1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. MomsdiaryDoris

    MomsdiaryDoris Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2024
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl:
    Јас не се сеќавам дека го осетив тој скок, но пробај дај му нешто за грчевите, сирупче, капки, обавезно вежби, на мои пријателки им помогна чајот од ким, свариле неколку зрна во вода, ја исцедиле и му дале на бебето околу 30мл, или ако си на АД да го измешаш со вода од ким, ако го доиш ти да пиеш па преку млекото да дадеш. Скокот како и да е ќе помине, фасцинантно е колку работи учат откако ќе заврши. Секој скок е своја приказна. Мене омилен ми беше третиот кога почна да се смее на глас :rofl: он се смее јас се смеам нема застој:rofl:
     
    На MinnieM, lackygirl и Evangeliaa22 им се допаѓа ова.
  2. Girl239

    Girl239 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    200
    Пол:
    Женски
    Бебе 10месеци исто деновиве со јадењето јадеше све сега како каша или пасирано стиска заби и едвај како парче сака ама неможе толку да се најаде таке има две запчиња деновиве само е нервозен ништо не му е погодено навечер само приплачуе во сон завчера цела ноќ немам спиено тој спие и приплачуе цел ден неможе да се дочува се во раце сака незнам на што се должи ова дали и 7ми скок смо или заби незнам веќе
     
  3. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    3.322
    Да не ве цитирам посебно, не знаете кој камен од срце ми падна. Посебно пошо 3 месеци веќе одиме на физикална и немаше никаков интерес, дури и физиотерапевтот веќе сакаше да зголеми фрекфенција, да одиме по неколку пати неделно. Се откажав и од летен одмор и патувања, кога оп, онака ноншалантно си седна човекот пред некој ден, онака ко, you mad bro?? Ко да знаел да седи отсекогаш само не сакал.
    Мајка веќе договори прослава за петок, малце да се опуштам :D
     
    На Tiny Love, kozuf, Bella_Stella и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.957
    Допаѓања:
    6.777
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа. И моето беше така. Дур одевме на физикална не соработуваше. И ден пред контролата оп сам си седна и тоа го направи така лесно, точно како да знаел да седи а не сакал. Ама вака кога ќе си го вратам филмот, тој беше фокусиран да усоврши станување, а не да седнува :lol:
    Слави мајка, детето ти е топ со карактер ;)
     
    На kozuf, KidA, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  5. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    4.983
    Слично поминав со бебе А и лазење на 4. Значи лазеше војнички цело време, на 4 се ставаше само кога идеше накај гарнитура да се качи, значи знаеше како ама за лазење никако. Еден ден отидовме на викендица и ги ставиме на трева и фати да си лази на 4 како од секогаш да знаел. Веројатно претходно немал потреба и мака :D
     
    На KidA, Carolin. и Lavender13 им се допаѓа ова.
  6. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    3.322
    Да, сега почна и на сите 4 да се обидува да лази, исто како што викаш кога сака да се качи на гарнитура, само тогаш трга на сите 4, иначе низ стан си лази војнички.
     
    На KidA, Carolin. и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  7. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    272
    Пол:
    Женски
    И ние долго сме во војничката фаза. :D
    11 месеци сме, веќе се исправа по мебел. И исто, пред да се исправи застанува на 4 ама не ползи сè уште. Ако нешто и е блиску ептен знае да тргне на колена, но доколку нешто и е подалеку лази војнички, брза е ептен така нормално. Се надевам ќе биде и на 4.(fingers)
     
    На Carolin. и le.soleil им се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    4.825
    Пол:
    Женски
    Извини вака, не сакам да ти се мешам, ама зошто уште од сега телефон и тв. Бебе ти е 10 месеци, кај ти е крајот.
    Ако не сака да јаде во моментот, понуди покасно. Треба да научи кога е гладно, а кога е доста. Вака како хипнотизирано пред екран и автоматски се отвара уста.
    И децата мора да ги научиме да знаат кога се најадени и да се створи здрава врска со јадењето.
    Храната е за преживување да, ама храната е и задоволство, уживање.
    И мојата знае да јаде по 40 минути и да фрла по милион пати нешта од маса доле, и напорно ми е по милион пати да ги кренам горе пак и пак. Ама такво е.
    Бара трпение. Седнувајте го на хранилка со вас на маса кога јадете. Нека гледа. Дајте му да грицка нешто или лажичка да држи, да си тропока додека јадете, ако не јаде со вас. Ама не и екран уште сега.
    Да, има периоди кога не јадат, заби, болно, скок, некоја промена, ама не го учи на пасивно јадење.
    Ја превртува и моето хранилката верувај. И масата е наплескана со каша, и подот и тепихот и таванот. Се е лом. Ќе се измачка по глава, по уши, по коса, во врат. Еве колку пати се жалам овде дека сум преморена и прегорена, ама пак не давам екран.
    Екран ги престимулира, и звуци и говор и на сон им влијае. Ама на крај како сакаш.
     
