1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.190
    Допаѓања:
    21.286
    Пол:
    Женски
    @1001Ana1001
    По правило се почнува од првото запче, како што пиша погоре @јolene но со првото со четка почнав на година и некој месец, веќе имаше 10тина запчиња, до ден денес без исклучок секоја вечер се мие заби, уште јас го мијам бидејќи неможе тој убаво да исчетка, четка и паста секаде се носи :) ако заборавам пред да легни сам ќе речи заби не се измив :rofl: само 1 запче расипано има и не дозволува да се направи, другите сите бели му се чисти.
    Прво само со вода и четка, после почнав со детска паста, па мус користев 2год како паста. Ваков.
    Screenshot_20240523_102239.jpg
    Со малово немам почнато уште ништо, само 1 запче има засега :D планирам и со него дирек со четка после годината.
    Го преслекувам на под оти мн се врти да не ми падни, на оние еднократни што се подлоги, дур не ја помоча или извалка ја користаам една.
     
    На 1001Ana1001 и јolene им се допаѓа ова.
  2. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    264
    Пол:
    Женски
    Какви се најновите препораки - дали децата да се боси кога проодуваат или да носат ортопедски/анатомски обувки?

    Јас ја оставам дома боса, така да се исправа и да оди по мебелот. И го кажав тоа на докторката, таа ми рече да сум купела обувки од Кеги на пример и да ги носела и дома. Според неа, така било најдобро за стапалото и за проодување. Искрено се зачудив, досега сум читала да се боси децата кога проодуваат.
     
  3. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.538
    Допаѓања:
    43.737
    Пол:
    Женски
    Ние бевме скоро кај Александра Димова на преглед, таа рече босо најдобро.
    Чевли да купиме кога ќе оди со нас по улица, буквално така го кажа. :)
    Рече дека проодувалките се чист маркетинг и тотално непотребни додека бебето проодува.
     
    На Giiirl23, lackygirl и јolene им се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.430
    Допаѓања:
    24.611
    Босо, кога ќе прооди убаво и босо на разна површина (песок, трева..)
     
    На Tiny Love и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  5. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    1.456
    Пол:
    Женски
    Убаво си правиш, дома боса нека си оди.
    Ортопедот каде што јас го носам малиот, тие проодувалките од Кеги и обувките со анатомска влошка не ги препорачува.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    92
    Кога сме веќе кај ортопедите, да прашам
    Дали редовно ги носите на ортопед, или во случај ако има потреба?
    Тука на два месеци прва контрола за колковите и толку. Скоро 10месеци е и педијатарот вели немало потреба да се оди пак на ортопед.
     
  7. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    264
    Пол:
    Женски
    Правевте пред некое време муабет за модринки ама не можам да најдам на лупата.

    Што помага од домашен лек, а што од аптека? На образот и челото и се направи модринка, а не се удри многу, од премала височина се удри. Прекриво ми е.
     
  8. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.580
    Допаѓања:
    35.445
    Пол:
    Женски
    Ја однесов на прв преглед на колкови кога имаше три недели, потоа меѓу 4-5 месеци пред седнување на 45 степени, па на 8-9 месеци пред проодување. Следно е контрола после 3 месеци од стабилно проодување.
    Контролите ги правам според препораки на ортопед.

    За малата не користам ништо, уште не направила некоја модринка за да мачкам, а на поголемиот му мачкам од ФрезиДерм вакво и баш му помага.
    [​IMG]
    Инаку, низ форумов мислам дека спомнуваат со маргарин да се намачка местото.
     
    На lalinda и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  9. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Маргарин да намачкаш дирек на модринката, а може ако стои детето и да држи лажица на местото.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bannana

    Bannana Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Кога одиме на преглед ни кажуваат кога да одиме пак на контрола. Обично на 2 месеци, па на 6, па кога ќе прооди. Мислам така некако е.
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    2.766
    Допаѓања:
    48.890
    Пол:
    Женски
    И нас ни кажаа босо. Дури и откако прооде, не советуваа дома максимум што може време да биде бос, а ако некогаш и некаде има можност и надвор да го пуштам да пооди бос.
    За модринки, таа кремата од фрезидерм ја имам, предобра е. Кога и да се удри, одма ставам на местото, најчесто воопшто не дозволува да се појави оток или модринка, а кога ќе се појави, побрзо поминува кога го мачкам со тоа.
     
    На Mother of 2boys и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  12. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    2.262
    Hello мајки.
    Ние направивме 6 месеци, па да се префрлиме во темава. На 5.5 месеци ни излезе запче, на 6 и второто. Му ги мијам со силиконска четкичка, знам дека повеќето прават така, но дали е доволно само со вода бидејќи знам има пасти 0+?
    Имам трауми од првото дете горните запчиња ми се изронија уште не доизлезени на година и 3-4 месеци, па сега се плашам и за второво.

    Што се однесува до одењето, јас на првото дома никогаш не му ставав обувки, само за надвор.

    Кремата од frezy derm ја имам и јас, кога и да се удрил ни му отекло ни му помодрело. Најчесто сум ја користела за на глава (facepalm).

    @lalinda на ортопед бевме на 6 недели, па после 2 месеци, па после 3 месеци и сега повторно после 3 месеци ни закажа.

