1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.287
    Допаѓања:
    18.354
    Пол:
    Женски
    Упорно викаш дека твоето дете е бесно. И моето врзано станува во хранилка па не пуштам тв и точка. Секој си поставува сам правила. Ама работи што дете е нормално да ги прави на таа возраст, како тестирање граници, фрлање, станување, играње со храната итн, не се спречуваат со пуштање на песнички. Just let it be, развојна фаза е, не е бесно дете. Има разлика.
     
    На Mother of 2boys, Ceneva, DaisyDoo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Исто како да го опиша моево. Се чудам како му текнува дека треба да ја префрли ногата за да се качи на нешто. Кај го видел тоа? Неќна во количката додека да го одврзам да го земам тој толку брзо ми се заврте и стана во неа :whew:
    Претходната недела пробав стоечки да го хранам јас му давам тој со устата го гриза прекривачот од гарнитурата.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    92
    Дај Боже да продолжи јадач да ти биде, затоа не викај никогаш никогаш. Секој знае како му е и се снаоѓа како може.
    Си нашла начин со играчки и лажички додека седи на хранилка. Кај мене тоа не функционира. Не дека не е гладна, ама како да нема време да седи, како губење време ѝ е, бидејќи нема застој само натаму наваму е, 3секунди седи на газ. Исто како @Ceneva морам да најдам начин да се смири инаку лажичките само ќе ги плеска на сите страни. Тв е по цел ден пуштен, сама сум ако е и тој изгасен, ќе скренам начисто. Ама воопшто не го ни погледнува, не ја интересира.
    Затоа дали е последна или прва опција, некогаш и телефон и тв ти доаѓа како многу добра идеја.
    Да, секој си го кажува мислењето, а со тоа некогаш знаеме и да осудиме. Верувам дека секој си знае како најдобро може.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.190
    Допаѓања:
    21.286
    Пол:
    Женски
    Никогаш не вели никогаш.
    Секој со маките. Не пуштав на првото ама ко почна се да одбива јадење со 3ките мораше да се "лажи" некако. И со цртани 40 мин траеше јадењето. Еве го и на 5 год еден оброк му е 40+ мин...игра и на телефон, гледа и на тв ама не е зависен. Секогаш преферира др ако има избор отколку телефон или тв. Сега па дома не е влезен, си иди од градинка и надвор е цело време.
    Малово засега јади без цртани, ама си јади машала, со исклучок на денови ко вчера и денес, не јади само по некое лајче и стега уста, па на толку останува, цица повеќе и си надокнадува, мрсули течат, тт имаше пред 2 дена, 37.6, нз дали е од забите или од вирусот од брат му кој е со постојана тт од саботата, еве веќе 5ти ден со тт, до 38 крева и спушта на 37.3 и си држи така.
     
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    4.764
    Пол:
    Женски
    Не дека сакав да осудувам, ама да, така прозвучело сигурно. Сакав да укажам. Огромни се последиците од корисењето на екран. Јас знам дека никој не дава телефон туку така и дека најчесто е од немоќ.

    Не знам, може имам дете што соработува, ама јас би одожувала телефон што е можно повеќе. И онака имам грижа на совест заради тоа што со бабите се гледа на камера. Оти денес е за јадење, утре ќе е за заби миење, за нокти сечење, за во кола и кога ќе видиш се збрале повеќе од два часа на ден. А мали се многу, како ќе растат, ќе растат и предизвиците.
    Интернет ни е на дофат на сите, секој може да се информира и сам да си одлучи како и што ќе прави.

    И моето јаде заврзано со каиши, фрла и беснее, ме кубе и гребе, мава со глава на сите страни и ме нервира, ама шо да и правам. Колку касне толку. Лажичките се уплескани и уплескан е ѕидот од нив. Зборев некна, дупки ми направи во масата од мавање.

