Почнувам да, ама слабо ми оди. Има вкупно 5 подои во 24ч. Сабајле пред да стане 1, 2 пати пред дремките, 1 пред ноќно спиење и 1 во текот на ноќта. Ми успева некогаш со ужинка да заменам некој од дневните подои, ама и да му понудам града пак цица. Не знам дали е навика или е гладен. Од една страна морам да му намалам, Септември ќе тргне во градинка. А од друга слаб е на килажа иако јаде како возрасен човек, ама ако не дадам да цица се мислам му се јаде.
И јас го правам истово, и се мислам дали грешам пошо јас сама му нудам, си мислам да не му понудам нема да му текне, може и да помине со ужина. Ама па кога ќе го прашам дали сака да цица луѓе не знаете како се радува, цел се смее. Не знам дали да нудам или не. Иначе еве помина и годината, детево уште нема абер да седне. Не знае, не се труди, си има негов начин на движење кој навистина се разликува од останатите деца, и ајде тоа не е толку голем проблем колку што му е препрека за исправање и евентуално проодување.... Одиме и на физиотерапевт и нема напредок, вежбите ги прави кога ќе дојде време за нив, ама надвор од тоа не ги практикува движењата. Го гледам има желба да се исправи, и го прави тоа ама на толку тежок и погрешен начин, што дури и малце да се заниша има шанса така јако да си ја акне главата од земја што не знам дали да го оставам да пробува. Физиотерапевтката вика да продолжиме со вежби, ме уверува дека нема ништо невролошки, ама не знам што да мислам веќе.
@Lavender13 Извини, ако може да ми појасниш бидејќи не те сфатив, седењето или неговиот начин на движење му се препрека за исправање и проодување? На што мислеше?
Исто, мислам дека да не понудам нема сам да побара. Имаше еден краток период кога ме тегнеше за маица, ама сега веќе не бара сам. Не сум го и оставила до душа.. Кога сме кај ужинките што му даваш? Среќен роденден, жив и здрав да е. Пробај да не се оптеретуваш премногу, чим го носите кај стручни лица и ти викаат дека ќе се среди со вежби сигурно е така.
Двете. Бидејќи не знае да седне, се обидува да се исправи ама на скроз погрешен начин, се крева на високо само со рацете, а не го мрда долниот дел од телото, за да дојде во позиција на сите 4, и не му успева и фали ептен малце да се лизне за да се акне со главата во подот. И физиотерапевтот ми вика да не го охрабрувам да се исправа пред да се научи да седне, бидејќи движењето за седење е како подготовка на она за исправање, као да се фокусираме повеќе на оваа транзиција : лежење на стомак -> позиција на сите четири-> седнување, бидејќи тоа му е најголемиот проблем, тоа движење не знае да го направи. Кога ја правиме вежбата ја прави без проблем, ама вака дури си игра да му текне да ја направи нема шанси. Јас па баш се израдував дека започна да се исправува, ги гледав движењата дека не се како кај другите деца ама ајде викам, ваљда ќе си дојде со тек на време. Сега физиотерапевтот ми вика да не продолжуваме со исправање, бидејќи само ќе му отежне во иднина. Јас стварно не знам шо му е толку препрека да седне, не знам. За ужинка давам овошје воглавном, смути или парчиња. Немам идеја за друго, ако знае некој нека сподели.
@Lavender13 @Bella_Stella моето само ужини има, ни за храна е заинтересиран ни за хранење. Јас не знам веќе кај да фатам, со месеци веќе не јаде како што треба и не знам што да правам. Денес 3 вида ручек му понудив, само де мршти и плука, знам дека не треба алтернативи ама кога сум очајна не знам што друго да правам. Вчера правеше чекори денес од седење стана сам и почна да оди, два дена еј. Многу се радуваме цел ден.
Мила а не ти кажаа и дома да му ги правиш истите вежби. Нашиот физиотерапевт кога го носев синко за да го учат да седнува и лази, ни рече и дома истото да го практикувам. Моето не сакаше ништо од вежби да прави ама ете пролази и седнува без никаков проблем. А кога одевме на вежби тој се исправаше без никаков проблем. Не можам да кажам дали ќе е проблем што се исправа, кај нас не беше воопшто проблем тоа. Ама секое дете е приказна за себе. Бидете упорни само, нашиот терапевт вели прашање на време е кога ќе му кликни во неговото главче. Некој брзо совладува, а на некој им треба повеќе време.
И дома ги правиме истите вежби, уствари само една главна вежба остана, тоа е транзицијата што ја пишав погоре, вежбата изгледа вака од прилика ај прати ми ги и вежбите вие што ги правевте, баш ме интересира.
