Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    9.947
    Пол:
    Женски
    Колку само си во право со ова, некогаш потребно е за кратко некој само да ти ја посочи другата страна.
    Веројатно уморот си го прави своето, па дури и најмала ситница, може во тој случај да те исфрли од колосек. Ве читнав вчера кај децата и @1206, да се живи и здрави. Јас мислев полесно иде, ама ова мачкина кашлица е за она што следува. Ќе се навикнеме и на новото темпо. За мене е огромна промена, едноставно предолго бевме двајца и се беше под конец. Иако е посакувано дете, реално не можеш се да предвидиш, додека не се случи.

    Малата инаку во 7 скок влегла, јас дуру денес забележав. Добро е барем се стопли кај нас, а она сака надвор.

    Да не излезе дека се жалам само, златно дете имаме. Дете кое дозволува да седнеш во ресторан и да јадеш на раат, дете кое само се заигрува. дете со кое можеш да седиш во друштво и да не бара внимание од сите, и да можеш и муабет да си направиш. Дете кое ќе го ставиш у кола и ќе издржи и 2 саата без да се побуни дека вози. Периодов што следи имаме одмори, викенди, преселба, за мк летање.
    За неа се ќе биде авантура и воопшто не се грижам, оти знам дека ќе се радува на секое ново нешто. Потешко да ја допазам е кога е дома, оти се и е изиграно и видено. Дома е досадно веќе.
     
    На Dpokahontas, 1209, kozuf и 8 други им се допаѓа ова.
  2. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Леле ова! Еднаш се трееснаа глава со глава, па тоа толку пукна, готово си реков, отиде главата, се расцепи кај фонтанелата (facepalm)
    А ним ништо не им беше, се кезеа како зелени :D

    Поразлични случувања следуваат, секоја возраст си носи свои предизвици. Со децата и ние учиме, а особено е тешко да се контролира реакцијата од бесот и нервозата што ги чувствуваме кога нешто прават што не треба. Дали од умор, дали од монотонија, дали од пмс, да не набројувам. Се соочуваме со секакви работи не само во врска со децата, и ние си имаме свои потреби.
    Тренинг, дишење, броење до 10, излегување од просторија, е тоа е потешкото, но не е невозможно. Темпото го одредуваат тие и е огромна промена во животот на родителите, промена којашто станува секојдневие и дел од животот на сите од семејството. Наше е да научиме да се релаксираме, да правиме нешто и за себе, да се трудиме да бидеме подобри, посмирени за нив, да даваме добар пример, да се трудиме да ги воспитаме најдобро што можеме. Грешки еден куп ќе направиме како родители, но тоа е, таков е животот.

    Промена на секој добро му доаѓа, па тоа што ве чека динамичен период е само позитивно, баш освежување ќе ви дојде на сите.

    И јас едвај чекам да мрднам од тука, сега веќе планирам патувања, движења повеќе надвор од дома, од минатото лето не сум била никаде и веќе мислам дека ќе полудам ако продолжам да дремам во Скопјево. Си одам и не се враќам до октомври најрано :D
     
    На LivingGlam, 1209, Sofi.ja и 4 други им се допаѓа ова.
  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.257
    Допаѓања:
    24.736
    Пол:
    Женски
    Тек забавата следува @0ли од збор до збор се согласувам, ама колку што бев нервозна со првото дете толку сум спротивно со ова, знам дека се е фаза/период кој поминува и тоа многу брзо и колку и да е тешко ќе си ги бараме овие времиња.
    И незнам по кој пат пишам :D ама првата година е најлесна. Дефинитивно најлесна.
    Лани и јас бремена никаде не излегов одвај летото го преживеав, под клима, мислев ќе умрам за воздух :wasntme: за ова лето немаме план за подалеку, засега само за Охрид :D
    Првото в кола беше многу мирно, седеше, ова не седи, не стои, само мрда, префаќа за подалеку немам храброст годинава. Плус дете непроодено не не, раце ќе ми скини и таму :rofl:
     
    На Sofi.ja, CareTee, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.327
    Допаѓања:
    28.137
    Друштво, ај помош. Малово не прифаќа ниедно шише со цуцла, купив чашка од ДМ и уште една sippy си игра само чеша заби.
    Што следно да пробам? Не пие ни голтка вода, а иде лето, не знам како да го научам на шише. Големиот од све пиеше, што и да му дадам :D ова нема шанса ад млеко, ај и не мора, ама ништо не сака да пие, а јас после година не сакам да го дојам.

    Помош...
     
  5. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.310
    Допаѓања:
    11.726
    Пол:
    Женски
    Можда беше околу 10тина месеци кога првпат повлече од цевка и тоа од ова шише. Сега веќе, 13 м пие убаво.

    Еве од ова научи и тоа со упорност и со игра. Помини замини земам шише и демек пијам нешто изигравам... Требаше време, не викам не, ама изгледа шишето, протокот на цевката се погоди. Со Филипс Авент не ни успеа.