    И јас сум по цел ден сама, ама немам време да скренам уствари. Домот моментално толку ми е во хаос, што не ни било, ама такво ќе е. А тек уште колку ме чека месецов, па не ни помислувам. Кажав еве 12 часот е, јас сум кај оброк бр 3. После одиме надвор, ќе се шета, се враќаме за дремка, па вечера и пак надвор. Дома ќе си стои хаосот се до викендот, кога ќе отспијам и ќе се поделиме со обвските со маж ми, оти јас во 8пм не можам повеќе ни да дишам од умор. Машините полнам и скролам додека завршат. И после легнувам и ја превземам третата смена. А не работам, можам па да си замислам како и е на пример на Бела. Кај никоја не е лесно, верувај. Ама дете јаде исклучиво на маса седнато и се знае кога е време за јадење, не се гонам по стан со неа. Не давам екран, не седнувам во скут. Крвна слика поима немам како и е, никој не и направил.
     
    На 1001Ana1001, Tiny Love, Ceneva и 4 други им се допаѓа ова.
  6. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    92
    Да, во странство е така, сам скоро цел ден, ама тоа е. За умор не ни сакам да зборувам, ноќеска станувам по милион пати, не може маж ми да ја презаспие, нема шанси, пробано сто пати.
    И да, дете јаде исклучиво на маса, не седнувам во скут, ама џабе седи на маса, затоа ја користам последната опција телефон со музика за да биде успешно најадено. И тоа сега неколку дена како го практикувам тоа, не попуштав и јас ама два месеци се многу за да не јаде буквално ништо. Крвна слика прв пат ѝ прават, не знаев ни јас каква е. Ѝ направија откако педијатарот слушна дека нема јадено ништо. Така да, пак ќе кажам, никогаш не вели никогаш. Не давам-утре може ќе немаш опција и ќе дадеш. Не седнувам- утре може ќе се смени и само така ќе ти успева и ќе мораш.
     
    На Ceneva, lackygirl и јolene им се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.008
    Допаѓања:
    3.831
    Пол:
    Женски
    За јадење јаде кај ќе стаса. Јас инсистирам кога ја хранам да е во хранилка.
    Исклучок ако сме надвор, па да јаде во количка, на клупа седната, кај мене во раце.
    Во градинка ги ранат во креветче.
    Кај бабите нема хранилка, јаде во раце.

    Имавме ситуации здравствени, каде што за да е мирна мораше со телефон да се занимаваме, сега мака мачам за да се одвикни. Буквално не ни внесувам телефон во соба или каде што може да го види и дофати.
    Е сега моево или е инает или толку сфаќа за возраста, па си има тантруми ако забележи телефон ама на добар пат сме да се одвикне.
    Тв е пуштен цел ден. Месеци и месеци живеев без тв демек да не се зрачи. Ама веќе проодено дете што се живо и диво го интересира, ни седи да гледа цртани и песни, ни ништо. Ептен некоја песна да ја погоди.
    Битно гледам да сме повеќе надвор, па и цртаните ќе се лимитираат/исклучат.
     
  8. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, темата за искуство со предвремено родени бебиња е неактивна, па решив и тука да го поставам прашањето.

    Син ми се роди 38+3 меѓутоа со килажа 2800 и излеговме од болница 2700- апгар 8/9. Додека да се средиме со цицање- имаше потфатено јазиче кое го сецнавме и плус првите две недели многу беше поспан пиеше аптамил прематур и мое молзено 7/8 пати на ден. Сега од 7/8/9 недела веќе повеќе цица и во секој подој му додаваме дали АД или мое молзено 45 мл или 30 зависи- ова требаше бидејќи кога го сецнавме јазичето се обидувавме да фатиме ред со цицање он не креваше на килажа таа недела, недела и пол и затоа мораше додаток - така ни е кажано од педијатар. Од денес тераме 10та недела околу 4 кила и 100/200/300 веќе треба да сме… приметувам како поминува времето се повеќе и повеќе влече во цицање

    Не пие повеќе од 80 мл на подој кога не цица… бебиња на негова возраст пијат мн повеќе ама он се задоволува со толку… дали некој има како моето искуство? Јас имам млеко меѓутоа не молзам повеќе од 80- толку пие и он. Вака супер си напредува освен што е поситен. Се роди 51цм сега треба да е веќе 54/55.