    На firequeenn, Tiny Love, Bannana и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    3.322
    Нас 40 мин ни е минимум оброк. :D
    И после јадење изгледа хаос, пола фрла, пола на него, којзнае што му завршува во уста. Ама го оставам да се прави лом, да ја фаќа храната, да истражува текстура. Интересно му е.
     
    На kozuf и јolene им се допаѓа ова.
  10. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    4.825
    Пол:
    Женски
    Така е. Досадно е ептен, ме нервира некогаш, ама тоа е тоа.
    Ние мрднавме од мртва точка со кашите. Сега нешто и на парче ќе касне. Ама не сама. Сама цело ѓубре од под што ќе го најде ќе го јаде, ама на маса само гмечи, не носи се во уста. Тука таму.. Да дадам ќе грицне.
    Инаку сега сака да грицка, ама не голта. Како хамстер некој во образи чува храна. Цела уста краставици мали парчиња у уста. Ама ќе биде кога и да е.

    Те читав некна, ама немав време да пишам. Оти веќе за јадење не како ние што јадеме. На пример јајца, хумус со лепче и слично, јајце и авокадо.. мене искрено напорно ми е ова житарка и овошје постојано да е доручек. Твоето јаде веќе јатки, на пример со путер јатки и овошка?
    Дали ја брзам негде, ама некако едвај чекам да почне да јаде како ние.
    Сега се вративме од одмор и ќе нудам јатките неделава.

    А уствари сакав да те прашам дали повторивте тестот за алергија на млечни? Има ли промена?
     
    На kozuf, lackygirl и Lavender13 им се допаѓа ова.
  11. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    3.322
    Путер од јатки дадов уште на старт кога започнавме со цврста храна, мислам сите ги поминавме, кикирики, фстак, лешник, костен, бадем. Најчесто го давам во житарката или на лепче, а над него гмечено овошје. Или последно направив како P&J сендвич, без кората од лебот.
    Сеа јаде со нас, тука вечерата ни е главен оброк околу 18 часот, за ручек јаде нешто полесно, тестенини, авокадо со јајце, домашен хумус со зеленчук, со тоа што уште не ставам сол во неговото јадење, мислам дека нема потреба.
    Е најтешко ми е за ужинките, освен едни бомбици за друго неам идеја. Овошје јаде количински многу за доручек и уствари после секој оброк, затоа и не сакам ужинката да е пак овошје.
    Неделава ќе пробам салати, да видам дали ќе јаде.

    Иначе повторивме тест, има намалување во бројот на антитела, но не е нешто значително за да нема реакција. :( Сега следно во октомври, па ако се намалат пак ќе пробаме провокација преку исхрана.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.313
    Допаѓања:
    18.425
    Пол:
    Женски
    Никогаш, ама никогаш нема да оправдам јадење пред тв или телефон. На 10 месеци, година, две, 10. Последиците се многубројни. Не е свесно дека јаде, постои ризик од прејадување итн. Јаде 40+ мин, ама знае дека јаде и нема друг начин in my book of rules.
     
    На Mother of 2boys и MomsdiaryDoris им се допаѓа ова.
  13. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    99
    А што кога два месеци не сака ни залче да касне? Скоро 10 месеци, железо намалено, не сака за ништо да отвори уста. Дали и тогаш не би дозволиле телефон да гледа и слуша музика, само да отвори уста да касне нешто? И јас сум била против такво јадење, ама кога ќе те натера нешто, ќе прифатам било што само да ми јаде детето, за да не морам со месеци да давам сирупи за железо ( во други случаи може и за друго да е)
    Не напаѓам никого, чисто ме интересира мислење што би направиле во такој случај кој трае со месеци.
     
    На popins му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Frishky

    Frishky Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2024
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво. Сакав да прашам дали е можно да има детето глисти на 6месеци. Кога и извадив пелена пред мачце све беше како црви црни. Не знам дали да чекам до утре или да ја носам веднаш на др
     
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.020
    Допаѓања:
    18.152
    Дали јадело банана?
     
