1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Larea

    Larea Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2020
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    460
    Хахах се надевам и мојов така умен ќе биде:rofl:
     
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.439
    Допаѓања:
    22.288
    Пол:
    Женски
    Не сум пишала 7 месеци беше, лошо бебе, плачко итн... 8)
     
    На Larea му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.143
    Допаѓања:
    7.107
    Пол:
    Женски
    На Mandela му/ѝ се допаѓа ова.
  4. jolooo_

    jolooo_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2019
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    565
    Мајки дали му давате некое плишано мече да држи во рака за спиење?
    Бебето е скоро 11 месеци и во спиење и за заспивање го гледам дека сака да држи во рака нешто претежно е цуцлата во рака.
    Некој предлог каква играчка да купам за спиење?
     
  5. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    3.643
    Ова паѓањево коса, оди во повеќе бранови или како?
    Значи почна да ми паѓа косата околу 3-4 месеци после пораѓај, па престана околу 7-8 месец, и сега пак.
    Дури овој пат и повеќе од претходно, влакна има насекаде буквално, секој ден поминувам со правосмукалката и пак кај и да се свртам полно е со влакна.
     
  6. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    335
    Да си провериш крвна слика и тироида
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    335
    Мајки дајте совет како успевате да фатите ред со бебињата во колку од прилика се станува, јаде, спие. Таман ќе фатиме барем од прилика, ќе се деси скок, заби, настинка, и пак сме хаос. Секој ден во различно време и се приспива за прва дремка, џабе пратам ww не се погодува. И цица 3 пати ноќеска ама секогаш во различно време е последното, и од тоа зависи и кога ќе е доручекот и цел ден изреметен. 8++. Помош ;(
     
    Последна измена: 10 мај 2024
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.574
    Допаѓања:
    16.890
    Пол:
    Женски

    Станува во 7-7ипол најкасно. Јадеше одма после станување ама сега протестира нешто не знам зошто па јадеме кај 9ипол. Прва дремка од 10до 11ипол.
    Ручек околу 2ипол втора дремка од 3 до 4 најчесто некогаш знае да завлече до 4ипол.
    Вечера во 6ипол, се спремаме и најкасно 8ипол е во кревет.
    Ова ни е ред кога е се во ред.


    Има денови кога појма немам што правам ко овие 2 сега со 3 дремки е, насабајле не издржува 3 саати будени во 9ипол сака да спие, па станува во 11 јаде и еве го сега заспива втора дремка,ке спие до 2 ипол, па после кај 5ипол пак ке му се приспие и ке спие пола саат, ама се должи се ова на тоа што многу немирно ми спие деновиве, заби го мачат, се крева да лази ноќе, седнува на газ сам. Ноќе станува не знам ни јас колку пати не бројам веќе. Жива не наспана сум овие дениви. Терам по негово темпо, утре прави 9 месеци.
     
    На Mother of 2boys, kozuf, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    5.734
    Пол:
    Женски
    Така е скоро кај сите. Само држи се до рутина. Денска прва дремка пола саат. Не сака и не сакаше. Сега за втора двапати ја преспивам, да дремнеш саат ипол. Ништо не успеав да завршам дома. Има осцилации, не е секој ден исти.
    Сега се приближува кон максимумот од скокот, врска нема. Ни прозорци на будност, ни гаволи.
    За ноќни подои не знам да ти кажам, не доев толку долго, ама ми се чини дека многу се. По мое, треба некако да ги намалиш.
    Не за друго, туку бебињата кои стануваат пречесто за да јадат прво им се ремети редот за јадење, оти се спие ноќе, а се јаде денски. Второ не спијат квалитетно, нормално нели кога се будиме и ние сто пати, не сме наспани.
    Е како да ги редуцираат подоите и да не станува бебе сто пати на ноќ, наградно прашање од милион долари :D.

