1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Ние пораснавме :inlove:
    Не ми се верува. Имам детенце дома, што не е бебе, што разбира, што секој ден е се поинтересна и поинтересна.
    Одиме кај големите ама и тука ќе читаме. :l:
     
    На Mother of 2boys, Sofi.ja, Lavender13 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.588
    Допаѓања:
    35.456
    Пол:
    Женски
    Поголемиот дрпаше на почетокот, но секогаш со капче врзано под вилица беше и така не му успеваше. Нема да се угуши, не се секирај, ставај со врзување и ќе навикне со тек на време. Ќе тегне, ќе види дека не може да извади, па ќе се откаже и после пак во круг и тоа е.
    И мојата не трпи ништо на глава, шноличка не можам да ѝ ставам. Ај нема коса, као од мерак да ѝ врзам репче од три влакна, ај што прво мрда со глава и нема шанси без некој да ѝ ја држи, туку и кога ќе ѝ врзам со препотување, фаќа со прсти и вади. Па потоа ќе заборави и така во круг.
    Капче тегне, но ѝ врзувам, па нема мрдање, капче мора да носи.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  3. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    4.843
    Пол:
    Женски
    Ќе пробувам сега деновиве. Утре морам да купам и таква што има за вратчето дел да го крие.

    Туку уште не едно прашање. Кога патувате со бебиња и рано рано кога спијат треба да тргнете. Како правите?
    Кога ќе се пробуди, пошто она кај 4-5 станува да не види, да ја пресоблечам, дадам млеко и симнам во кола?
    Мајки вие како практикувате, како патувате?
     
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.588
    Допаѓања:
    35.456
    Пол:
    Женски
    Tие што го покриваат вратот се многу практични, јас за поголемиот имам цело време такви. Ама тој веќе е навикнат и не вади капа, вадеше само бебе кога беше.

    За патување како што опиша, така би направила и јас ако треба да се тргне додека спие.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.982
    Допаѓања:
    6.848
    Пол:
    Женски
    Од вчера е во скок, ама тој е таков месец и повеќе. Јас би рекла регресија на сон ама ова е веќе неиздржливо, и моето тело денес си покажа, ми падна притисок до лошење, не можам да кренам глава. Што од промена на времево, што од ненаспана. Па последните неколку дена, неколку саати имам спиено вкупно. И робот да бев ќе ми се потрошеа батериите. А најмногу ми падна криво што мене никој не ме погледнува. Ме гледа свеки дека ми паѓа глаата, вели јас одам да пијам кафе. Ама затоа по 15 мин ни прашав туку само и го дадаов и реков јас не можам повеќе одам да прилегнам. Таа без осет, епа и јас така. Сега спие синко одам и јас пак да подлегнам, не ме бива денес
     
    На 0ли, јolene и DaisyDream им се допаѓа ова.
  6. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.982
    Допаѓања:
    6.848
    Пол:
    Женски
    Какви се тие, дајте слика :)
     
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    4.843
    Пол:
    Женски
    Ти па со свекрва у куќа, уште се мислиш.
    Кажи не ми е добро, погледајте го малку. Кај нас преку викенд ја не ни спијам со нив во соба, оти морам да се одморам, се будам на секое дишење погласно од неа. За рчењето на мм да не зборувам.
    Ако ептен има драма ќе се поделиме. И затоа сум денес вака зен, оти се наспав и одморив ко човек, додека татко и ја чуваше од сабајле. Сега можам следните неколку дена турбо да ги издржам.

