Мајки,бебе е 6+ месеци. Едната страна од главчето и остана сплескано. И беше повеќе ,ама со тек на време и се оправи меѓутоа сеуште има доста смачкан дел. На меше е доста преку ден,не е дека само лежи. Сега почна сама да си ја врти главата во спиење и на другата страна. Спие на рамно. Прашањето ми е дали вака ќе и остане или со тек на време сеуште ќе и се оформи како што треба?
Малово не знае да пие од регулар шише со цуцла, со цевка не, со силиконско клунче не, со магичната 360 не... Од лажиче премалку вода лизнува и се граба за чашата, од отворена чашка уште не знае... Со големиот ми беше лесно, од старт се научи на отворена чаша ама со малово не оди некако. Какво да пробам наредно? И пластикиве некако ми мирисаат, ја пробав водата денес (од ДМ е шишето) и чудна ми е. Магичната од Нук исто чудно ми мириса. Сакам и на големиов да му земам од не'рѓосувачки челик, па пишете ако имате препорака.
Еве ви дефектолог кој ви кажува кои се последиците од Екранизам. Јас имам 4 годишно дете никогаш не е изложено на телефон и ќе се обидам што повеќе да не биде. Не можете да ми кажете ама не јаде ама не седи мирен… може да се најде начин, и може да не се даде телефон. Детето секогаш сака игра, сака да разговара или има моменти кога се нервозни гушнете ги. Телефонот не е решение и телефонот ќе ви донесе проблем во развојот. За да не бидам пример на моето дете дека седам на телефон тоа секогаш го правам кога не е дома или кога спие. Намалете го вашето време на телефон и посветете го на вашите деца.
Предлог за лажачки цуцли, а да не се од Филипс? Почна да го цица палчето и тоа многу, ајде ја оставав 2 3 недели, ми е страв за одвикнување тоа може да трае до 4 5 години. Полесно од цуцла би ја одвикнала, кои цуцли да и ги земам?
Курапрпокс. Скапи ама се анатомски. На нас забарот ни ги препорача. @Ceneva да е жив и здрав и голем да расте. Да биде среќен со мама и тато! Не ми се верува колку брзо ни помина годинава. За еден месец и ситно и нашето ќе полни година. Не успеав на итната вчера да идам. Т.е отидовме и се вративме надзат, оти беше полно со дечиња кои болни истоштени, кои раскрварени паднале. А нашето свежо, јаде, пие се смее. Па реков додека не сме направиле некоја беља и да чекаме со саати, да се вратиме надзат. Сабајле пишав на педијатар, ни даде бепантен за очи и нос што е таа крема, да мачкаме три пати на ден. Дали е херпес или не, не добив одговор, оти сестрата само ми врати да отидам по рецепт. Ама според кремата, не ќе да е херпес. Нормално ми е мене така да не лечат. Ај овој преку слики, а сега нов треба да и барам, којзнае каков ќе не прифати. И така, малата пие, јаде, пред спиење си бара цуцле, става играчки во уста и не плаче кога ќе ја допреш. Не личи на афта, нема такви меурчиња, само е ко изгребана кожа од горе и пошто нон стоп пика играчки во уста, не може да залечи а и преска ко крв си пушти. Нема температура фала богу, ама има запче ново, а изгледа и другата горна единица тргнала. Spoiler: Херпес? @0ли @Bella_Stella @lackygirl дали ова ви личи на херпес?
@LivingGlam Не се сеќавам во која тема пишав пред некое време, од Томи Типи чаша со клунче да пробаш, ама да не е со вакум, да си тече слободно. Можеби има и од други фирми, но ја спомнувам оваа бидејќи сум ја користела. Бејзик е, наједноставна. Секако, со помош твоја да пие од неа. Не знам вака искрено, не можам да проценам. Обично знам дека меурчиња излегуваат многу брзо ако е херпес, па после нели ако не се мачка, се закорува, па паѓа. Досега ваљда ќе ѝ се појавеа ако беше херпес. Голема е веројатноста да се гребнала дали со играчка или со нокти на пример, можеби се потчукнала итн.
Со оглед на тоа дека јаде фиоки, оградица на креветче, камења можам да си замислам што се не пукнала во уста, додека не ми била пред очи. Не се промени на форма и големина баш. Јас од тоа тргнувам дека херпес боли, а ако ја боли нема да сака да спие со цуцле и да го бара пред спиење. Ќе плаче вајда и кога млеко и вода ќе пие. А пие од таа магичната, од таа со клунче,од цуцла. Со сите по ред, од која и дадам од таа. Силиконски и пластични лажички штом зграби право брцка во уста. Глодалки џабе имаме, не се користат. Ја чеша сега непцето ептен знам, ама нема како да му помогнам. Мора да пројде и тоа. Исто дневни дремки сама си ги заспива. Се понезависна е. Уште да се исправи целосно и фали. Сега се тегли нагоре, ама на колена е само. На стапала уште не покажува знаци. А и не може да стои и да ја придружам,џабе. Не ја ни форсирам. Така кога ќе ја гушнам некогаш и пробува да остане исправена, ама со газето надзат и потпрена на мене. Далеку е од стоење.