    Мојата не јаде ноќе веќе. И воведов и вечера. Преку ден се јаде и пие млеко доволно. Ама пак си станува. Понекогаш и интермецо си прави од по 1-2 саати. Ова од регресијата последна почна. Предходно немаше, ама сега во скок како што е, знае да се повтори. Особено ако го види татко и. Одма право сака да се заигра. Пошто нели мама е наци, а тато е забавата:@.
     
    На lackygirl, 1209 и Carolin. им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.147
    Допаѓања:
    40.357
    Пол:
    Женски
    Мојов и година направи и јас уште за ништо не успеав да фатам ред. На моменти се осеќам како ужасна мајка ама пробав се што знам и умеам и едноставно цело време има некои дешавки(заби, скок, регресија, нова вештина)и ред не се задржува повеќе од две недели.
    Другарките сите ми велат дека исто е кај сите и да не се сеќирам толку, дека ќе фати ред кога ќе престане со доење и кога ќе биде малце поголем ама не можам нели да не се мислам.
    Плус иам активно дете, две мин не седи мирно. Знам дека сите деца се горе долу активни, ама не се сите исто, на другарка ми пример, две недели се разлика, девојчето е бајче, кај го оставиш таму го наоѓаш, јас моево две секунди не можам да го оставам и на лустер ќе се качи.

    Има денови кога ми се плаче и плачам, има денови кои се погодени топ. Денес цел ден е кисел, стана многу рано и не е наспиен, само по мене оди во раце да го држам, одам да мочам се оддерува од плачење…
    И ете пак ред изместен оти сега заспа што значи деке вечер пак ќе се журка до ниедно време и така.

    Него за две недели брат ми прави свадба, на отворено е ама пак има музика нели, слушалки мојов не сака да носи, ставам ги фрла, како да го заштитам, како да се организирам околу свадбата? Имате ли искуства, секако дека на брат свадба цел ден ќе сум вклучена, денески нема да го носам ќе седи со свекрвата оти е жешко и нема потреба, вечерта и они се на свадба. ќе земеме соба таму, ама он само со мене спие и не сака со друг, а и да заспие морам до него да лежам оти има лесен сон и станува 20 пати. Стварно не знам како ќе постапам, уште сега сум мнгоу анксиозна и не можам да се радувам на свадбата на брат ми, која ја чекав толку многу, не можам да се опуштам оти не знам како да се организирам. Совети?
     
    На lackygirl, kozuf, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    5.734
    Пол:
    Женски
    Ќе биде се во ред. Опушти се, децата осеќаат од нас. Пробајте на пример свекрва ти да проба да го заспива сега за дневните дремки неколку пати. Да се навикне малку. Доста е два-три дена за дневна дремка да го запие. Ти не влегувај воопшто. Не е важно дали ќе го нишка да заспие или како и да е, освен плачење нели нормално, пошто тоа ќе си е нивен начин. После он со тебе пак исто ќе си спие.
    Нашево ние различно го успиваме. Јас и дозволувам и на меше да заспие, и на страна и ја нишкам некогаш. А маж ми он цело време на грб ја успива.
    Кај мене пие млеко сама, кај него стрикно кај него во раце. Сакам да кажам, да не се грижиш, можат да разграничат кај кој како.
     
    На 0ли, kozuf, Ceneva и 2 други им се допаѓа ова.
  12. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    335
    Околу мене пак многу често слушам муабети од типот во 7 станува во 8 цица во 9 јаде, па кога ќе ме прашаат во колку спие твоето... упс, неам поима :wasntme: некогаш во 8 заспива некогаш во 10 првата дремка... и да, се осеќам како лоша мајка што не можам баш да го планирам денот однапред и дека правам нешто погрешно:worried:

    А за свадбата, опушти се, прилагодливи се децата се адаптираат на нови средини, ситуации, луѓе. Штом е вечерна свадба нема да е долго буден и да седи многу, ќе си се умори и ќе си заспие, ако нешто ептем не бива ти нема да си далеку секако, така да без грижи. Со среќа и со убаво
     