    Друго да прашам. Малово прв пат ми настинува. Еден ден киваше многу и му течеше носето како чешма, после тоа почна да поткашлува. Бевме на педијатар рече нема на плуќа. Од тогаш помина една недела малово се уште поткашлува неколку пати во денот. Ми е страв да не спушти на плуќа, не знам како да го вардам, а да не го носам на секое на педијатар. Со првото никогаш сум немала проблем со спуштање на плуќа затоа не ми е познато. Температура воопшто не ми крена, дали ако спушти на плуќа крева и тт или може да не крева?
     
    На lalinda и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  13. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    4.764
    Пол:
    Женски
    Така е и тука. Нема воопшто, дури кај педијатар мерат колкови и тоа е тоа.
    Јас ја носев ради друго два пати до сега, па ми се поклопи како во мк. Сега откако ќе прооди треба пак да одиме. Ама нит ја погледнува реално, нит совети ни ѓаволи. Така да уживај и ако си одите мк, можеш за твој мир да ја однесеш
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    3.292
    Босо, јас не му редам ни чорапи. Бабите во несвест паѓаат.
    Овде нема никаква контрола на ортопед, кога не седнуваше јас побарав упат за ортопед, да видиме случајно некој проблем да не има. Ми викаат нема потреба, на редовни педијатриски прегледи демек и тоа гледале ( искрено не видов нешо посебно да прават на редовните прегледи ама ај ).
     
    На Mother of 2boys, јolene и lalinda им се допаѓа ова.
  15. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    92
    Да не ве тагирам, фала на сите за одговорите. Чудно ми е зошто така ми рече педијатарот, но ќе гледам да закажам. Ако и ортопедот рече нема потреба, тогаш кај нас. Кај кој е најдобро да ја носам во мк?
     
  16. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.580
    Допаѓања:
    35.445
    Пол:
    Женски
    Инаку, и јас боса ја држам по дома, чорапи не носи.
    Обувки ќе ѝ облечам кога ќе прооди и кога самостојно ќе оди надвор, секако не ја паткам или придржувам да стои на нозе надвор и не ѝ се потребни. Има за во количка бебешки со мек ѓон за мода, а додека не прооди, ќе си биде боса во количка, секако доаѓа топло.
    Од обувки купувам само патики од спортска продавница модели за трчање, тие се флексибилни кај прстите и се виткаат, а се стабилни кај петата.

    Инаку, од вчера без никакви знаци и вежбања почна да седи на газе, еве нешто малку пред да направи година.
    Се преплашив кога поголемото дете викна по мене мамоооооо, цел изненаден што така седи и сега по цел ден го слушам на секое нејзино седнување тој вика ли вика, ме известува на секое :D
    Таа седеше и претходно, но од стоечка положба ќе клапнеше на газето, а од лазење дури вчера почна. Цел ден тоа прави, сега ни исправена не ја интересира да стои.
    Баш ми се слатки двајцата седнати и си играат :inlove:
     
    На Mother of 2boys, CareTee, Isabel и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Dimssi

    Dimssi Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2024
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Каков распоред на оброци млеко и храна имате? За некое време ќе треба да внесувам вечера па не знам баш како да и распоредам, бидејќи заспива во 20, 20 и 30 часот. Кога треба да и е вечерата пред спиење, заспива со млеко. И уште едно прашање, на утро кога ќе стане да и давам млеко или директно кашичка? На АД сме, на утро не обожава многу млеко, повеќе сака кашичка, па сега прашувам да не има некоја штета дека цела ноќ без млеко директно на кашичка.
     
  18. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    264
    Пол:
    Женски
    Колку убаво :party: Јас сум пресреќна за сите milestones :inlove: А дали лази како војник или на 4? 11+ е мојата, се исправа, а не лази на 4. Застанува на коленца, тргнува на 4 ама како да знае дека е побрза војнички, па така продолжува.

    Те цитирав ама дојдов и за друго да прашам. Се заигрува сама неколку пати во денот по 15, 20 минути. За тој период не и правиме муабет дека ќе прекине да игра сама, само во позадина има песнички. Дали грешам што е толку време без зборување?
     
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.287
    Допаѓања:
    18.354
    Пол:
    Женски
    Моето бебе е 1+ годинка.
    Ви се уфрлам малце ама само да ти кажам дека моето пролази на 4 недела-две пред да наполни годинка. Не го вежбав никако, оставен беше да си пролази кога ќе сака и може.
    За другово он е по цел ден на земја, само кога спие и јаде не е. Не ни сака да го држиш во раце, си сака слобода. Си шета, се заигрува со играчките, со шишиња, кутии, далински, си “збори” цело време на негов јазик дур си игра. Во позадина има песни, јас му правам повремено муабет, го прашувам, му покажувам. Ама тоа не му ја прекинува играта, напротив пробува нешто да ми објасни, ми покажува и си кажува нешто на негово. Си седиме и лежиме на земја со него некогаш, сака да се качува врз нас :D, си играме со играчки, ставаме форми, вадиме, ‘читаме’ сликовници, гледаме слики од животни, играме ринге јаја :D итн. Не е воопшто лошо или страшно ако не и збориш цело време, и самостојната игра има голем придонес во развојот.
     
    На 0ли, H.VAGA и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  20. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.538
    Допаѓања:
    43.737
    Пол:
    Женски
    Син ми имаше вирус до минатата недела, помина, но како да не го исфрли секретот од него.
    Нема на гради, но се слуша многу како хрчи кога дише.
    Чистиме носе, можеме ли нешто друго да направиме за да се ослободи од секретот побрзо?