Ми наликува на мојов големиов, се плаши затоа така прави. Од мали се познаваат што карактер ќе си имаат, не е сменет уште си и плашлив и размислува 100 пати што се вели пред нешто да направи. Те читам цело време и нон стоп се потсетувам дека така беше со него. А малово па скроз спротивно, ѕвер е, нема ич страв, шо на ум то на друм од сега се гледа дека ќе крши глава отиде до масичето мало и фаќаше нешто и се мавна во ќошот и седам гледам и само пушти глас малку и си продолжи ова големово малку да се чукни рика ко магаре Иди до мене до нозе ме фаќа за пантолони и се крева со сета сила, трга за да стани. Оди до кревет истото го прави, се фаќа за флекерот и трга, а раце ако му дадам за секунда е на нозе исто знае да игра лево десно се ниша и ако му запеам рум дум дум клекни стани прави неколку пати и вика се смее, скроз се возбудува многу е силен. Му донесоја поклон кола (малата, превртената) оди до неа и на префрла, ги врти тркалата. Големата е од брат му од бебе па имаме кавги за нив, сега малата да бидела од големиот, поуба била и се качува со 26кг и ја вози и неможиш да се разбериш. Оди му зема од раце играчки, моја е таа, ова малово писка и знае наназад да се фрли со сета сила и инает Spoiler: Слика
Ноќва луѓе ке ја памтам дур сум жива мислам. Од креветче низ цела спална се врти и плаче во сон, само кога ке го гушнев се смируваше, на раце ми преспа јас се здрвив. Се чудам што му е мм се запнал на лекар да го носиме во 3 сабајле, а бе памет немав. Сабајле стана наполни 2 пелени со каки ама полни до горе. Дали стомачето го мачеше цела ноќ, гледам двојките бели му се кај и да е ке пукаат и тие, па му се собра се. Не знаев што да му правам,ни него ни на себе. Сега еве го заспа и ми спие у раце страв ми е на кревет да го спуштам да не се разбуди
Моето има 6 месеци и веќе подолго време само кемка плачи и воглавно поголем дел од времето е таков. Сега прочитав дека и твоето како бебе било такво а сега на 10 месеци е мирно. Кажи ми како се смена дали наеднаш или ти некако со нешто го смируваше па со тек на време стана помирно? Многу е тешко и напорно дека скоро цело време кемка, знае и на глас да се кикоти и да се смее ама ми се чини дека повеќе кемка/плаче од колку што се смее.
И мојот не сакаше да соработува. И прашав да не го боли оти плачеше. Вели не го боли ништо, само го спречуваме да прави тоа што тој наумил, и дава отпор. Дур одевме на вежбање имаше девојче со нас од 17 месеци. Ни седнување, лазење, исправање камо ли одење. А дете здраво право. И таа исто така ќе се укипеше и не сака. Можеби е некој страв, а мали се за да кажат. Постои сигурно некоја пречка, само треба да се увиди што е точно.
Се вратив да пишам конечно проби запчето, прво долу десно немислев дека пак вака ќе се возбудам, ама исто било Сега му давав капки и со лајчето му чукав на непца и почна да чука, па се смееше. Те цитирам дека исто е, цела ноќ плачи и станува, плус има како пролив и меше му кркори. Ако го боли така нешто дај му парацетамол или ибупрофен. Јас 3мл парацетамол му давам ако го боли меше или нешто др, ноќеска не му дадов ама цела ноќ станува
Фази се. Менуваат постојано. Кога ја мачат заби, скок, не е наспиена, одморена или нешто друго нормално се кисели пак. Трпение со него. Остани смирена и носи надвор, играчки да се залажува, тоа е. Кога е ептен кисела одиме надвор, сакаат да гледаат и одма им се скршенува внимание. Пред да усовршат некоја вештина се исто кисели. Едноставно кога е такво посвети му се повеќе. Кога е мирно, не седи со него по секоја цена, нека се учи дека и само може. Они се учат. Сум пишувала овде. Ни количка, ни кола, ни кенгур сакаше. Кенгур буквално од 20 секунди почнавме, па зголемував секој ден и тоа без исклучок. Рутина. Секој ден позната рутина им помага полесно се да сварат. Знаат што ќе следи и посигурно се осеќаат. Ништо посебно не сум направила. Освен што пробувам со неа да сум најсмирена што можам. Ако се осетам дека чурам, предавам на маж и бегам, оти толку многу ме насетува кога сум нервозна, чудо е. Ќе пораснат и ќе бегаат од нас. Мантрај само .
Си каснува, не е без ич. Некои деца се едноставно такви. Јас сум била нешто слично по кажувањето на мајка ми. Затоа она сега ептен се радува што го гледа внук и како јаде. Цело време ќе си има нешто што ќе не секира. Он јаде скоро како возрасен, а со килажа не мрда. Има денови кога буквално знае да изеде повеќе храна од мене, а дали има 8 ипол кила. Се должи само, а кила да стави нигде. Како шпагета е. Ако му е ок крвната слика не се нервирај, ќе пројаде кога тогаш.
Ке ви пишам што и секој ке ви каже, нека се живи и здрави само. Брат ми до кај 6-7 одделение освен, тост, компири и домашна плескавица (ќуфте) не јадеше ништо, а да и аргета. Да го видите сега маж 2метра и кусур ке речете овој не јадел нема шанса. Ама менуваат и они, ке се разјадат, ке се поправат, ке слабеат нека растат само живи и здрави. А ние како родители секогаш ке се мислиме за нешто и ке не јаде црвот што би рекла баба ми "како ке ви побели косата"
Јас искрено не се секирам веќе, повеќе околината ме напнува со коментари. Иначе нема на кој да е ситен, татко му е висок, јас не сум ниска исто. Си јаде се, крвта му е супер. Нека ни е жив и здрав ќе се укрупни.
Здраво мајки Совет за добра крема против убоди од комарци и инсекти што би е испробана за бебе до 1 годинка. И дали се корисни капчињата со Spf?
Мајки, од кога може да се користи спреј за нос од диво оригано? Фрлено ми е пакувањето а на шишенцето не пишува.
Моето е 10м почнавме деновиве да го користиме по препорака на матичен. Камагел и синопен користев за поголемото дете. Лани земав јао гел од зегин.
Како ги облекувате и покривате за спиење кога ќе е вака потопло времето? И дали пуштате клима сè уште?
Мајки едно прашање за вакцината ммр. Дали на време ја ставивте или ја одложувате? Сега на 9месеци треба да ја прими малата па ми треба мислење.
Ако мислиш на овој: https://zegin.com.mk/mk/probotalife-origano-bebeshki-sprej-za-nos-30-ml Од 6+ месеци е.