    На DaisyDream, Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  13. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.143
    Допаѓања:
    7.107
    Пол:
    Женски
    Бројче не грижи се. Јас со синко многу ми требаше да воведам некој си ред. Ама пак не е секогаш исто. Си се водам по него. Како сака така. Не е детето робот, тоа е мој став ;)
    А за свадбата не си прај стресови предвреме. Јас така, кога ојдовме на роденден на ќерка од братучед на мм, си велев леле како ќе биде. Прво супер беше, радости, а и не очекував да биде толку гласна музиката ама немавме мака. Спиеше вечерта како бајче. Следи си го детето и спонтано се ќе си дојде на место. И верувам дека мн убаво ќе поминете на свадбата. Гушки
     
    На lackygirl, DaisyDream, 0ли и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.143
    Допаѓања:
    7.107
    Пол:
    Женски
    По лоша ноќ,не памтам. На секој саат будење и се дере. Дефинитивно се забите. Го напипав и кецот горе дека излегува. Вечерва се мислам бруфен да му дадам за болка. Можеби подобро ќе спие. Душа мала жален беше. А сабајле станува, насмеан, си говори нешто негово таму.
    Ново покажува со прстот како кажува мама не не :rofl: и продолжуба да прави тоа за што мама вели не не :rofl:
    Од ништо не се плаши и од тоа ме фаќа страв. Свекорот го изнесе на улица, застанале пред ограда кај комшии да го гледат ав ав ( кучето ), тоа па едно лошо му лае во фаца што се вели, а овој мојот ав ав му се радува :lol:. Внука ми да беше ќе фатеше да бега и да плаче.
    Денес сме на роденден, чувствувам нема да си седнам на газот од што ќе сака само да шетаме :wasntme:
    Се надевам ќе има уште некој држач таму да помогне :lol:
    Одам да пијам кафе мамасити и да правам доручек за овој мој несташко ;)
     
    На Bella_Stella, Sofi.ja, lackygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Меги♧

    Меги♧ Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2023
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу❤️ го земав од зегин па ке го испробам, крема со Spf за бебе земав на Bioderma
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Меги♧

    Меги♧ Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2023
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
     
    На DaisyDream му/ѝ се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    5.734
    Пол:
    Женски
    Како се учи дете да носи капа/шеширче? Ја ставам, она трга, се тегли ќе се угуши ако го заврзам од доле.
    Ставив јас шешир, стави татко и капа, се смее на нас, ама кога на неа ќе ставиме пак трга.
    Де пред огледало, ама нема разлика.

    Она и капи во зимо не носеше баш, е сега на сонцето па ич. Јас на ова дете ни шнола, ни репче ќе му врзам изгледа. Ја збрав некна со ножичките, сега шишките и се кратки, ко тенџере е. Кога ќе ги видам децана у темата надодтерени, со машни и фустанчиња, наместени, мојата прав багабонт :bandit:. Постојано е умацана и се нешто растеглено.
    Ќе одиме сега на море, не знам таму како ќе биде, ќе и изгори глава без капче.
     
    На 1209 и Viveki им се допаѓа ова.
  18. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    1.674
    Пол:
    Женски
    Истиот проблем и јас го имам,кај мене па зимото носеше капа правеше проблем додека ја стави ме,кога ќе тргнеме не,е сега не сака никако одма ја трга,ајде сега не е толку топло,ама за брзо ќе биде незнам што ќе правам во 15 и 20 ја земам од градинка во најтоплото.
     
  19. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.143
    Допаѓања:
    7.107
    Пол:
    Женски
    Ова будење на секој саат не се трпи повеќе. Се повеќе и повеќе се буди, наместо да се подобрува, ова од вечер во вечер полошо станува. Јас немам сили повеќе. Дадов бруфен мислев болката ќе му ја намали, ама не било до тоа. Не дојдов да барам совет само да се испожалам :worried:
     
    На Sofi.ja, Bannana, kozuf и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Да не ти е во скок?
    Издржи.
    Кај нас јакото трае недела ипол.