    Различни модели има. Кај мене и во дм ги има дури. Нешто вака.
    Screenshot_20240512-143048_Samsung Internet.jpg
     
    На Viveki, lackygirl, Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.588
    Допаѓања:
    35.456
    Пол:
    Женски
    Ете jolene ти пуштила слика. Јас од Банз земам, ама има и во Зара сега гледам на сајтот. Претпоставувам ги има и по други продавници.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    99
    Моето се буди мнооогу често. Мислам дека имам пишувано. Многу ретко да спие 3 саати сврзани преку ноќ. Полудев и јас а почнав и да се навикнувам. 9 месеци е, од сам почеток е вака. Презаспива само со цицање, така да морам јас да станам, маж ми џабе станува.
    Инаку сега е буквално само на цицање, не сака ништо да јаде, едвај со сила две три лажички ако ѝ бутнам во уста. Вака е цел месец, ако не и повеќе.
    Од пред некој ден се појавиа вакви на рамената, дали знаете од што може да е? (на сликата е дури почисто малку)
    Не знам што повеќе ме стресира, не спиењето навечер, не јадењето или исфрлувањето на кожа:( IMG_20240512_160303.jpg
     
  10. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.225
    Допаѓања:
    21.454
    Пол:
    Женски
    Со првото така беше од 4 месеци до 2 години, дури на 2 и пол почна да ја преспива цела ноќ, сега малово ме почасти малку :D од 8 месеци вака е... На секој сат станува и цица. Мм го чува до 1 или 2ч тогаш станува, а јас со големиот од 10 и пол до тогаш спијам, плачи и бара цицање па си го преземам, после одма си презаспива и така до 6, 7ч најкасно е станат. Ми се збират мене 4 часа до 5 сон, со 100 пати станување :D немам јас среќа со деца спијачи и помирена сум :D
    Многу брзо поминува времето ќе си спиеме потака имаме време :rofl: нека се живи и здрави ќе си го бараме ова време.
     
    На Ceneva, јolene и Carolin. им се допаѓа ова.
  11. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    3.322
    Тешко патуваме :D не е таков да презаспие, сме станувале и во 3 на полноќ и не презаспива до кај 7-8. И после цел ден е нервози.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.503
    Допаѓања:
    24.733
    Леле Лаки и малото ли. И вие ли? Се тешев овие неколку дена дека се само фаза, ќе полудам вака ако остане
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    16.206
    Пол:
    Женски


    Полесно е кога ке се помириш дека имаш дете неспијач и само ке им завидуваш на мајките што бебињата им ја преспиваат ноќта или се будат еднаш само за цицање. И моето се буди за цице ама 7162263пати.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    79
    Мајки бебе 8 полни м. Голем јадач беше, сѐ јадеше до пред 10тина дена. Не сака да отвори уста, иде скок сега, плус заби вади, дел му се излезени дел непцето чекам да пукне.

    ве молам совет како да се преброди периодов побрзо, ви се вратил ли редовниот апетит на децата после ваков момент? Мачкам и гелче за олеснување, ама се секирам скроз заради исхраната
     
  15. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.982
    Допаѓања:
    6.848
    Пол:
    Женски
    Нема да го барам овој период со толку многу будење, тоа сигурно. На бог му се молам да помине, од што не можам повеќе, што од не спиење, што од болки во грбот. Ме фаќа страв веќе колку многу ме боли. Никако не сака да презаспие, освен во раце и тоа стриктно кај мене. Ќе побудалам. Од 9 и пол до сега 4 пати стана. Плачи, забите го мачат, имаше и малку темп преку денот. Еве го пак мрда .... Значи не знам што и како да му помогнам и него и себе си.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    693
    Пол:
    Женски
    Научи го да заспива легнат до тебе, гушни го и гали го по косичка. Верувај ќе се научи брзо, може 1-2 пати ќе поплаче. Ако се запчиња ќе се смири болката за некој ден, ќе помине.
     
  17. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.982
    Допаѓања:
    6.848
    Пол:
    Женски
    Оооо пробано, секоја вечер пробувам во креветче, и покрај мене, и не одма се врти и станува и ме влечи да станам да го земам. Пробано да го нишкам и седната, не, сака да го шетам и нишкам и готово. Заспива брзо ама многу се буди и кога ќе видиш грбот ми пати
     
