Јас у депресија полека ќе паднам што немам време нит да се издепилирам, ни за нокти, ни за лице. Се запустев. Планирам сега за први мај да ги испратам негде на два три саати, да се средам малку и да одмрам од нив, оти жими се колку што ги сакам, толку многу ме нервираат во последо време. Она цело време нешто мрмка и се не и погодено, а јас од кујна не излегувам за да спремам по 100 оброци на ден, кои во канта најчесто завршуваат. Прегорев скорз. Да е жива и здрава, ама е во некоја напорна фаза што не знам кој пат да го фатам.
Не се секирај, ќе се навикнеш . И јас паѓав во депресии, по три пати во кујна оброци да спремам и плус ужина у меѓувреме, ноктите ми се како да сум копала во рудник, косата од толку шо ми паѓа и толку време веќе не ни пробувам да ја спасам. За лицето, се шлапкам некоја вечер кога не сум преморена и кога можам да се одвлечкам до купатилото. За дома, до продавница и околу маало изгледам како бездомник, едино ако се оди во град тогаш се облекувам. Шминкање, гледам да се шминкам кога спијат оти кога се будни доаѓаат и ми се лепат на нозете, се дерат, плачат како да ќе ги напуштам заувек. И така, почнав да си зборам сама, да се дерам низ дома, да се дерам на маж ми. Понекогаш оставам и лом да праат дома, не ни се обидувам да исчистам. Они лом праат и јас лом праам. Си се прифатив таква . Пс. Едно апче за смирување и една ракијка евентуално две на сабајле е лекот.
И јас така кога ќе тргнам негде сама сум како мува без глава. До толку што не знам веќе да одам право без да бутам количка.
Мислев дека само јас сум шизнала со паметов, добро е. Мене првите 2-3 пати мм ме чекаше во кола со бебо на паркинг или вртеа кругови со количка додека бев на депилација, да не у случај плачел
Ајде што не знам што со себе без количка ама и обавезно децата од маало ме прашуваат "А кај ти е бебето? Кој го чува?" Guilt trip на најјако.
Јас сум во депресија секој ден , со едно сум Да те утешам малку,некогаш немам време ниту да се истуширам Дома ми е лудница,само прибирам и пак е кое дека паднало Ајде да не се жалам.... Мајки да ве прашам,од кој месец вашите бебиња преминаа на една дремка?
Јас изгледа сум единствената особа на светот што се радува дека ќе се сели од поголем стан, во стан со дупло помала дневна и помалку прозорци . Едвај чекам. Секој ден си одбројувам. Си мантрам дека колку помалку простор има во дневна, толку помалку ќе се расфрла таму и толку побрзо ќе средам. Сега не можам ни да постигнам да ја изметам. Ме фаќа склет уште на пола и секако не ме остава да можам да избришам или раскренам. Башка цела дневна е со прозори од сите страни. Многу прозори и многу светло е. Ко светне сонце ми се стемнува мене . Па едвај чекам да излезам да не ја гледам прашината дома. И така. Навечер кога ќе заспие она, јас веќе сум преморена и освен да скролнам малку тука, сила за ништо немам. Сите викаат како расте, така полесно ќе биде. Ама очигледно ова е најтешката фаза. Не оди. Сака да ја земам во раце. Тешкае. Се учи да јаде. Каши насекаде, ако не избришеш, ќе се залепи, па после стругај. Пола мебел го исчука со играчките. Масата ја треска на секое јадење, од што е некое меко дрво, дупчиња мислам и направи. Паркет исто. Со што најде треска и гребе. Касно е сега да ставам теписи, ама новиот стан ќе морам оти инаку подот лом ќе го направи. Ќе ја оставам малку и веднаш кај што не треба е. Вчера ја гледам едно од цвеќињата со големи листови, се поткренала и тегли ли тегли. Преска рачето ќе си го фатеше на влезната врата. Крв снема во мене, оти вратата е тешка и метална. Страв ми е дека не можам да ја допазам. @Bebce1 и јас имам чувство дека само се жалам. Ама овде ако не си кажам, немам ни каде. Верувајте некој ден се будам и толку ми е се монотоно, што мислам во некој луп сум заглавена. Истото претпладне ми е веќе со месеци.. страшно ми треба промена. Почна да кажува некои дупли слогови. И престана. Веќе две недели нема ништо изговорено, освен некои пискања. Почна да пробува да седне веќе, ама сака директно од грб и да стане. Скоро и ќе и успее. По малку се обидува да се подисправи, ама не и телнува како. Ноќното спиење уште и е хаос. Не знам. Од дете што супер спиеше. Не ми е јасно од каде ваква промена. И на вратот како лимфните јазли да и се малку зголемени, ама не е настината или виросана. Ќе морам понеделник и на лекар да прашам.
Кај и да одеш ќе има прашина . И ова е најлесното шо го доживуваш моментално . Чекај да прооди, леле ќе викаш. Мене зидовите дома цели ми се извалкани од јадења. Теписон голем купив за во дневна, стоеше околу една недела и го дигнав. Нонстоп е расфрлано на земјата. Нонстоп има вода, грицки, јадење.... Ти за твојата бељаџика ќе си купиш подни коцки или специјален теписон за неа. Па нека го валка и нека го треска колку сака. Чувај живци за кога ќе прооди, ќе ја трчкаш по улиците. Мојата дома не сака да си дојде, ја земам во раце да ја внесам дома и ме мава боксови, на татко и го гризна силно дури.