    Пред да го фати нук со цевка, малку пивнуваше ама онака како пиле од оваа чашка.
    Е од шише со цуцла никогаш не научи и веќе не ни има потреба.
     
    На јolene и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  6. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    9.947
    Пол:
    Женски
    https://www.dm.de/mam-trinklernflas...BOI7ku6l9OpwJrDv2wK2Qi-cyz1TTCecaAopXEALw_wcB

    Со ова почна, има две цуцли. Едната е класична, другата со поширок отвор. Сега пие и со магична и со клунче.
    Реално така и она почна, со чешкање заби, па случајно ќе пивне, па ќе се засркне, па на крај укапира дека се пие вода така. А е дете што е израсното на цуцла, па на почетокот пак не сакаше да пие, иако знаеше како функционира шише.
    После ја изгриза цуцлата со поширок отвор, ја користеше како глодалка. Сега за надвор најчесо го земам и со таа цуцлата со класично дупче што е, оти ми е најпрактично и најмалку се мокри. Дома ја нудам со клунче и магичната. Ама веќе е голема и тоа со цефче шишенцето и мене добро ми се гледа.
     
    На Carolin. и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  7. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Јас среќа во пролет раѓам деца пред да почне густото со горештини :D
    Охрид не ни бега, далеку не одиме и ние. Иако малата во кола е океј, не би отишла подалеку, не сум во тој филм годинава. Поголемиот порасна во кола, само некаде возевме, тој се изнаспиваше и поинаку беше. Сега тој е заедно со малата позади и таа ќе дремне само 45 минути и после нема шанси да продолжи како дома што си спие подолго. Ќе види дека тој е позади со неа и готово, почнуваат да се смеат, па не презаспива. Затоа на кратки релации може да одиме, тоа е океј. Ноќе не ми се патува, па пелени во кола пресоблекувај, поинаку е сега со две.
    Ти богами ако го држиш во раце, јака ти душа :D
    Јас почнувам прво со лажиче, а потоа пробувам со чашка за ракија. Уште не сркнува од чашата, но и не се дави веќе и не се засркнува. Не знам дали ќе давам нешто друго, сакам да се држам до тоа од отворена чаша да пие, да не се учи со цевка, со клун и сл.
    Не можам точно да се сетам, за првото дете нема чаша и шише што не ги купив, мислам дека тргна работата со најобична чаша со клунче од Томи Типи без вакуум, бејзик е. Тоа слободно тече, прво ќе контролираш, се разбира, помали голтки да прави. Ваквa е чашката
    [​IMG]
    Дури потоа со вакуум чаша од Нук користеше, ми беше практична за во кола и по дома да не ја истура водата.
     
    На Carolin., lackygirl, KuklickaSk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    8.514
    Пол:
    Женски
    Денес синко ме фати за рака и даде неколку чекори држејки се само со едната рака. Дали смеам на тој начин да го водам да се подопушти. @0ли ај вака ти позапознаена со оваа тематика :lol:;) совет :)
     
    На Sofi.ja и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  9. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    2.159
    Пол:
    Женски
    Шише/чаша со цевка, ама некое полесно што се влече.
    Мојот само од нив прифати да пие вода.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.768
    Допаѓања:
    21.501
    Пол:
    Женски
    Шишето од Филипс Авент со цевка. Прво мислев дека е залудно купено, ама негде пред да наполни годинка почна да си пие. Пак не е многу по водата, ама барем повеќе од претходно пие.
     
    На H.VAGA, Carolin. и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  11. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Знаеш јас ќе речам не, не му помагај :D
    Не го учи за рака, може да се случи да почне да криви, сепак е дисбаланс.
    Сигурност дозволи му да создаде сам и ќе тргне кога ќе се осеќа спремен без никаква помош. Не мора да чекори сега, ќе зачекори кога ќе е доволно стабилен да стои. Ќе научи да паѓа, да се чува, да се дочекува на раце и сл., остави го на под како и досега. Знам дека сега ти изгледа пресреќен што оди, но има време за рака кога ќе си се шеткате, сега мој совет е да му дозволиш сам да научи колку и да ти е сладок, нема да се осеќа без поддршка ако не го водиш и мислиш дека така ќе се опушти, остави сам да се опушти, ќе си знае кога е спремен.
    Може да седнеш подалеку од него, рашири раце и довикувај го да дојде кај тебе, така некоја сигурност и желба може да добие за да се опушти, но не треба за раце да се држи ниту за една ниту за две, помош не му треба верувај ми :)
     
