Леле и јас така бев пресреќна - на 10 седна моето самостојно. Не частев ама во Радосницата го запишав датумот. Дај Боже сè понатаму да си совладува како што треба. Сè ќе биде кога ќе се спремни.
Ау јас веќе нерви немам, од дете што јадеше буквално се, без пребирање сега уста не отвара 3 пати готвам, 3 различни каши отварам и се тоа фрлам пошо господинот само 2-3 лажички ке проба и затвора уста заби стегнува и толку е. Пробав со се што можев, хранилката во двор ми е извадена не бе, мачката јаде неа ја рани. Што е ова, реков период ке помине ама што период е, уста да не отвара, од млеко ли се живее само? Не можам повеќе и градиве лом ми се, ноќе гладен цица нон стоп спобудалев
Моето јаде ама мора да има пуштено нешто на тв или телефон инаку мислам ќе ја преврти хранилката. Како мислиш не сака да губи време во јадење сака цеело време да е пуштен на земја слободен. Така се храниме по 30мин, го имам хрането и стоејќи...
Еее буквално така. Пред некој ден мм успеа цела каша да му ја даде ама гледајќи цртани, да не знае дека јаде мислам така, не свесно иначе а ме види седнувам и носам храна на хранилка вика фрла затвара уста боже сачувај ко да одам да го колам а не да го наранам.
Да не бил болен скоро ? Мојата откако ке се разболи период после тоа е таква. Мисли се што и давам е сируп.
Од запчињата е изгледа. Моево на пр се случува да одбива нешто, еве денес баш сабајле не сакаше да јади, палента со банана и јагоди беше, неколку пати касна и почна да стега уста, зедов испасирав банана и ставив малку од кашава и јадеше, поќе на банана беше, муабетот ми е, давај тоа што сака поќе, што обожава да речам, ако е на 2 дена или секој ден исто, па белки ќе помини перидот и ќе јади пак. Многу лошо е со дете што не јади, со првото маки мачев после годината, 3 год само вртевме 5 работи.
Како се справувате кога бебе има и грчеви инејќе да цица и плаче по цел ден? Во втор скок е, а мене ми иде да скокнам од тераса, не се издржува
Имавме и ние таков период. Само ќе ти кажам ќе помини и пак ќе јаде како порано. Моево се уште се буди по 527181 навечер. Сабајле на првата дремка и јас легнав и луѓе се комирав. Свекрва ми дојде го зеде кога стана после саат и 40 мин, а јас си продолжив од што глаа не можев да кренам. Само гледам нов заб ете и доле двојките излегоа, а горе едниот кец и двојка ги нема никаде. Се насмеав ова како тргнало и тие ќе излезат до недела до роденденот.
Забите биле сеа го ѕирнав горе двојките се тргнати десната веќе напукната е, ама нели прво доле треба па горе? Или нема правило? Нека помине, нека ми се врати гурман бебето што мезеше со сите, кум го викавме по дома кој седне на маса он шљапка и со него одма, сите да ги испочитува.
Правила има ама има исклучоци од правилата, така да се е можно, со лесно. Мојов 1000 пати станува ноќе цуцла му е цицкава моја исто како брат му.
Кај моето прво двојка горе па единица горе и сега долни двојки, има 6 заба само не се убаво излезени тие горе. Баш тешко му се спуштаат. Единица горе и двојка лево му излегоа. Другата единица и двојка абер немат. Има да биде смесен хаха
@Carolin. Баш сакав да ти пишам дека до забите може да е. Мојата вчера ништо во уста не сакаше да стави, веднаш се вртеше кога ќе видеше дека ѝ се доближуваме со храна. Денес гледам горна двојка излегла, која ѝ е петто запче. Ги има сите кецови, ова е прва двојка. Ќе му олесни и ќе си каснува пак, ќе помине.
честитки и јас осеќам дека и ние вака некако ќе славиме, скоро 9 месеци, стои се исправа сам супер, а за седење нема абер ни сам а ни јас ако пробам се превртува или паѓа нанапред
да пробаш не каши туку цели работи? колку има? симни ја апликацијата solid starts да видиш што како се дава п.с. ако се забите пробај ладни работи. а. овие што се тврди му се добри за непцата пример коска од манго
Давам и парчиња, раниме се освен сами себе. 9 месеци е, заби му се сигурно, двојките горе бели се скроз.