Се согласувам дека најубаво е босо да спие. Јас шпикозни не сум облека од новороденче, не ни купувам со ногавици. Вреќа за спиење и босо ноџе.
Јас имам едни од лидл купено мислам 2 пара купив ама едните преку ден ги изнаносе зимава и сеа мали му се, а другите сега ги носи и баш сакав да нарачувам, пошо глеам веќе му се оптеганти ептен. Штом така, без стапалце долу ке му земам. И он е склетџија тежок, ќебе за покривање уште мало кога беше фрлаше, без вреќата нигде не поаѓаме
И јас се согласувам дека е најубаво е босо, ама зависи и до детето. Две вечери пробав бос го оставив. Нозете му беа како од ладилник извадени. А не е ладно в соба. Од бебе нозете му се така ладни. И му облекувам тенки чорапчиња кога е во такви шпихозни без стопала.
Моево се од брат му носи, тренерчиња дводелни носи веќе неколку месеци, со шпикозни послабо, имам од тритекс од брат му многу убави па тие за спиење му ги облекувам некогаш. Бос спие, цел ден се слекува сам. Имаме и некое кошулче од брат му, лептир машни, фармерчиња, патичиња мали. Ми било мерак сум купила за роденден, за крштевка. По 1 парче фармерки за секоја сезона, иначе се во тренерки е цело време големиот, фармерчиња за на роденден и толку. Досега само 2 пара блузиња исти му купив на 2цата за летово да се исти одвај чекам да ги облечам Имам нови тренерчиња што ми носеа со повојница не му ги имам облечено. Вака беше за 1 роденден. Spoiler: Слика
Кај нас е претопло во стан и ако не му се стапалцата отркиени многу се поти во главчето. Од некни кога беше потопло спиеше во пижамчиња/шпикозни и бос, непокриен. Деновиве кога малце залади му фрлам една подебелка тетра, ама стапалцата од надвор зошто осеќам дека му е топло, кога и да ги допрам му се топли. Температурата е 24-5 степени, од некни и до 26 одеше преку ден.
Кој е во клубот на регресија +скок пред годинка? Аууу заспивање 2 часа, па не сака кај никој, па не сака нишање, па се нервира ако не заспие за 3 секунди.. Спие немирно, станува, се врти.. Не сака цуцла, не сака количка, не знае што сака. Инаку е преинтересна и секој ден нешто ново изведува. Што учат сега? Барем на тоа да мислам, тоа да ме мотивира да издржам. @Ceneva јас кога сакам да извадам нервоза, мм е тука он ми е боксерска вреќа да ми помине нервозата од бебе
Мојот беше во бела ленена кошула и зелени панталони, ќе ставам слика, не сакам ни јас костуми. Мина и нашиот роденден и супер поминавме, мнгоу беше расположен и весел. Сами си украсивме и славевме во кафич на тараса, со шведска маса и мала маса за дечињата, многу убаво поминавме. Не сакав големи родендени со потресувања и баш така беше, лабаво. Сега се селиме кај децата, фала ви на сите совети од групава, си раснат си беснеат, веселби и нервози секој ден ама ете ни не осетив година кога мина, ќе минат и другите, да ни се живи и здрави.
Нека растат, и среќен нека е роденденот ако не сум честитала! И уште малку ќе ви дојдеме и ние со Давид кај децата.... Леле нема да е веќе бебе ќе ми фали сигурно овој период иако се жалам Чекам сличе
@1209 Среќен роденден на баткото да е жив и здрав, ве памтам сите од лани ко се пораѓавте, кога летна времево Мојов со тт е, вчера мрсули цел ден, сега во 2ч тт 38.5, ајде борби за парацетамолот стега уста, плука, па носе чисетвме 10 пати, се бори, турка мн ми е интересен спрема брат му, тој мирен беше, сируп секогаш пиел секаков, за носе чистење стоеше, мојата прва душа (и тој е настинат ми личи на ларингит) утре сабајле 2цата кај матичната. Па се рассони, го оставив надолу гол, па се смеј дете, а гори во главчето, еве го в раце спие, кромидот мирише ме држи будна цела куќа на кромид мириса, ама бар поубо диши бебе.
Среќен роденден на сите роденденци. @lackygirl втора недела не можам да го оправам малово. Почна така со температура, за 2 дена спушти на плуќа, ајде инхалации, антибиотик дека имаше и густ секрет. Во саботата ни рекоа исчистена е плуќата, еве го од сабајле пак мрсули, очињата подзатворени инфицирани. Да пукнеш. Инаку бебе 7м, лета времво. Многу почна да се лути ако нешто не му е по кејф, за чудо ползи војнјчки од пред 2 недели мотивиран да ги земе играчките на брат му, си праи муабет на кинески и додава некој збор ко да, њам, адеее, кои ги слуша од нас. Ни пола не работам со ова дете ко што работев со брат му, искача понапреден. Вистина било сами растат вториве. Сака да јаде, има 3 оброци ама лимитирани сме ради алергии, па ништо млечно не пробал, и не јаде ни млечни каши, житарки само со вода и овошје. Јајце, риба и теле ќе почекаат за воведување исто така. Тоа вака понеделнички да шкртнам за спомен За 1 месец се враќам на работа, ми се урла.
Што можам да му дадам за надразнето стомаче? Од вчера почна зачестено да кака, може 5-6 пати во текот на денот се искака и столицата беше поразлична од вообичаено. Не скроз течна, ама како повлажна и малце лигава. Не јадеше ништо специфично последниве два дена, освен домашна урда завчера за вечера и круша вчера во појадокот. Круша јаде редовно и никогаш вака не реагирал. Каква е дијареата од алергија? Како зеленкасто црна му беше на моменти, не секоја пелена. Он покажува реакција на млечни околу усте, ама си викам да не сега и вака… Од сабајле еднаш има само наполнето пелена, нормална боја е ама пак слична структура. Дали ради реакцијата околу усте треба да ги тргнам млечните производи?
Од интолеранција на млечен протеин каката е водлеста, зеленикава, некогаш може да има и како слуз, некогаш може и како крв.
Таква е како што ја опиша, само нема крв. Прв пат се случува, а млечни производи јаде од 9м, сега има 12+. Можно ли е тек сега ваква реакција?
Не мора да има крв, тоа најретко се јавува. Не знам искрено дали може покасно, на моево бебе на 2м му дијагностицираа, па јас исфрлив се млечно од моја исхрана. Најчесто алергијата е на кравји протеин, не на се млечно ама за почеток исфрлете се. За 1 недела треба да се стабилизира ако е од тоа
Здраво. Што може да се даде на бебе во случај на алергиска реакција. Бебе е 6 месеци. Тоа ми е за секој случај да си имам.