Мислам дека ќе се покажеше да беше херпес. Јас кога ќе ја видам црвена на усната, знам дека е време нокти да сечам пак иако сум пресекла само некој ден претходно. Тоа што е на колена е чекор накај исправање, ќе биде. Мојата првпат се исправи во креветче. Кога го спуштив душекот од горното ниво, ставив два душеци еден над друг на долно ниво и затоа работ на креветот не ѝ беше многу високо и така се исправи држејќи се. Е потоа сакаше да се исправа додека седам со неа на земја, па се потпираше на моите нозе, ќе ме издрпаше по маица за да се исправи, на голема перница ставена на земја, на пакети со шишиња што ги ставав за да не оди во одреден дел од дневната и сл. Ќе ѝ дојде, ќе почне да се исправа, сигурно нешто друго си има на ум сега
Уф искрено не знам, и ми личи и не ми личи на херпес. Голема е веројатноста да се удрила од нешто гризајки. Херпес викаат дека многу боли, веројатно ќе се жалеше да беше тоа и ќе имаше мака со јадење итн.
Па така и јас кога гуглав, прво што наидов е дека бебе ќе е нерасположено, ќе одбива да јаде и пие. Маж ми после беше до кај доктор по рецепт, ама не прашал што мисли докторот. Сестрата само му префрлила рецептот на картичката и толку. Не е ни битно, она мислам е веќе во побезбедна зона. Мислам дека ептен бебиња се всушност во најопасна возраст. Ќе ја следиме нормално како се однесува. Се надевам ќе и помине поскоро. Кај доктор, без да ни даде термин, не бива. Вакви случаи преку слики. И егзема и цистиа имаше како бебе во уста, се е преку телефон,преку слика. Преку слика и упат. Во ординација само за систематски и ако има болки/температура. Вака демек да не се ризикува да се разболуваат децата. А систематски последно имаше во октомври изгледа . Или декември беше. Сум заборавила
10++ со кое лудило се соочуваме? Ве молам посочете ми Скокот помина и не беше страшно. Регресија можеби плус сепарациска? Успивање по цел час, лази по кревет, не смеам да го легнам, вика на цел глас, не можам секунда да го оставам, одма крева рачиња и вика по мене, во градинка не спие, и дома едвај некако, писка и плаче во сон итн. Не барам совет нешто посебно, само да видам случајно некој да не се соочил со истото, и колку траеше?
Мајки, бебе е 8м10д. Ужива да седи и да се врти, ама абер нема од лазење или самостојно стигнување во седечка позиција. За исправување на нозе не ни помислувам. Дали тие што имате деца на оваа возраст имате некој совет за дополнителна стимулација за да ете, ги ‘постигне’ овие работи? Да потенцирам, нонстоп е на под
Една недела пред 10месеци сме, кога доаѓа време за спиење ми е хорор. Исто по еден саат се успиваме цицајќи и нишкајќи, раце и нозе немам, а кај маж ми не заспива. Од почеток е тешка за спиење ама како се потешко да станува. Скок ли е што ли немам појма, ама ваљда ќе издржиме
@јolene и мене и ми личи и не нз преку слика не се гледа убо. Вака беше кај синко Spoiler: Слика После и вака на речето имаше егземи. Морам и јас да се пожалам, нека стои тука. Денес почнувам на работа. Болни сме 10 дена, малово среќа поарно беше, јас и големиот поќе, туку што беше ова 2 ноќи не спие ич, спие и плачи, турка, куби, греби, цели сме издраскани со мм. Значи и в раце да спие, се буди и плачи... Второто запче е при крај ама шо ќе беше ова тешко растење на заби изгледа и се собрано, не е во скок, ама си мислам регресијата е сеуште, не го пушти од 8 месеци отепана сум, како ќе се работи нз Др, многу се лути, се фрла наназад одма расти расти а мама го мисли мало уште, минутка в место не стои, преслекување пелена чиниш го колиш рика се врти, бега, аиии што е ова, првото ко кукле си лежеше за пелена менување
Имавме добиено на поклон камионче од тие пластичните што се возат на нив пишува дека се од годинка. ММ ми се смееше зошто сум го отворила кога он е мал, тогаш имаше 7мес. Јас го отворив зошто видов на инстаграм мајка со бебе што е исто како моето и веќе се исправаше на такво камионче. Навистина ми успеа. Неколку дена откако камиончето му стоеше отворено почна да клечи околу него, да сака да свири на свирката на воланот и за кратко застана Но да напоменам пред тоа веќе се исправаше на 4 и имаше обиди да лази. Не знам дали е до камиончето, но мислам дека се стимулираше околу него