Ova mi lici na alergija. Po celo telo osipan bese i mojot koga otkrivme deka e alergicen na kravji protein,a najveke okolu usta, brada. Ti pisav i pogore za mlekata. A za osipov na pedijatar i ke vi dade antihistamin i hidrolizirana formula. Neznam koj vi e maticen ama otidete na poasalen zosto ne e igracka alergijata, kolku odnadvor ima osip tolku i od vnatre.
Недела дена пред роденден почна да греба првото запче скоро па сигурна бев дек без заби ќе славиме хаха од бебе нејадач до 9 месеци на млеко, стана бебе сејадач, пази без еден заб нема шо не џвака, како не знам. Ее само мајки вода никако не сака.. абе 1 капка ако пие. Дојдовме Мк, цело време ми е во раце, мислев ќе одморам малу ама јок. Не знам оти нема осет дека може да падне и главата да си ја расцепи? Првото се држеше за кревет и одеше, се префрлуваше на брзина кревет-маса и тоа траеше 2-3 месеци додека се пушти сама, ова го нема тој осет, тргаа само и како свеќа долу ја снемува.. за се друго мисли, ништо не и бега, реагира, имитира ама пусто со одењево е катастрофа, мајцр висок и е каучот и кога ќе се спушта на долу знае да тресне по јако на газ ама од кај таа идеа дека ќе почне да оди сама како нас, а едвај два чекори прави не знам
Кога се сметаат за официјално проодени? Прво се пушташе од кај што се држи до нас седнати на земја, 4-5 чекорчиња. Сега пред да заспие почна сам да се пушта, без некој да го викне. Ќе пооди 4-5 чекори и паѓа на раце или газе.
Хаха, мислам дека ни е рано, ама ќе биде за брзо. Не станува. Се исправа на колена и како да сака да стане, ама нема станато сеуште. Денес најинтензивно се пушташе. Во саат време може 4-5 пати се пушти. Некогаш правеше по 5-6 чекорчиња, некогаш помалве и паѓа.
Ќе биде за брзо, си вежба дечкото со полна пареа, ја совладува стабилноста и супер е што паѓа на газе и што се задржува Ќе седи на земја и ќе станува без држење на мебел и ќе си тргне. Спремајте се за трчање
Исто Бела, денес ептен турбо беше со пуштањево, цел ден не престана, интересно му беше, капнавме од пазење Ама и спиењето катастрофа беше деновиве, мислам дека е од тоа. Ајде нека им се лесни чекорите, ќе биде деновиве и тоа. Малце иам напредок со детево со јадење, ама не знам што му е не сака во столче да јаде, мора се по него да одам, да го хрнам, сам не сака. Поточно зема виљушка и мене ме храни, кај него у уста јок. Период е? Ќе помине? Или некаде згрешив јас со учењето хранење?
Да да и кај моето се одразува врз спиењето. Ете го втор пат се буди плачејќи откако е заспан. Што од што растат горни кецови, што од што го процесира одењето. Ќе издржиме.
Лази да, касно почна да лази, на 10 месеци правилно, тогаш одма и се крена на нозе, предходно како војник беше. Заразлика од големата, ова покасно почнува се и не ми е тоа проблем, само не ми е јасно оти мисли дека може да оди, а не ни покушала да се движи, трга само и истата секунда долу.
Секое дете свој ритам. Моето вчера од масиче до тросед се пушти и се изненадив. Иако беа само два чекори. Се повеќе стои без да е потпрен и без да се држи, и кога губи рамнотежа одма се фаќа. Баш е претпазлив од таа страна. И кога се спушта на земја баш внимава. Ама затоа од друга страна, оди под маса и ќе станува, да испита убаво по глаа сака исто и кога сака да се спушти од тросед, со главата трга. А му покажуваме на секое ама ете не прифаќа, тој си сака главечки Се спремате ли мами за роденденот. Јас сум леле ќе стасам ли се да направам како замислувам
Здраво мајки! Ме интересира колку подои имате со деца од 1 година ? Дали почнувате да намалувате со доење?
Колку сака, сега дека и сам брка кога и да му текне одма брца и дига блуза Ме срами некогаш така ама планирам да почнам да намалувам некако, не ми се доо веќе мака ми е и он не сака да јаде храна.
Кај мене веќе месец и повеќе си оди сама, значи може да помине и 10+ минути во одење. Е некогаш и после третиот чекор, плетка нозе и паѓа на земја. За станување од земја сеуште лази до нешто најблиско што се, се потпира, се исправа и тргнува во поход. Скроз од земја сама без никаква помош нема станато. На пример и за седнување. Околу 10 месеци беше кога почна од лежење да седнува, со тоа што се вртеше на страна или на меше прво, па од таа положба со маневри да седне. Тек пред некое време на 15 месеци може да беше баш од лежење на грб, го поткрева телото и така може да седне.
Следи си дете, треба да се намалат, првото на година цицаше на сабајле ко ќе станеше и навечер пред заспивање, плус ноќе си цицаше неколку пати на 14 месеци го одбив дотогаш така беше. Иначе имаше 3 оброци и 2 ужинки. Потоа остана само со вода, многу вода пиеше, др млеко никакво не прифати, ни јогурт. Ни ден денес не пие (5год и 5 месеци), само вода од страна на течност е кај него, сок 2 пати неделата ако се напие вива со цевче. (забегав од темата Да пишам нешто пред да направи 9 месеци. Лази војнички, секој ден се подалеку оди, многу е побрз и поцврст. На 4 се крева и се спушта, мислам за брзо ќе свати дека така треба за лазење ама ќе видиме Се исправа ама за раце ако го држиш, сам неможи ама многу сака да стои, на кревет стои исправен и ќефој е Лесни чекорчиња на сите дечиња, нз дали ќе отвора видео https://www.facebook.com/reel/937785044522058?s=yWDuG2&fs=e&mibextid=Nif5oz
Прооден е. Баш прашував педијатар кога се смета дека се проодени, ми рече од првите направени самостојни чекори, под услов понатаму да се развива одењето по нагорна линија. Значи ако секој ден се пушта исто или повеќе од претходниот, прооден е
Син ми од 8 месеци седнуваше сам, се исправуваше на нозе и стоеше со држење на нешто, па на 13 месеци од седење се исправи и зачекори и затоа кажав кога го сметав за прооден него. И ортопедот кога го прашав кога да го однесам на контрола, ми кажа три месеци откако ќе стане од седење на земја и зачекори, веројатно тоа го сметаше за стабилно проодување. За малата ќе видиме, таа малку поинаку се развива, претпоставувам дека ќе ѝ треба повеќе време за да може од седечка положба да се исправи и да зачекори, секако можно е и побрзо да тргне да оди отколку што ќе стане и оди како поголемото дете.