  16. Frishky

    Frishky Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2024
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Да ама секој ден и давам 1/8 не и давам многу. Но вака да кака е прв пат затоа ме фатил голем стрес
     
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    4.825
    Пол:
    Женски
    Едно дете не знае дека има екран, се додека некој не му покаже. Ако не му давам, нема да поврзе јадење со екран и нема да очекува кога ќе јаде дека мора во нешто да гледа.
    Во 10+ месеци не сум пуштила ни тв во нејзино присуство. Пред бањање има песничка за тоа, и тогаш само ќе погледа три -четири секунди и тоа е тоа. Најчесто додека ја барам песната.

    За јадењето, може треба да скратиш малку на подој, на ноќно пиење. Ако одбива упорно да јаде. Или да најдеш начин да јаде нешто без екран. Јас и дозволувам да си поигра кога јаде,со лажичка и капачиња си игра. Ги гледа и фрла на земја и пак ги бара. Има фази кога не јадат, ама штом јаде само пред екран, фактички ти е еден проблем, решаваш со друг. А другиот проблем е уствари поголем од првиот.
    Што знам, секој за него. Може треба уште да бараш начини како да го нахраниш дете. Структура, парчиња, комбинација на храна. Не е дека нашите се јадат и лесно е без екран.
    Музика слуша, ама само музика и тоа најчесто постојано е пуштена додека сме дома.
     
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.957
    Допаѓања:
    6.777
    Пол:
    Женски
    Јас не осудувам за пуштање екран. Секој си го знае своето дете какво е. Јас знам да пуштам. Моето е бесно. Не знае да седи ни 5 мин мирен. Чак и во хранилка. Почнав да го врзувам и со каишите додатни, зошто ништо не го задржува станува на нозе во неа. Се сака да фати што му е на видик. И ќе прави се друго и нема да јаде оти фокусот не му е во храната. Многу пати го земам в скут за да јаде ама и тоа кратко трае. Се врти ме куби, ме штипи, уво ми чачка. Едноставно не застанува. И со песнички на екран седи мирен колку толку. И тоа не го интересира многу ама пак малку помирен е колку да можеме да се нахраниме. Моето е свесно дека јаде и покрај екран. Јаде колку му се јаде. Нема шанси ни лажичка повеќе да касни од тоа што тој осеќа за доволно. А за тоа може не е гладен,не е така, па покасно да се проба. А ја види чинијата негова е радост не видена. Ама едноставно детето е такво. Пробано се можно и не можно. Се храневме и саат и 15 мин. По мое ни тоа не е решение. Секој за свое си одлучува.
     
    На Carolin., lalinda, atz1995 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    3.322
    Можеби некогаш сме брзи да осудиме без да се ставиме во чевлите на тие кои бараат совет.
    И јас имав многу замисли и планови, за спиењето, за заспивањето, за јадењето, за многу работи. И викав јас никогаш нема вака, јас никогаш нема така. И многу од тие "никогаш нема" ми се мавнаа од глава.

    Во моја околина имам детенце од 2 години кое не јаде апсолутно ништо, ама ништо. Жив, весел, полн со енергија. ама каснува по едно залче од ручекот ( некогаш ни тоа ), ужинка со овошје, и тоа.
    Пред некој период ни беа на гости, и го гледам детево јаде чоколада. И ја прашав мајката, може со малце осудувачки тон, дали му даваат шеќер. И ми вика немам нерви веќе, чоколадо ми беше последна надеж дека барем нешто ќе стави во уста. Детево не покажува интерес за храна, паѓа на килажа, а иначе е скроз нормално детенце, поооолно со енергија, не застанува ни секунда. Не пие млеко навечер за да е заситен, едноставно нема интерес за храна. И верувам дека и јас во таков очај би посегнала по некакво решение, колку и да се косело со моите претходни верувања.
     
    На Luminary, LivingGlam, Dpokahontas и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.313
    Допаѓања:
    18.425
    Пол:
    Женски
    За среќа засега имам бебе јадач и бебе што нема проблем со крвната слика. Се надевам дека нема да се смени тоа па да морам да си ги менувам правилата. Искоментирав дека во нормална ситуација за мене е незамисливо такво хранење. За вонредна ситуација можеби ќе важат други правила. Како и да е, сигурно би ми било последна опција да вклучам тв. Исто како Џолин знам да дадам да врти играчка, капачиња и кујнски лажици, маталки ако треба јас да го нахранам, зошто сака да јаде сам, а некогаш има каша, а не знае сеуште со лажичка.
    За жал кај деца на таа возраст е честа слабокрвноста и тешко дека само со храна може да се надмине.
     
    На SiMpAtIcNaTa, Giiirl23 и DaisyDream им се допаѓа ова.