Така е,јас погрешно сум протолкувала. За заштита од убод за бебе најдобро е Мапез. Ама го нема кај нас,јас купив од Србија. @Меги♧
https://zegin.com.mk/mk/mousticare-sprej-protiv-ubodi-od-insekti-so-zashtita-do-6-chasa-125-ml Не е крема, спреј е, лани го користевме, одличен се покажа.
Мамички, бебе ми е 4+, но пишувам тука затоа што повеќе имате искуство со вадење заби. Бебе пика раце се лигави, набабрени непца, дефинитивно спрема заби. Од утринава увото го тегне, и во спиење ми заплачува, кенкав е, се е во раце, се гребе нервозно. Дали некој имал слични симптоми а да биле од никнење заби? Јас знам дека уво боли од заб, но вака кај бебе немам искуство. Thanks
Кај нас уште нема запче (10++ месеци). Пика раце и се лигави веќе мноогу долго време. Непцата можеби повеќе од еден месец и се набабрени и пак ништо. Ама еве некој искусен нека каже.
Исто и кај мене правеше од скоро 3 месеци 10дена пред да наполни 7месдци гребна запче. И јас не знаев до тогаш и само викав излегува излегува, набобрени беа ама кога ке обелат се познава баш, почнуваат од долу па се до горе додека избијат се белее местото секој ден се погоре и погоре како расте и кога ке обели цел, забот излегува за 2-3дена барем кај нас така беше. Кај бебо во пар излегуваат и обавезно беа бели 2те единици, обеле непцето и излезе забче по 2 дена и другото.
Клима одамна не пуштаме, во стан што е многу топол сме. Дење е 24-5 степени и облечен е во тенко блузиче зошто е нон стоп на земја. Дење спие непокриен, навечер покриен со тетра во тенки пижамчиња на долги.
Клима не пуштам, греење никакво, но кај нас е топло. Дење е 25-26 и облечена е во боди по куси, долни тенки тренерчиња или хеланки и боса без чорапи. Немаме теписи, на ламинат се движи. Ноќе е истата температура околу 25 и спие по боди на куси и тенка вреќа.
Леле блазе вас, кај нас в спална паѓа до 17ст ноќе, дење е 20тина. Ама па на прогноза најладен град(че) е цело време, 4 ст утринските беа. Ние сите се покриваме со јорган зимски да речам. Бебево в креветче со 2 пелени/ќебенца средна дебелина. Дење со едно. Облечен е исто цело време (есен, зима, пролет), боди со кратки и тренерчиња танки памучни. Не се поти, не се отскрива. Исто од 2 месеци почна, тек вчера извади запче, скоро на 9 месеци. Денес еве и другото пробива. Првото дете исто почна од 2 месеци па на 6 месеци 2 заба извади. И тој во пар ги ваѓаше еве сега и брат му така.
И ние вчера попладне и денес по долги бебо подебелки и тоа. Врне ли врне. Внатре не е за парно таман е ама надвор брр.. ноќе уште спие по со шпикозни и во вреќичка, јас спијам со јорган и ќебе знам ноќе и ќебенце да му префрлам ако ми е мене ладно
Во куќиве е поладно, еве денес за топлење е. Од сабајле обавезно од 6ч климата е пуштена до кај 10, 11ч. @DaisyDream пушти слика ако можиш од непцата ако се гледа ќе ти кажиме.
Моето почна со лигавење, чешкање со прстиња, гризење на 4 месеци. Со прст го чепнав запчето грепкаше под непцето, но пукна после месец и пол на 5.5 месеци. Првото дете на 7 месеци имаше прво запче (корегирани 5.5 месеци).
Ве молам за совет Ни се ближи свадбата наша , бебе ќе има 8 месеци и сме само на доење. Пробувам два дена да му дадам ад на бејбилав, ни топло ни ладно, ни весел ни тажен ни гладен никако не ми го сака вришти кога ќе го осети и ми бутка со раце Не знам како да почне да ми го пие.. совет? Друго доколку носам мое измолзено ако уопште успеам да соберам за овие 3 недели доволно, каде и како ќе ги чувам таму во ресторанот? Некој идеа? И како ќе го топлам таму аххх не бев свесна што ме чека кога решивме свадба со бебе да правиме…
Пробај во кашички додавај му малку АД да се навикне. Првото исто не сакаше да го види, ама така со каши почнав да подметнувам, и потоа почна да го пие.
Мајка па големко е бебето ќе си јаде каши преку ден. Два-три пати кога ќе можеш нека цица. Шише со измолзено млеко до 4 часа може да стои само да не е ептен изложено на сончева светлина и топло. Со среќа свадбата
Ќе собериш за 3 недели треба само 3 или 4 шишиња, 3 пати давајте му кашички, ќе помине за еден ден, секако ќе му е редот изместен, можеш и чајче да му дадеш ако не прифати АД дотогаш. Чај моево се има напиено 3 пати досега, ако сум излезена и да не одмрзнува млеко му дава чај свекрва ми, па го пие. Исто пробај со друго АД, јас на првото дете што се не пробав, секакво млеко и не прифати никакво од ко го одбив. Честитки и од мене, убаво да си поминете
Аа баш ќе пробам вака не ми текна, фала ти Фала ти Само вечерта е т.е забавата, не е целодневна сма сепак мојов многу бара да цица затоа ме секира. А ја искрено сакам да можам да се напијам нешто пошто сигурно трема ќе имам Епа чин стои 4 часа ќе биде таман до негово заспивање, а за другите ќе побарам во фрижидер едно да ми стават
Аа да и моево пие така чај, обожава за да одовлечам некогаш цицање, обавезно и чајче ќе понесам. Ќе пробам со уште едно ако сака добро ако не тоа е. Ќе стигнам ваљда, ама памет за другото дете дека електрична пумпа му е мајката, се измачив со рачнава Фала ти многуу
Од искуство ти кажувам дека ќе помине се многу лесно, плус само вечерна била, ич не се грижи. Јас за крштевката на првото фустан барав со преклоп напред за да цица и купив таков што не ми беше баш убав ама за доење да одговараше и замисли ја преспа цела крштевка и во 6 сати само 1 цицаше