Моето следната недела ќе полни 10, седна ама не се крева уште. Нормално не знае да стои, не ја ни устојувам да се фати негде, не ја ставам во дубак или џампер. Кога ќе укапира, ќе укапира. Не стасав на физиотерапевт, сега одмор прво ќе тераме, па преселба, па имам за еден месец контрола. Ќе видам што ќе каже матичен, ако има потреба ќе ја носам и на физикална. Читав од 9-12 месеци нормално било како период кога ќе почнат да се креваат. Е она пошто малку и не се брза, може ќе потрае. Мене ми е интересно што она е цела мускул и стегната. Долга е, крупна е, тешка е, а не е дебела. Нема кај да штипнеш, освен по образи малку. И пак не се крева. Јас полека почнувам да се опуштам. И треба време повеќе и тоа е ок. Кажува сега дупли слогови, писка се дере кога сака да привлече внимание, па и чисто онака. Брза е со влечење војнички, јаде кабли и влечки. Уште е фасцинирана од врати. Сака надвор, јаде ама уште само каши. Кога ќе направам ретроспектива, од бебе што за се се лутеше и плачеше, сега е супер дете. Просто не можам да верувам дека од мене е родена. Толку е само различна. Се заигрува сама, вози во кола, седи во кенгур. Учи нон стоп и прифаќа нови работи. Одиме сегде заедно. Ме остава секој ден да се напијам кафе во кафуле, додека она љубопитно ги набљудува сите. Дури на моменти се осеќам толку гордо, какво ми е разбрано детето. Ја гледам секој ден, како се повеќе и повеќе, да ме разбира. Читаме сега книги, и правам звуци за животните. Се смее. Јас се смеам со неа повеќе. Некојпат знае да биде толку многу стрплива што дури мене чудно ми е. Ова, за да не речете дека само се жалам од неа . Се надевам форумов ќе постои уште многу време, па да си прочита што сме минувале со неа.
4 тата вежба за лазење и од таа вежба и седнување како на видеото ти што го постави. https://www.instagram.com/reel/C4GCMgIrKsc/?igsh=ZW9qN3lyODQyczhy Му ѓи правев и другите од видеото. Јас кога и да тргнеше да лази војнички одма го фаќав за колкови и тој од што не сакаше да лази се враќаше да седне. И така извежбавме седнување. Еве и други линкови разгледај ги профилите има доста корисни вежби https://www.instagram.com/totsontarget?igsh=cGNsbnZobW41MWw2 https://www.instagram.com/reel/C1uzVAIRAIw/?igsh=eWN5c3VkMWJkb3V5 https://www.instagram.com/babyvisionstudio?igsh=ejI5NWJ2b3gxcDdr
А што уствари пробуваат да направат кога се клатат на колена, напред надзат. Или кога како едната нога напред, а другата надзат и со раце се потпираат. Моето така го испракса стеснувањето, што јас сум вчудоневидена. Од секоја можна позиција знае да седне. Од лежење директ. Од страна. Од на меше се дига на раце цела и седнува. И тоа за секунда. Значи ли дека полека ќе и текне да се фати за нешто нагоре? Ја на пример и раце да и подадам џабе е. Никогаш не сум ја теглела и кревала за раце и не знае. Збунета ме гледа кога ќе пробам да и помогнам да се крене.
И моето денес проба да стане од седење, ама не успеа. Утре ќе видиме со што ќе не изненади. Со јадењето некоја фаза си има таква. Давај тоа што сака да јаде и не се нервирај. Што јаде за ужини?
Леле ова за твоето сега ми текна за муабетов од свекор ти и одењето. Ете гледаш, човекот во право бил . Се пушта дете, проодува.
Моево така се крева на 4ри и се клати напред назад, ко што гледам на тик ток тоа пред лазење го прават. Мене ново и прво искуство ми е сега лазењево не правеше ништо од ова првото и јас нз точно што значи ќе научиме за брзо.
И со главата се мава од кревет, земја, подлога, зависи кај се наоѓа. Од спиење станува и кренат е со нозе и раце колку го држат
Ќе успее денес Ужина обично некоја банана, портокал(или друго овошје)мафин ако имам направено, банана леб, смукалче, грчки со краставичка или ќе пробам од ручекот да видам дали сака пак па ќе касне две три лажици и го сметам за ужина, некогаш јогурт во чаша, некогаш само цица, ама катастрофа е генерално.
Гледаш ти барем не си во информативен мрак. Ја никакви социјални мрежи немам, барав по книгите ама очигледно не доволно. Се покренува на една кутија, со рацете се дига ептен, ама не и текнува да се фати за нешто и да проба да се крене нагоре. Ако ја дигнам да ја земам кога седам, она на прсти застанува. На цело стапало не, па затоа не ја ни оставам долго така исправено.
Сите овие ги правевме, од првиот клип. И на видео изгледа лесно кога имаш дете кое соработува, овој мојов се стегаше цел и беше апсолутно невозможно да му смениш позиција. Цел се стега и се здрвува во телото. Јас се сомневав случајно нешто да не го боли, па затоа толку да не сака да го направи движењето, ама физиотерапевтот проба неколку различни движења на колковите и вика дека нема проблем, барем таа не гледа некоја препрека. Не знам стварно. Иначе за ужинка, сега се сетив, правам и едни бомбици со овес, киноа, јаболко, банана ( т.е овошје по избор ), путер од јаткасти, се тоа роловано во трошки од кокос. Правам поголема количина па ги замрзнувам. Мислам дека рецептот го најдов на solid starts, не сум сигурна.