    На Tiny Love, Giiirl23, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    8.514
    Пол:
    Женски
    Логичен одговор. Фала ти. До сега не ме има фатено за рака за да дојде до кај што наумил, секогаш седнува лази и се исправа.
    Порано се исправаше на тросед и кога се спушташе, се спушташе со горниот дел на телото, да се дочека на раце. Ќе се дочекаше, ама и тркалаше :D и виде дека не бива така, почна како што се исправил нога по нога, така се и спушта.
    Од троседот до кутијата со играчки има два чекори. Пробува да ја дофати со раче и не може, седнува и иди до неа и се исправа. Баш е внимателен од таа страна. Ама од друга, не знам што ќе правам, сака да се качува и ич не мисли дека ќе падне и ќе се сакати. Буквално ја гушнува кутијата за играчки од горе и ќе се влече и качи на неа. Јас седам тука и го оставам да видам што ќе направи. Така и на едно мало столче си ја става ногата на даската под седлото што иде и после другата на седлото и оп ете ти го горе. Крв да ти се заледи. Бесен е за сите пари и не е за оставање сам ни секунда надвор од кошот. И така јас нон стоп сум си до него, во спротивно цел ќе е модар од глава до пети. Да ми е здрав и жив, ама јас немам видено по бесно дете до сега :rofl::wasntme: не застанува ни секунда, како моторче да има во газот :lol:
     
    На Giiirl23, Carolin. и lackygirl им се допаѓа ова.
  13. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Супер си е, тамам е :)
    Мене не ми изгледа на бесен според кажувањава, нормално е сево ова. За бесен ќе збориме понатаму :D
    Ете сам си учи да се спушта и да оди до одредено место, ќе си се снајде дали со лазење, дали со одење, како што се чувствува сигурен во моментот и до каде што му текнало дека може. Супер е, нема потреба да го водиш, самостоен треба да е.
    Секаде каде што не сакаш да се качува, тоа што не сакаш да допира, ако сакаш некаде да не оди, решение е да тргнеш, да качиш погоре, да ставиш препрека и нема друго. Мал е и не разбира што може да се случи тој само гледа можност за да се поткачува, да разгледува, дофаќа. Просторот прилагоден за него, таков е периодот и ќе помине, а дотогаш и растурено и разместено и секакво нека биде.
    Тамам работа да седиш само до него :D
     
    На Tiny Love, Giiirl23, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    8.514
    Пол:
    Женски
    Ма за растурено ми е гајле. Па така ни е весела куката. Пред тоа беше монотоно се под конец подредено. Сега се е шарено и весело и играчки кај што не очекуваш :lol:. Баш ни е убаво :)
    Инаку морам да го пазам, не смееме да се удриме на главче никако.... Ама тоа е друга тематика ;)
    Инаку си е оставен да си оди кај сака, не го ограничувам. Само сум тука во близина да реагирам ако треба :wasntme:
     
    На Tiny Love, Giiirl23 и 0ли им се допаѓа ова.
  15. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Оли а што со деца кои се доволно стабилни, но имаат страв да се пуштат? Значи нема проблем цела куќа да ја сврти ако се потпира на нешто, на ѕид дури, ама има страв да се пушти и цело време бара да се држи за рака. Не седи во количка, сака да оди ама сам му е страв. Што тогаш?
     
  16. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    8.514
    Пол:
    Женски
    Е и моето е така стабилно престабилно. Се држи за плакарот и оди. Ама кога ми даде вчера рака не ми делуваше многу стабилен, до душа цел беше ко вкочанет и затоа прашав дали смеам да го водам така да се ослободи малку. Ама ќе го оставам сам ке тргне кога ќе е спремен, ми има логика оли што советува.
     
  17. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Ова е стабилно скроз, ама има страв. А пример плаче на цел глас ако не му даваш рака за да оди, се гледа дека сака. Ајде дома и така и така, ама надвор на прошетка? Нема шанси, се лизга цел од количка и сака да оди.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    8.514
    Пол:
    Женски
    Надвор и јас по малку знам да го водам. Не сум толку ригорозна :wasntme:
    Надвор со децата пуца и топка :D
    Јас го држам тој шутира и кејфови е. Ама тоа е мал дел од денот
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.257
    Допаѓања:
    24.736
    Пол:
    Женски
    Само ќе си го победи стравот, ко ќе му дојди време ќе се пушти. Првото така беше, на 14 месеци се пушти сам, одеше ко да одел цел живот, а ни лажеше ни на меше сскаше, исто е дете што за се мисли пред да направи, и ден денес е таков. Плус плашлив згора на се.
    Малово нема страв од сега е поинаков, гледам дека ќе биди и по подвижен од брат му :D
    Пелена не се менува од што се врти, станува, а брат му си лежеше ко мече :rofl: ни лево ни десно мрдаше :lol:
     
    На 0ли, Ceneva, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.327
    Допаѓања:
    28.137
    Фала. Ќе земам со цевка следно. 7 ипол месеци има, може и рано му е, не знам шо да кажам :)
    Не е страшно да падне од седечка положба, ни ако падне додека оди. Секако ако не се удри на некоја ивица, да исече глава. Опасен е пад од висина над 60 cm.
     
    На Giiirl23 и DaisyDoo им се допаѓа ова.