си бевме лабавки како и обично. Во истиот ден и крштевка имаше. Ние си го облековме во крем панталончиња со лабаво кошулче од Окаиди, а после кумовите во карго, раскопчана кошулка со маиче одоздола и старки. Какви костуми, какви чуда.
Да не ве тагирам сите, инаку имав некоја идеа патичиња, панталони кошулче и трегер. Сакам да биде убаво ама не претерано. Инаку ќе правиме и крштевка и роденден, и ќе имаме 60 гости. Фамилиите и другарите. Овде во србија прават огромни прослави што мене ми е многу грозно, како свадба без невеста. И прифатив нешто помало, од причина што не се провеселивме за свадбата која беше интимна баш. А мм изрази желба да си ги покани најблиските и друштвото. Па секоја идеа ќе ми биде добродојдена
Најубаво е да спие бос. Јас се зезнав со шпикозни со стапалца од Примарк, преубави се ама јас имам склет дете и се мислам да ги исечам. За помали бебиња и во зима може, ама сега веќе ич не е за такви шпикозни.
Затоа мене една другарка ми поклони 4-5 комплети тренерки со етикета што му омалеле на нејзиното, а не ни стигнала да му ги облечи. Пресреќна бев. Инаку како сте со косите? Ова моето многу коса има веќе шишките во очи му влегуваат
Кај мене само во такви шпикозни спие и ни се практични за спиење,едвај чека да ја облечам кога ќе дојде време за спиење во шпикозни.