    секое искуство е добредојдено :l:
     
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.266
    Допаѓања:
    94.562
    Ај кога ќе почне после година да се 'освестува' повеќе, да видам дали толку ќе се силиш.

    Бебе и тодлер, небо и земја, толку е муабетот. Колку што бебе можеш да го излажеш за се', другава категорија не можеш за ништо.

    Ама нема поголема смешка од овој натпревар меѓу мамички за екранизација, кој нема крај едноставно. Кој за што, овде мерење за пуштање тв.

    Ако не го стимулираш ти со упорно зборување и зборување и зборување, прашување, покажување, повторување, можеш да го оставиш и во тв мрак додека да тргне на школо, пак е џабе.
     
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.287
    Допаѓања:
    18.354
    Пол:
    Женски
    Моето бебе има година и месец дена. Него не разбирам, зошто односов? Кажав мој став и мислење, не мора да ти се допаѓа и да го прифатиш, ама не разбирам од каде ти е потребата баш мене да ме цитираш? Не се натпреварувам со никој за свое дете, можеш да бидеш сигурна во тоа. Јас си имам свои ставови, друга мајка има свои итн. Нигде не реков дека детето нема да ми биде изложено на екрани воопшто, не ми го превртувај муабетот. Искоментирав за конкретната тема, јадење пред екрани за што секогаш ќе бидам против.
    Ете ти што си со искуство за разликата меѓу бебе и тодлер ќе не просветлиш и ќе ни помогнеш да преживееме. :D
     
  11. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    4.764
    Пол:
    Женски
    Оти со ваков тон, не ми е јасно. Еве јас познавам мајки кои на своите деца не им дозволуваат да јадат пред екран и до три години не пуштиле тв. Па што знам, ете некако преживеале и децава не бараат да јадат со телефон во рака. Не дека е невозможно.
    Те натпревар, те она, те ова. Никој никого не навреди во разговорите, сите си споделија искуство. Сите деца се различни, сите мајки исто. Ко што ти се знаеш и планираш за твоето, така и секоја друга за нејзиното.
    Вајда свесни сме дека ќе им треба и стимулација со текот на времето. Не дека не давањето тв го исклучува другото.
     
    На Tiny Love му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.930
    Допаѓања:
    6.727
    Пол:
    Женски
    Јас почнувам без телефон ама завршувам со тел, едноставно не сака да седи мирен. А не дека не е гладен. Кога ќе прооди осеќам ќе бидам со чинијата по него за да јади.
    Не гледа многу ама ете малку го смирува. Тој продолжува да си чачка ама барем седи. Не гледа во телефонот како хипнотизиран. Пробано се и тоа ми е единствена солуција. Јас немам проблем со тоа малку песни пуштање. И пак ќе кажам секој за свое одлучува.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.008
    Допаѓања:
    3.831
    Пол:
    Женски
    Погоре имаше некој пишано никогаш не вели никогаш.
    Баш на оваа возраст од 6-12 месеци ни беа најголемите промени во однесување, почнаа чести настинки, јас се вратив на работа итн.
    - Никогаш нема да заспивам бебе во количка низ куќа, околу 6ти скок завршуваше со тоа јас да вртам со бебе низ цела куќа.
    - Една тешка настинка, кога со денови уста не отвараше ни за храна, ни за вода, не само цртани, не знам што се не пробав. И со шприц и секако само нешто во уста да става, да не завршиме на системи.
    - Инхалации со денови и денови. Е тука и до ден денес се гледаат цртани.

    Пишав и погоре, гледам до максимум барем летово што доаѓа да се одвикне од такви навики, да изнајдеме начини како на есен/зима би функционирале со долго седење дома, а без технологија за дете.
     
    На lackygirl, Emy867, atz1995 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Моево многу се заигрува, од ептен бебе на 2 месеци тоа само си гукаше. Се буди сам во соба и не плака туку веднаш си зборува бебешки. По цел ден си игра со играчки, тропки, камиони, држи сликовници, не сака воопшто да го носи некој во раце сака цеело време да е пуштен.. од тој аспект никогаш не сум се пожалила, но внимание за храна се нема. Општо само што го седнам во скут или хранилка било што тој не седи ни секунда..
     
