Колективно неспиење ги фатило. Кај мене дневни спие. Ама навечер се шета низ креветче. Којзнае што е замислила, па штом толку и навечер се буди. Ноќеска па особено беше. Мислам повеќе не спиевме, отколку што спиевме. Сега сум бетер зомби. Две дупли кафиња од сабајле, џабе е. Срце ќе ми експлодира,ама очи не можам да држам отворени. Од каде им сила на нив да палуваат, еве да ми е да знам. @lackygirl е многу убави деца раѓаш мори сваќе. Бели нежни. Жал ми е што ве затепа таков некој период. Држам среќа поскоро да се оправите.
Веќе 5 дена кај шо не спиет навечер, цело време сака во раце. Го заспивам и го ставам во креветче и после пола час одма кемка плачи и морам пак да го земам, 7 месеци е не знам што го мачи. Стануваше навечер ама еднаш до два пати, сега на секој пола сат се буди. Не можам да мислам веќе од преморена шо сум а вечер имам гости, оф
@Spidy на малата и растат сега горни единици, долните се излезени веќе. Е сега ја гледам и слушам дека како ги скрцка едно со едно. Значи ги струга, стиска. Знам дека и е непознато чувство дека фактички добива нешто ново, ама ми е страв да не си ги оштети уште не излезени, а и да не се повреди на жлабинките така. А не можам ништо да направам нели? Башка што не ми дава да видам што има горе. Едната ја видов дека е веќе излезена, за другото не можам да чепнам да видам. И сега? Да ја оставам, џабе ќе ја носам на забар, што ќе и прави?
Ни можеш да направиш нешто, нити има потреба. Со секој нов заб нормално е да шкрипи, повеќето деца го прават тоа. Ќе престане со тек на време. Ќерка ми шкрипеше до 3 години. Нема да се повреди, забите се најцврстата материја во телото, многу потврди од сите други коски, а за жлебината еднаш ќе ја здоболи и ќе знае пак да не гризе толку силно. Нема потреба воопшто да се грижиш, освен што е језиво да го слушаш, никаков проблем не е.
Ги крцкаше и син ми баш тогаш кога почнаа да му излегуваат горните кецови. Кратко траеше, неколку дена. Сега веќе не сум го приметила да ги крцка. Језивко е баш, татко му па во сон ги крцка.
Банана како давате? Се и дадов да проба, само банана не. Дрка варено пасаирано... ама бананата се вари ли?
Најдено е решението кај нас за да јаде мирен кога јаде каши. Му сечкам разно овошје, он си мези, а јас му давам просо, гриз, овес или што и да е на мени. Успешно изедува сѐ, без да фрла и без да излегува од столче. Кај нас всушност маката е што сака да јаде сам, а невозможно е секогаш сѐ да биде на парчиња, немам секогаш време. Кога ќе му здосади да мези, му ја давам неговата лажичка и му полнам па сам се рани, ја брка во чинијата, лови овошки со неа итн. Многу полесно ми е вака зошто се чудев каков реквизит да му дадам веќе во раце. Интересот му траеше една минута и секој предмет завршуваше на земја. Го кажувам ова чисто како идеја за тие што имате сличен “проблем”. Е сега друг муабет, не знам зошто не се префрлам во ‘Дете’ и уште си висам тука. Изгледа не сакам да прифатам дека ми порасна бебето. Моментално барам идеи за колачиња за проодување. Почна да си оди низ цел стан, стигнува од трпезарија во дневна и обратно, ептен долга дестинација изодува. Изгледа треба да го рачунаме за прооден веќе, па да си го направиме адетот.
Среќен да му е роденденот на баткото поголем 3-4 дена, голем да расте и да ја секира мама дека е бесен, а тој всушност да си остане топ со постапки соодветни за возраста
Мајки да ве прашам, сигурно некој има искуство. На блиска свадба сме во скоро, па ме интересира како поминавте во ресторанот? Само вечерна ќе бидеме, а дома си заспива накај 8ипол. Моето сака народ, гужва и музика. Прв пат одам со малото на било каква прослава што е покасно, па секој совет и мислење е добредојдено.
Здраво девојки, малечката нешто многу в уста не и текнува да носи работи. Освен ако иницирам јас, да и ја носам раката кон устата со нешто за јадење или глодалка тогаш ќе носи кон устата а така без да и иницирам јас не. А рачињата ги пика в уста, 6+++ е. Кога ја ранам и давам лажичката таа ќе ја земе да ја гледа и ќе тропа со неа. Читам дека сите носат кон устата играчки, се што ќе дофатат, мојата не така ептен ретко и нешто што е ново ќе го однесе кон устата. Дали е некој проблем?
Мислам дека треба да бидеш многу среќна што е така. Моето буквално лази и стои и лижи се што е пред него. Го лижи ламинатот
За тоа и мојата така прави кога е на меше лиже на подлогата. Рацете ги јади, моите ги зема ги носи в уста. Ама играчки ретко, ептен нешто ако е ново или ако и дојде само, се плашам да не е некој проблем
Добро утро мамасити. Дојдовме малку мк. Кога пристигнавме, синко спиеше. Се разбуди по полноќ и беше шокиран кај е и почна да плаче, се смири брзо кога ја виде мајче му Па се заигра не сакаше да спие. Еден саат беше буден и заспа до сабајле. Од роденденот наваму беше почнал да си врзува и помалку да се буди. Ама сношти беше ужас, пак како изминатиов месец и пол пред роденденот. Препишувам цело време на заби, ама дали е тоа не знам. 4 запчиња, еден по еден излегоа во рок од две недели, и се спремаат уште два горе. Како зомби сум. Едвај чекам мајка да остане на одмор да се одморам малку. Ќе бидеме цел месец овде, да си се видам со моите луѓе и да наполнам батерии. Планираме и одмор, како ќе биде со синко или ќе земаме баба и дедо со нас, ќе видиме. Па здравје после тоа работа да се бара. Доста беше дома седење, почна психата да ми попушта. Не сум човек дома што седи, ама од кога станав мама тоа се случи. Излегувам со синко, шетам ама ми фали муабет со пријатели и време за мене, кое го немам ( или сама бирам да го немам ) А сега одам да се напијам едно кафе. Повелете!
Здрави и весели да се сите дечиња, големи да ни растат, а и ние со нив да славиме со бастунчиња и бели коси
Јас го виведов со палента и крушка. И се уште го комбинирам многу пати така, плус јајце додавам сега. Знам да го направам и со ориз и грчки јогурт. Можеш подоцна и во мафини да го ставаш.