Мајки ми треба помош бебе 9 м има од кога е роден спие во креветче сам не цица ад пиеше сега веќе и јаде спие дома у креветче негово с кога идемо негде има едно помало што е за ноесење никако несака у кревет со нас ни у рука да заспие е сега за 3 месеци здравје после година на одмор ке идеме како да се учи полека да спие на кревет зошто ова креветче што е за носење нема да го држи а ако почне и сам да стануе ќе го искрши смо пробале никако не заспива подруго освен у креветче
Мајка кај нас количка е лек за се. Викендот баш бевме во др држава не сакаше да заспие сам во транспортното креветче и мораше да го возам низ соба заспа па го преместив. Инаку дома сам си заспива во креветчето ама не му е истото....
I mojot spie vo krevetce negovo ama nikako nesaka so nas na krevet toa nie problem a krevetceto sto nie za nosenje na put uste malu i nema da go drzi
Za doma ne e problem posle ke spie ima i golemo krevetce ama za idenje na odmor ili negde drugde problem ke bide ako ne se nauci
Ама па поголем дел од хотели и апартмани имаат бебешки креветчиња. Сегдр кај што сме биле имало бебешко креветче. Јас обично преку букинг резервирам ама и на рецепција кога ке те видат со бебе прашуваат обавезно за креветче ако немам ставено дека сакам да има
Да во Бг бевме во хотел имаше, сега во Гр бевме во апартман не кажавме си носевме. Инаку на нас ни е купено за кај баба му таму да преспива и ако треба да го носиме некаде. Сакав да кажам многу евтино го земав а ептен е погодено.
Дали ви се случило и вашите бебиња да ја мрдаат/нишаат главата напред назад? 10 месеци е. Некогаш од нервоза прави, а некогаш од што и е интересно. Ние ќе и велиме не така, таа се смее и прави намерно. Ама некако неубаво ми изгледа.
Бела пред 2 дена истово де деси, цел ден му беше таква каката и сигурно 5-6 пати, и јас се преиспитував што јадеше ама ништо ново. Матичната ми рече дека му измрзнало стомачето или некој стомачен вирус, ама не качи тт и му мина за еден ден па претпоставувам може пролада беше, баш ден пред тој се шлапаше во вода многу.
Можно е и јас помислив да не е од измрзнато. Ама исто ми се поклопи со тоа дека од млечни производи знае да се исфрли околу усте па си викам да не сега и на столицата влијаело..
Кај нас се случуваше на периоди исто, на почетокот и јас се сомневав дека е од млечни ама бидејќи не се случуваше секогаш кога јадат млечни се посомневав дека кога вадат заби им се менува столицата.
Секогаш се повеќе опции во прашање. Многу работи имаат слични/исти симптоми и не знам како да бидеме паметни и да правиме дистинкција. Кај него не се заби моментално, барем не ми изгледа така. Многу споро ги вади забите, има само два и ниеден друг на повидок. Не знам дали да престанам со давање на млечни производи заради брунчињата што повремено му се прават околу усте кога ги јаде. Столицата беше таква само тој ден, сега веќе си е нормална. Урдата што ја јадеше беше домашна, правена од пријателка на мајка ми. Се изедов зошто му дадов, а за него е правена без сол и сѐ тоа. Ама си викам да не му го поремети стомачето, не знам… Без млечните баш се стеснува изборот на храна, ама ако морам ќе ги прекинам. Не знам само дали брунчињата се доволна индикација или да продолжам да му давам умерено?
Ако веќе се сомневаш на млечните, јас би паузирала некои 7-10 дена. Каде што можеш да го замениш млекото, давај овесно, кокосово ако ти сака. После пак би дала нешто млечно, во мала количина, чисто да видам дали ќе реагира пак. А инаку и јас знам дека запчињата даваат зачестена и потечна столица.
Не знам што да ти кажам, и јас се мачев со мисли за млечните, на 7м едниот појави атопичен дерматит од козле ни дадоа препорака да не давам млечни воопшто до година и едниот беше на хипоалергена формула иако тестот за алергија не покажа алергија на млечни. Кога воведовме немаа реакција освен ете промени во столицата, па паузирав па пак давав, никогаш не ми се потврди дека е алергиска реакција. Сега си јадат без проблем. Паузирај некој период па пробај пак и следи дали ќе јави. Немаме ние во државава алерголог кадарен за вакви проблеми. Јас ги носев на второ мислење кај Стефанка Грујовска, она па ми рече дека не морам да чекам до година за млечни, само јајце да не воведувам. На крај мозокот каша ми беше.
Бела мојов е постојано со брунчиња околу устата, јас не мислам дека е од алергија,моето има како егзема е, некогаш се вцрвува, некогаш се апла брунчиња, мене ми рекоа на доктор дека е од лигавење и што става раце и се друго во уста. Јас не сум се посомневала на алергија до сеа оти само таму има.
За млеко како млеко ич гајле немам и онака немам воведено обично млеко. Ама многу сака грчки јогурт, моцарела, кашкавалче. Плус има ептен убави комбинации со нив и за каши и за палачинки, ќофтенца, мафини.. Пробувам сега ќе паузирам неколку дена па да видам баш. Треба и путер да не давам, а денес во ручекот му ставив и отпосле ми текна. Он со столицата прв пат има проблем, а брунчиња одамна му се прават, затоа и не сум сигурна до што е. Ќе направам пауза па ќе видиме. Мене не ми личи на егзема , баш си се брунчиња и не ги има стално, а стално и он става раце и сѐ останато во уста, ама не се лигави. Се мислам од млечните е ама нема начин да потврдам.
И мојата почна од грло да се дере.Мислам се смени преку ноќ,од толку мирно бебе...ама ајде се тешам дека е во скок. Мајки каков е овој 6ти скок!?! Буквално се буди навечер на секои 40мин. Се фрла дома што ќе и дојди при рака До крајот на април трае тој скок ,дај Боже да се врати се во нормала.
Eee ти бар можеш да кажеш во скок е... Мојот не е, а понашање да гледаш да избегаш некаде Последните три пати не сака ни да се бања. А уживаше, што се деси не знам. Ако продолжи така не знам што ќе правам. Не можам да го избањам човечки од што се тегни и вреска.