  15. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.309
    Допаѓања:
    16.152
    Пол:
    Женски

    Најново ни беше вчера хранилката на прозор, мачорот надвор пред прозор, тој мјаука овој вика битно јадевме некако (facepalm)
     
  16. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.406
    Допаѓања:
    4.977
    Пробај да почнеш да му даваш сам да јаде со прибор, таман ќе биде зафатен и фокусиран на тоа. Сме имале периоди и ние на такво одбивање јадење освен ако нема некоја занимација. Па сум давала секакви дрангулии на хранилка и уста пења ми фаќала од зборење само да седат мирни да ги нахранам. Кај нас навистина помогна јадење со прибор. Од 12 месеци почнаа сами со вилушка, а некој месец подоцна и лажица, иако со лажица уште лом се прават. Е сега трае подолго, има за чистење и перење поише ама подобро е од телефон во секој случај. Инаку и јас пуштам тв, не дека сакам ама некогаш ми е полесно така, ама никогаш додека јадат. За јадење сум хитлер. Мора да е во хранилка и горе доле во исто време. 2 години се скоро, знаат да пиштат да неќат у хранилка ама не попуштам, зашто во ретките ситуации кога не сме дома јадењето е хаос, само трчам по нив. Па ќе поплачат, ќе се бунат па ќе видат нема сакам неќам ќе се смират. Хорор филм ми е помислата да трчам по нив со јадење. Радије би да седат гладни. Ама лесно ми е да кажам зашто не се нејадачи, си напредуваат. Веројатно не би мислела така ако беше спротивното
     
    На lackygirl, јolene и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  17. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    70
    Мајки кога почнавте со орална хигиена? Бебе 8++ има заби, сакам да стекнам навика порано, барем со крпа да проаѓам.

    исто, спреј за против комарци кој го препорачувате?

    и последново можда глупо прашање ама морам - кај ги пресоблекувате? Подлогата што ја имав веќе достигнува лимит на килажа, ќе морам да ја тргнам.
     
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.930
    Допаѓања:
    6.727
    Пол:
    Женски
    Пробано и сам да јаде, си игра со храната и во уста не завршува скоро ништо. Само леб кога му давам го јаде сам. Лебарче е :D
    И јас секогаш запазувам да е исто време јадењето и во хранилка. Го врзувам зошто станува во неа. И како ставам каиши почнува да вришти, да се црвенее во фацата. Пробано игнор и нееее полошо станува. Се лути што го врзувам. И пуштам песнички така да слуша без да гледа првично. Ама на крај завршуваме да гледа малку. Јас друг начин немам најдено за сега.
     
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    4.764
    Пол:
    Женски
    Од првото запче почнавме со силиконска четкичка и со детска четка за заби од курапрпокс, колку даде толку. Навечер после млекото и сабајле. Сабајле ја мијам заби и ѝ давам на неа четката, да миеме заедно, па после проаѓам јас уште малку.
    Паста купив, ама не сум почнала сѐ уште.

    Спреј имаш неколку страници поназад мислам. Скоро се збореше кој беше, заборавив оти го нема кај мене.

    Уште ја пресоблекувам на пресоблекувална најчесто, не знам колку ми е лимит, треба да погледнам. Инаку на под понекогаш, ќебе свиткано, од горе од тие подолгите што се за една употреба и така. И онака седи, лази, се гониме.
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.008
    Допаѓања:
    3.831
    Пол:
    Женски
    Од кога излегоа заби, со четче со вода поминуваме. Обавезно после вечера, сеуште со млеко заспива така да не ми е опција секогаш да мијам пред спиење. И наутро исто.

    За преслекување кај ќе стасаме. Ставам подлога за еднократна употреба под неа, и бидејќи е веќе 16+ месеци и по гарнитура и на тепих и секаде. Посебно место никогаш сме немале за тоа.
     
    На 1001Ana1001 и lackygirl им се допаѓа ова.