На поголемото до 2 години му се затвораше. Гледам и кај малава ќе тера изгледа долго, далеку е од затворање. @Ceneva А бе земи спиј какво чистење, ќе чистела
Никогаш лично јас не сум мерела, а на доктор му мерат вакцини кога прима. 2те имаат големи глави На првото рано му се затвори пред годината мислам беше баш затворена фонтанелата. Сега на бебево на 8 месеци матичната му ја провери рече дека мн била затворена и замислете ми рече да не давам витамин Д воопшто летово и од 2 капки Вигантол на 1 да сум намалела, мене тоа ми е страв како бебе од 10 месеци без витамин Д?
Да, ни јас ама мислев дали месечно го следите обемот и фонтанелата на прегледите. Па, искрено да, чудно, мало е бебето. Можеби добро е да прашаш и некој друг. Некои па велат дека витаминот Д не е поврзан со затворањето на фонтанелата ама еве пример нас педијатарот ни рече да продолжиме со Пливит дека уште не е затворена. 11 месеци за брзо.
Моето спие во посебна соба од 3 недели, сега е 9и пол месеци и нема никаков проблем. Ќе видиме натаму
Како се расчистив само да знаеш, чак и прозор на дуплата врата од нашата соба стигнав да го избришам Јадење му направив на господинот сега да јаде кога ќе дојде Ама мислам се препородив, сета негативна енергија излезе. Вака почесто ќе го праќам да шета
Ортопедите каде што одам, ми кажаа дека Д нема врска со фонтанелата. Ако има кој да го шета, зошто да не го пушташ? Ама и одмарај штом ти се буди често периодов, а не да се заморуваш дополнително
Нас ортопед не советува да појачаме Д вит.зашто многу било напредно бебето а фонтанелата е доста отворена. Бебе уште малку ќе е 7 месеци.
На големиот му правевме проверки на Д преку крв и така му дозираа, па пак на 2 години се затвори. Некои коментираа дека може и генетика да е во прашање.
И мене ортопед ми рече дека нема врска витамин Д3 со фонтанелата, а педијатарот па ни дава Пливит за фонтанелата. Вели за брзо би требало да се затвори ама уште не е. Па баш читав дека до 2 години треба да се затвори. Јас и давам, во секој случај нема штета од Д, препорачливо е до една година секако.
Го памтам муабетов со тебе, нема шанса да му прекинам, нема смисла, сепак матична е не е ортопед. До 3 год секој ден му давав на првото. После само зима до 4 год па прекинав
Здраво мајки, Се тресат ли вашите бебиња одвреме навреме? Прво мислев гладна е ама не е млекото не го добива, од ладно не е топло ни е дома. Некогаш така кога ќе ја земам се тресе со рацете и прекинува, не знам да не ја плашам или пак нормално е?
Последно ми рекоа витамин Д до 14 години по нови истражувања се давало, за намалување на ризик од остеопороза. Од ортопед ова кажано. И постојано бидејќи не се често/цело време на сонце. Што искрено е и така. Еве пример за лето. Ќерка ќе е во градинка до 15:00-16:00 часот. Додека се приберам, средам најрано што би излегле надвор е после 17:30 така да многу сонце не фаќа. А 10тина дена на одмор се ништо се ништо буквално.
Така е, зиме-лете се дава. Можеби летно време помала доза, но не се прекинува. Ама еве и на одмор кога сте, во топлото баш кога има ефект изложувањето на сонце, претпоставувам си се прибирате внатре. Башка што ако мачкаш фактор, а сигурно мачкаш, пак е џабе. Треба да се печеш за да има ефект од сонцето. И деца во пубертет треба да пијат, нагло и забрзано растат во тој период, па им треба Д.
Бебе имаше коњуктивитис, правевме брис и искочи дека е бактерија, а после 2 дена почна ТТ, затнат нос и малку да поткашлува. Очите и ТТ средивме со капки и сируп, ама кашлицава никако да пројде. Некој совет за што да пиеме за сува кашлица? Бебо е 9 месеци
Здраво, купив едно за од комарци ама тоа смрди корне, фризидерм, мене ме гуши а па за нејзе не знам. Што користите за од комарци ?
За запчиња се частат колачи, за проодување стопалки, што се части кога дете конечно ќе седне? 12.5 месеци, прв пат самостојно седна вчера. Мајка пресреќна