30 пати денот збирам играчки, големиот од детска си носи в дневна, за малото се во една кутија, тоа си ја растура само неа, немаме ништо купено ново ама имаме се и сешто од брат му па се му е интересно. Почна да ги врти тркалата од камионите, од колите па имаме кавга со големиот, не сака да му ги зема играчките оти му ги лигушел ( многу е гадлив па малово писка, плачи, се лути мене ми е пресмешно засега хахах некогаш мн ми смета што е толку растурено, некогаш не и така во круг. Јас па убо си одев нокти да ми прават, си ја зедов бељата, си купив цела опрема за нокти сама да си првам си дадов 10000 ден и така сега ги правам една рака еден ден друга рака по 2 дена како ќе можам. Малку се врати во нормала спиењето последниве 3 ноќи, фала богу.
@јolene Ех, растурено колку е кај нас, па нон стоп на земја има работи, што не. И кога беше сам поголемиот и сега со бебето плус, цело време играчки ни се мотаат, де сме згазнале некое мече и цивнало, де ќе сме се потепале на количка некоја, коцки, еден трицикл и еден баланс што се само за по дома за да вози поголемиот, па сега препреки ѝ ставаме и на малата каде што не сакам да оди. Знам дека голема дневна има повеќе простор за растурање, но јас веќе сум навикната. Перници испофрлани, мали столчиња и фотељи, книги и сликовници отворени на секој чекор. Хаос ни е, но еве мене не ми пречи. Да ти кажам право, многу долго време по дома ни било наредено и сум посакувала што побрзо да ни се роди некое палаво дете да ми направи хаос и сега уживам во тој хаос, ама вистински и најискрено го кажувам ова. Гарнитурата ни е пред распаѓање, пишував во друга тема дека голем телевизор ни скрши фрлајќи телефон накај него и сега купивме најмал што постои и со најмалку функции чисто колку да има нешто, празен простор е кај нас, сЕ е раскренато. Баш кажував во темата дека на комодата ја качивме клуб масата и над масата телевизорот за да не може да ги дофати и еве веќе 4 години живееме така. Ѕидовите ни се лом. Чекам да ѝ помине истото и на малава, па потоа ќе реновираме и ќе купуваме нов мебел. Дотогаш нека прават што сакаат, ќе биде пак еден ден сЕ уредено, ќе можеме пак со мм да седнеме на гарнитура на која нема да ни боцка газ некоја коцка, пак еден ден ќе купиме голем телевизор, ќе имаме цвеќиња бидејќи ниту едно немаме и сл. Опушти се, не се замарај, ќе помине овој период којшто е краток во однос на периодот кога ќе ти биде сЕ чисто и нерасфрлано, без прашина и со здрав намештај. И ќе ти остане едно убаво сеќавање масата која била со дупчиња од ќерка ти, ќе се сеќаваш на скинатите листови од цвеќињата, металната врата на која за малку ќе си ги фатела прстињата. Наместо денес прозори да бришеш, оди релаксирај се на масажа, оди направи нокти, оди на фризер, на кафе со пријателка. Батали прозори, понатаму ќе избришеш. Не се замарај, дај си малку пауза и помалку прашина ќе гледаш @lackygirl И јас имам цела опрема, само што јас пред сто години си купив, само што пипава сум премногу и еднаш 12 часа ми требаше за да си ги направам ноктите И, како и многу други работи кои сум ги имала како хоби низ годиниве, така и целата опрема за нокти си стои некаде низ кутии.
Majki zdravo, bebenceto mi e 8 ipol mes. Noseto mu tece od vcera, zatnat nemoze da disi. Sabajlrvo pravevme krvna slika leukocitite i limfocitite mu se pokaceni. Dr rece obicna nastinka bilo, ne ni prepisa nikakov antibiotik.Grlceto mu e dobro nema crvenilo. Toj place kako da go boli nesto.. dali nekoja majka se soocila so vakva situacija, i dali e mozno da e vakov ako vadi zabce? Vi blagodaram.
Исто беше моето (8+ месеци), пред 1 недела, плус ларингит направи, прво тт имаше, па мрсули, па кашлање, па затнат нос плус црвено грло и така покажа вирусно, само инхалации со физиолошки правевме и лоратадин сируп 3 дена за ларингитот, уште има мрсули, уште има шлајм и уште кашла од шлајмот. За затнат нос кромид сецкан стави кај што спие, чисти носе со спрејче и тоа е тоа, време треба да си помини. Носи го нека го следат на доктор ако има промени. Едит, запче нема уште...
Ima dve zapcinja dolu, inaku temperatura nema grloto ne mu e crveno nema nisto samo nosrto mu tece.. Go cistime
Провери сега горе да не никнува ново запче. Кај моето исто е растечен носот ,а истовремено му излегуваат двојки горе..
Даи ви паднале дури седат долу на подлога и дали е страшно? Почна да седнува самостојно и внимателна е, се зачекува на рацете ако има шанси да падне. Ама преска се засили да земе играчка со двете раце и падна директно назад на глава. Подлогата тука кај што падна е баш тенка.
Паѓа на подлога. Се треска на паркет, во креветче, на комода, на маса и секаде. Само гледам да не е на бетон, асфалт или на мермер/ плочки.
На подлога ништо не е во споредба со тоа што со брат му се лупаат глава со глава страв да те фати колку тропа Можи и моево е со мрсули од забите, никако да пробијат, се намачи дете. Од новости почна да игра, со нозете клекнува па се исправа, пресмешен ми е лаза војнички ама е веќе побрз, пробува и на 4 се исправа ама пак легнува, се вежба. Исто пробува и да се исправи за да седни ама неможи уште.
И на подлога од седење наназад се има превртено, и на плочки. И од стоење јако паднато со главче на паркет. И од спална на паркет. Освен јас што мини срцев удар добивам, посериозна повреда сме немале. Следам после тоа рефлекси, не давам некој период храна/млеко. Ја занимавам да не заспие и тоа.