    На LizzyGrant му/ѝ се допаѓа ова.
  18. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    4.843
    Пол:
    Женски
    Можам да ти кажам како беше кај нас. Не мораш ти да пробуваш вака нормално. Мене од тогаш ептен полесно ми е. Ама и малата моја беше 4 месеци, одма после 4 скок.
    Јас ја оставив во креветче и галев..она почна да плаче, тогаш нели не се толку подвижни секако, јас продолжив да и шшкам и галам. Не беше да се исплаче и зајдува, туку негодување. Ама не попуштив.
    Ја галев за лице, за коса, на рачиња, на газе тапкав, ама не ја кренав. И дадов моја рака да ја гушне и така се смири и заспа.
    Од тогаш така се заспиваме најчесто. Јас исто не можев повеќе да нишкам и да и погодувам во кое ќоше да застанам за да заспие. Морав да пресечам и не згрешив. Брзо учат и бргу забораваат.
    Е сега пошто е голем веќе кај тебе и подвижен, не знам како би функционирало, ама вреди да се проба.
    Она тогаш ни 10 минути не плачеше. Значи не беше плачење до зајдување.
    Сега кога има мака некогаш знам да ја земам и понишкам, ама тоа е ретко и не очекува после пак да ја нишкам. Сабајле ако се пробуди и е прерано, ја земам кај мене во кревет и се гушкаме, си продолжува да спие. Сама си се заспива. Навечер може да се буди стално, ама ретко нишкам. Повеќе мушкам раката кај неа во креветче и ја галам или држам газе.
    Доволно е преку ден што по милион пати морам да ја кренам, треба и ти да си одморена за да можеш да го гледаш. Они се бебиња и не знаат како треба, нормално цело време во меше биле нишкани и на почетокот тоа помага. Ама евентуално мора да се престане со нишкање.
    Или пробај прво држење во место гушнат. Ќе поплаче, ама ти си тука го држиш. Ќе се смири ќе заспие. Па после на кревет до тебе гушнат. Па во креветче со галење. Упорност треба. Ти нема да излезеш од соба и да го оставиш да плаче. Таму си.

    Едит, затоа и станува се буди толку често, оти не знае сам да презаспие. Нормално е да се будат, ама кога ќе научи сам да се успие, ќе научи и да се презспива почесто. А не на секое негово будење, да мораш ти да интервенираш. Не му правиш услуга така ни него, ни тебе.
     
    На Mother of 2boys, kozuf, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.982
    Допаѓања:
    6.848
    Пол:
    Женски
    Верувај ми дека е невозможно. Упорна сум ама тој едноставно не сака да лежи и одма станува и се исправа и ме гледа и плаче. Како мал и јас така го заспивав во креветче и галев по веѓата и пеев и заспиваше. Ама регресијата на сон во 4 месец тотално ни поремети се, и од тогаш не бива никако. 8 месеци пробувам да го навикнам во креветче, не еден ден. Детето си е такво и крај.
    Имаше еден период, ама тоа во мк на тросед заспиваше. Пробав дома кога дојдовме со истата рутина, нееее. Знам на мајка и велев пушти ми го вашиот тросед, до него ќе да е.
    Сега и преку ноќ кога се буди пробувам во креветче прво, ама тој одма се врти на стомак, на коленца и станува. Мижи и тоа го прави и се дере. Пред месец и пол не се будеше вака, два пати да цицка и заспиваше. Ова сега не знам што е.
    Кога те читам изгледа многу лесно ама не е така верувај. Колку пати се правам дека спијам тој се исправа на ограда и плаче. И рака пикам во креветче да го тапкам по газе, не, одма станува. Едноставно не сака така.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  20. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    4.843
    Пол:
    Женски
    Ти верувам. Само предлог беше.

    Еве и јас до сега презспивав, за да можам после да излезам подолго, да не и е пола саат дремка само, оти ќе стане кисле.
    Така е, да ме чита некој ќе си помисли колку лесно е.
    А јас овде во регресијата 8-9 месец плачев, како ми станува и седи по два саати среде ноќ и не можам да ја презаспијам.
    До детето е најмногу. Ќе смени некогаш де. Само кога.
     
    На Mother of 2boys, lackygirl и Ceneva им се допаѓа ова.